fbpx

Таткото на Ева: Пред мене од ФЗОМ зборуваа со лекарот во Германија

-

Моето дете ништо не може да го врати. Јас собрав од донации 200.000 евра, но сега сè е залудно. Велам дека не е точно тоа што се кажува за обидот да ја лекуваме Ева во Германија, за „Независен“ вели Благојче Крстаноски, татко на 11-годишната Ева, која почина пред да замине во странство.

– Не е важно дали државата ќе потроши 100.000 евра помалку или повеќе ако спаси еден детски живот. Ние не сме единствен случај, има доста и ќе има. Јас се молам да бидат што помалку. Зборувам јавно зошто не сакам ова да се повтори и на друго дете – вели Крстаноски  за „Независен“, одговарајќи на сочувството што вчера јавно, од прес-конференцијата во Владата му го изразија Ден Дончев, директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) и министерот за здравство Венко Филипче.

Крстаноски ги демантира тврдењата на Дончев дека немало понуда од германска клиника и тврди дека и тој лично, и претставници на ФЗОМ пред него комуницирале со лекарот што требало да ја прими Ева во болницата „Гисен“ во Германија, а доставил и уште една профактура од болница во Диселдорф. Од „Гисен“, каде што Крстаноски сакаа да ја лекуваат Ева, во имејл-комуникација одредиле приближна сума за лекувањето. Не издале профактура оти целата сума немало да ја плати ФЗОМ, туку требало да се вклучи и семејството со парите собрани од донации. Фондот инсистирал да добие профактура за да ги испочитува законските прописи.

Крстаноски објаснува и зошто одбивале да ја пратат Ева во Турција и мобилизирале роднини и пријатели од цел свет да се соберат донации.

– Уште пред да биде донесена одлуката на Фондот, разбрав дека секако ќе ја изберат Турција. Разбрав дека имале некој договор со турски клиники и затоа таму цената била пониска. Им реков да не нè праќаат таму, оти сите протоколи за лекување малигни болести се од Германија. Ниту еден протокол не е од Турција. Реков: Ако не одиме во Германија, ќе одиме во Италија“. Но никако во Турција. Три деца што јас ги знам претходно ги испратија во Турција не се вратија назад. Како да го пратам моето дете таму? – вели таткото на Ева за „Независен весник“.

Откако беше објавена статијата, реагираа од ФЗОМ, велејќи дека понуди за лекување на Ева побарале од 22 странски болници, меѓу кои и болницата Гисен, но поради итноста на случајот, комисијата донела одлука за 48 часа. Од Фондот велат и дека понудата што ја објави „Независен“ не им била презентирана, а за мејлот велат дека бил само информативен, а не понуда што може да се разгледува.

Исто така, во последните 12 месеци, имало неповолни исходи од лекување не само во турски болници, туку и во болници во Италија и Германија, нагласуваат од ФЗОМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...