fbpx

„Тешкаш“ ќе ги одглавува преговорите за името ако дојдат во критична фаза?

-

Од македонската страна кажаа дека преговарачите Адамантиос Василакис и Васко Наумовски веќе нема да бидат вклучени во разговорите во спорот околу името, туку дека на нивно место со медијаторот Метју Нимиц ќе бидат шефовите на дипломатиите на двете земји Никос Коѕијас и Никола Димитров, но сега извори од владата велат дека „се размислува, постои можност, евентуално, ако има потреба“ да се вклучи и некој, како што го нарекуваат „тешкаш“, за да го олесни процесот на самиот крај.

Сепак, изворите велат дека неговото ангажирање би било „само ако приближувањето на ставовите дојде до критична точка“, ако процесот „заглави“ заради некаков детал кој ќе треба да се надмине по секоја цена, за да се постигне конечен договор.

Изворите велат дека двете страни не разговараат за можни имиња на странски политичари или дипломати, но дека, како што тече процесот, има се повеќе личности „со имиња и презимиња“ и институции кои самоиницијативно се нудат „да помогнат да го заокружат процесот“.

Од осамостојувањето кризните моменти во и околу Македонија ги олеснуваа серија истакнати личности од типот на Лоренс Иглбергер (познат и како „Лоренс од Македонија“), Ричард Холбрук, Сајрус Венс, Лордот Карингтон, Џорџ Робертсон, Роберт Бадинтер и Ханс Ван дер Штул.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...