fbpx

Телото за помирување денеска ќе одржи состанок, ќе го разгледа законот за амнестија

-

Интерпартиската парламентарна група за помирување, интеграција и реформи денеска ќе го одржи третиот состанок на кој се очекува да биде разгледан Предлог законот за амнестија што го изготви Подгрупата за помирување.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи Подгрупата за помирување, по минатонеделниот состанок изјави дека е постигнат консензус за законот и со него нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.

-Секое лице опфатено со процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија од понатамошната постапка. На овој начин сметаме дека процесот што треба да даде одговор за сето она што се случи на 27 април ќе продолжи и од таа страна ќе имаме правна завршница, правдата ќе си го најде местото, но секако и дел од лицата кои беа вклучени во настаните од 27 април ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството односно на одредени поделби кои излегоа после овој настан – посочи Рамчиловиќ.

Појасни дека во текстот јасно е дефинирано кои лица ќе бидат опфатени со процесот по завршување на доказната постапка. Најдени се правни формулации врз основа на постоечкото обвинение и врз основа на друг член „здружување заради непријателска дејност“ може да го продолжи процесот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...