fbpx

Таравари подготвува нови смени на директори и извод за роденчињата уште во болница

-

Хигиената во болниците останува главен проблем и во следните пет-шест месеци еден од моите главни фокуси ќе биде хигиената во сите болници, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, по денешното чистење на слободниот простор меѓу клиниките во скопскиот Клинички центар. Тој истовремено најави дека наскоро ќе бидат обелоденети и наодите на инспекциите во некои болници, а тогаш ќе има и казни.

– Ќе има казни за менаџери, за вработени, но тоа ќе биде како што ќе каже инспекторатот. Лошо е во Клиниката за гинекологија, а ни во штипската болница не е подобро, најдени се некои работи што не треба да ги има во болница – рече Таравари.

Тој додаде дека постои можност наскоро да се ангажира приватна фирма за чистење на болниците, за да се сузбијат интрахоспиталните инфекции.

-Веќе размислуваме за решенија и како да го поправиме тоа. Можеби ќе ангажираме надворешни фирми, прво експериментално во две болници. Во клиниката во Гостивар и на Клиниката за гинекологија ќе почне една фирма што бесплатно ќе работи и според тоа како ќе бидат задоволни пациентите и лекарите и дали интрахоспитални инфекции ќе бидат намалени, ќе одлучиме дали тоа ќе го спроведеме на уште неколку клиники каде можеме финансиски – изјави Таравари.

Министерот во однос на ревизиите на досегашното работење и именувањата на нови директори на здравствените установи и клиниките рече дека ќе има смени и оваа и следните недели.

– Засега е направена ревизија само на Министерството за здравство, а ќе направиме ревизии на клиниките кога ќе именуваме нови директори. Именувања ќе правиме и оваа недела, но полека, не брзаме, 70-80 отсто од клиниките во наредните недели ќе имаат нови директори – рече Таравари.

Тој најави дека наскоро ќе се промовира измена во системот „Мој термин“, односно новороденчињата ќе бидат заведени во матичната книга на родени уште истиот ден по раѓањето и веднаш ќе добијат извод, како и календар на вакцини со препораки за мајката за следните неколку месеци.

– Се работи за една новост, кога ќе се роди детето, да не се оди никаде туку во болница да се дава извод од матичната книга на родени и препораки за мајките за следните неколку месеци… – рече министерот, најавувајќи повеќе детали за следната недела.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....