fbpx

Тенка снежна покривка го покри Охрид

-

Вчера во Охрид заврна првиот снег за оваа зима. Тенка снежна покривка го покри туристичкиот центар кој очекува зголемен број туристи за време на празниците.

Температурата утрово во 7 часот се движеше околу нула Целзиусови степени, а провејуваше и слаб снег комбиниран со северен ветар.

Во текот на ноќта температурата во градот и во околината се спушти до 4 Целзиусова степени.

За разлика од градот, сите околни планини, особено Галичица, како и Јабланица во Струшко, се под дебела снежна покривка.

Според информациите на УХМР, најмногу снег, 10 сантиметри, има во Маврово, Крушево и во Берово.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево и обратно, информира Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...