fbpx

Течат десетте дена во кои Иванов треба да го додели мандатот за премиер

-

Од денеска тече рокот од десет дена во кој претседателот на државата, Ѓорге Иванов, треба да му го додели мандатот за формирање влада на „кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“, по предвремените парламентари избори одржани на 11 декември.

Рокот што го има Иванов да го додели мандатот за формирање влада истекува на 9 јануари, понеделник, веднаш по божиќните празници.

Денеска беше конституирано новото Собрание, по изборите одржани пред три недели, при што беа верифицирани мандатите на сите 120 избрани пратеници, со што се исполни условот да почне да тече рокот за формирање влада.

Според член 90 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието (денеска, 30 декември) мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието:

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

На предвремените парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, СДСМ – 49 мандати, ДУИ – 10, движењето Беса – 5, Алијанса на Албанците – 3 и ДПА има 2 мандати.

Од ВМРО-ДПМНЕ по изборите на 11 декември соопштија дека тие како победници на изборите остануваат „посветени на идните чекори околу формирање нова влада“, за чие составување мандатот му припаѓа на лидерот на партијата, Никола Груевски. Од друга страна, лидерот на СДСМ повеќепати изјави дека на изборите победил концептот на СДСМ, за демократски промени во државата и дека Македонија „ќе добие влада што ќе работи во интерес на сите граѓани во државата“, притоа отворено алудирајќи дека тој ќе биде новиот премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...