fbpx

„Танјуг“ ги заложи уметничките дела за да го одложи плаќањето данок

-

Новинската агенција „Танјуг“ заложи 205 уметнички дела од вкупна вредност од 7.069.166 динари, за Секретаријатот за јавни приходи на Белград да го одложи плаќањето на данок од 5.704.093 динари на рати во траење од пет години.

Ова вчера го објави Центарот за истражувачко новинарство на Србија (ЦИНС), а пренесе “Истиномер.ср“, наведувајќи дека Агенцијата за економски регистри усвоила решение за заложно право над уметничките дела на „Танјуг“ на 5 мај минатата година.

Право на делата има Град Белград, што значи дека во случај „Танјуг“ да не го исплати долгот во предвидениот рок, Градот ќе може да го наплати со продажба на уметничките дела. „Танјуг“ во тој период не смее да ги оштети, уништи или продаде овие предмети.

„Танјуг“ на 13 март поднел барање да му се одложи плаќањето на данок, наведувајќи дека долгот е повеќе од пет отсто од вкупниот годишен приход за претходната година и дека принудната наплата на целиот износ би нанела „голема економска штета“.

Според документите до кои дошол ЦИНС, наведено е дека долгот се однесува на данок на имот и надомест за користење на градежно земјиште, меѓутоа не е прецизирано за кој имот се работи.

Според податоците на Катастарот, „Танјуг“ има право на користење 122.908 квадрати државно земјиште во општините Чукарица и Земун. Седиштето на „Танјуг“ е во државна зграда во центарот на Белград, која е еден од 155 споменици на културата во Србија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...