fbpx

Телата на мажот и на жената биле најдени без облека и во фаза на распаѓање

-

Еден до друг, без облека, легнати на кревет и во фаза на распаѓање. Вака биле најдени телата на 33-годишниот маж и на 27-годишната девојка во мотел, во индустрискиот дел на Битола, информира полицијата.

Во исчекување на официјалните информации од обдукцијата, во јавноста веќе се шират шпекулации дека починатите, инаку Роми од битолската населба Баир, биле во љубовна врска, а за евентуалните причини за смртта, се шпекулира дека, покрај убиство и самоубиство, можно е да станува збор и за предозирање со дрога.

Обвинителката од Битола, Павлина Јанкуловска, вели дека се собираат докази, шпекулациите се ставени настрана, а обдукцијата ќе го даде официјалниот извештај, како и кога настапила смртта.

Вчера 33-годишниот И.К. и 27-годишната девојка Ѓ.И. од Битола беа најдени мртви во мотелот „Пржо“, лоциран на излезот од градот на патот за РЕК Битола. Тие ја изнајмиле собата на 24 октомври, а откако персоналот во мотелот некоку дена не ги забележал да излегуваат и да влегуваат, решиле тие да влезат во собата по што ги откриле двете безживотни тела.

А.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...