fbpx

„Тенк“: Груевски и Јанкулоски не ги признаваат „бомбите“, вештачењата и надлежноста на СЈО

-

Адвокатите на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на денешното рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, побараа од судот веќе објавените прислушувани разговори за случајот „Тенк“, да не бидат доказ во судскиот процес.

На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, покрај Груевски, беа присутни и другите двајца обвинети – екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски.

Адвокатот Димитар Дангов рече дека четири од вкупно осум од незаконски прислушувани снимки се објавени на видео-сервисот „Јутјуб“ и како такви „се контаминирани“ поради што не смеат да се изведуваат како доказ.

Одбраната на обвинетите во текот денешната расправа ја оспори и надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за овој случај.

Обвинителите на СЈО, Ленче Ристоска и Стевчо Донев се повика на одлуката на Апелацискиот суд Скопје, според која, „бомбите“ можат да се корист како доказ во овој случај, а ги повикаа обвинетите и нивните адвокати ако сакаат уште денеска да дојдат во СЈО и да ги слушнат разговорите.

Адвокатите на Груевски и Јанкулоска ги оспорија и двете вештачења за набавката на „мерцедесот“, што биле направени по барање на СЈО.

Според одбраната, на едниот вештак му била истечена лиценцата, додека другото го правел вештакот Тале Герамитчиоски, кој, како што рекоа, бил поранешен пратеник и министер од СДСМ.

На ова реагираше и обвинетитата Јанкулоска, која му се обрати на судот.

– Постои објективна оправданост и сомнеж во објективноста на вештачењата во однос на политичката кариера на вештакот Тале Герамичиоски и управителот на компанијата која била ангажирана, бидејќи токму во тој период исполнувале високи политички функции како избрани или именувани лица на предлог на СДСМ, а и јас исто така во тој период извршував високи функции во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа барам од судот да го земе предвид овој објективен сомнеж бидејќи нивниот политички ангажман го загрозува моето право на правично судење – рече Јанкулоска.

Обвинителите на СЈО одговорија дека на вештакот му била продолжена лиценцата и за тоа приложија доказ, додека за партиската определба на Герамитчиоски рекоа дека не сакаат да коментираат оти тоа била негова лична определба.

По ова судијката Добрила Кацарска даде пауза од еден час, во која судот треба да одлучи по предлозите на одбраната.

Во случајот „Тенк“ , за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра, Јанкулоска и Поповски се товарат за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, додека поранешниот премиер е обвинет „за примање награда за противзаконито влијание“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...