Кандидатот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, според првичните резултати од ДИК, го победи неговиот противкандидат од ДУИ, Невзат Бејта, и стана нов градоначалник на општина Гостивар.
Тој ги критикуваше премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека се мешале во изборите и изјави дека очекува во Владата на неговото место во Mинистерството за здравство да седне некој од Алијансата за Албанците.
– Оливер Спасовски се јавуваше на луѓе што пиеле кафе со мене и со Селa да ги прашува како можеле да пијат кафе со нас. Државата се мешаше во избори. Министерот и премиерот Зоран Заев беа активни во кампањата на ДУИ. Јас се надевам дека ова веќе нема да се повтори во Македонја – рече Таравари, кој му порача на Заев дека ако „толку многу си го сака Бејта, да си го земе во Муртино“.
Членови и симпатизери на Алијансата за Албанците во Гостивар се собраа и слават на градскиот плоштад.
Бејта на прес-конференција му ја честиташе победата на својот политички противник Таравари и им се заблагодари на тие што гласале за него.