fbpx

Талески се појави во јавност и призна дека од дома ја водел Општината

-

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, денеска првпат по излегувањето од тримесечниот куќен притвор се појави на јавен настан. На улицата Широка на битолски Баир, Талески присуствуваше на инфраструктурен проект и се поздрави со дел од новинарите, а другите ги заобиколи. Тој призна дека од дома ја водел Општината и дека немало никаков застој во реализацијата на проектите, туку напротов бил во постојан контакт и со фирмите изведувачи на прокетите.

– Многу луѓе тука си правеа полемики, па дури ги предизвикаа од СЈО да дојдат уште еднаш и да проверат што работиме, иако и тие го имаа истото решение. Значи, ви тврдам дека апсолутно во изминатите три месеци немаше никаков застој во делот на проектите и на реализација на програмата изгласана од Советот на Општината. Целата администрација будно, 24 часа, беше во контакт со мене, јас комуницирав со нив. Се разбира, комуницирав и со голем дел од изведувачите – изјави Талески.

Градоначалникот најави дека ќе продолжи со сите проекти што ги зацртал за реализација.

Талески помина три месеци во притвор како првоосомничен во случајот „Транспортер“. На 20 септември Апелацискиот суд му ја укина мерката притвор и тој има обврска двапати во неделата да се јавува во Основниот суд во Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...