Тендерот за субвенционирање на нискобуџетните авиокомпании ќе биде распишан до крајот на месецот, информираше денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Тој додаде дека субвенционирањето продолжува и оти заложбата е што повеќе летови да бидат насочени кон Охридскиот аеродром.
– Ќе може да се пријават сите компании кои се заинтересирани, што значи дека продолжуваме со субвенцирање на нискобуџетските компании со насочување кон Охридскиот аеродром – истакна Сугарески.
Во врска со критериумите во тендерот очекува да бидат направени подобрувања на моделот за субвенционирање.
Овој месец истекува договорот за субвенционирање потпишан со нискобуџетската авиокомпанија „Виз ер“.