fbpx

Таравари: Сите јавни здравствени установи се во долгови

-

Сите јавни здравствени установи, без исклучок, се во долгови и треба да се направи анализа и да се види чија е одговорноста, изјави денеска министерот за здравство, Арбен Таравари.

– Одговорноста не е само на еден директор, туку на сите директори. Се надевам дека новите директори нема да направат такви грешки и редовно ќе ги плаќаат долговите што ги имаат клиниките – рече Таравари, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за поставувањето 25 табли на македонски, албански и на англиски јазик пред јавните здравствени установи во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“ ќе добие 25 нови табли кои ќе служат како показатели за клиниките за граѓаните полесно да се снаоѓаат во кругот на комплексот клиники, информираше министерот за здравство, Арбен Таравари, кој нагласи дека показателите ќе бидат на три јазици, македонски, албански и англиски.

– Поставување на табелите на албански јазик е голем чекор за пациентите, односно населението од албанска припадност, а исто така и за пациентите кои доаѓаат од Косово и од Албанија. 30 отсто од пациентите се Албанци и ним ќе им биде полесно да се снаоѓаат во кругот на клиничкиот центар – велат од Министерството за здравство.

Покрај таблите за означување, министерот Таравари заедно со општите служби побарал да се постават нови канти за отпадоци, како и осветлување низ целиот клинички центар. Целиот проект ќе чини околу 500.000 денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...