fbpx

Тереза Меј постигна договор со партијата од Северна Ирска за поддршка на владата

-

Британската премиерка Тереза Меј денеска постигнала договор со Демократската унионистичка партија на Северна Ирска за поддршка на партијата на нејзината малцинска влада пред гласањето за важните закони во британскиот парламент.

Портпаролот на Дауининг стрит потврдил дека договорот меѓу конзервативците и унионистите е потпишан, јавуваат британските медиуми.

Конзервативците на Тереза Меј го изгубија апсолутното мнозинство во Долниот дом на британскиот парламент на предвремените парламентарни избори што се одржаа на 8 јуни и за да останат на власт им е потребна поддршката на партијата од Северна Ирска, која има 10 пратеници.

Конзервативците и Демократската унионистичка партија заедно имаат 327 пратеници, а за мнозинство во британскиот парламент се потребни 326 од вкупно 650 пратенички места.

Договорот меѓу двете партии предизвика остри реакции во Лондон, бидејќи Демократската унионистичка партија е десничарска партија која, меѓу другото, е против абортусот и истополовите бракови, а некои од нејзините членови ги негираат климатските промени и употребуваат сексистичка реторика.

Поранешниот премиер на Република Ирска, Енда Кени, предупредил дека кревкиот мир во Северна Ирска може да биде доведен во прашање со договорот меѓу конзервативците и демократската унионистичка партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...