fbpx

Талески нема да се жали на ослободителната пресуда за новинарката Блажевска

-

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески, нема да се жали на пресудата на Основиот суд Скопје, со која тој го изгуби спорот против новинарката Анета Блажевска од Битола.

Талески ја тужеше Блажевска за текстот „Колку е богат  Владимир Талески“ објавен во „Утрински весник“ во ноември 2013 година. Тужбата на Талески против новинарката, судот ја отфрли како неоснована, а таа стана правосилна откако градоначалникот не поднесе жалба.

Судот, повикувајќи се на одредбите од Европската конвенција за човекови прави и слободи и земајќи ја предвид практиката на Европскиот суд за човекови права, на градоначалникот Талески му препорачува како носител на јавна функција да биде подготвен да трпи поголема толеранција во критиките.

Во пресудата стои дека „впрочем, тоа што тужителот смета дека тужените новинари presudaтенденциозно известувале за одредени настани поврзани со неговото работење е негово субјективно мислење и судот може да разбере дека навистина таквите написи тој ги чувствува како личен атак на него и на неговата личност, но тоа не значи дека има одговорност за навреда и за клевета кај тужените, туку, напротив, како носител на висока јавна функција, тужителот е изложен на увид на јавноста, како и неговото работење“.

Што се однесува до напишаниот текст од новинарката Блажевска, судот во пресудата заклучил дека таа известувала за прашања од јавен интерес поврзани со работата на локалната самоуправа и дека не постои одговорност ниту за навреда, ниту за клевета.

За Филип Медарски, адвокат на новинарката, судот има донесено правилна одлука.

– Оваа одлука е правилна затоа што е темелена на стандардите на Европската унија. Добро е што нашите судови ги земаат предвид овие стандарди и што е видливо нивното применување – изјави Медарски за „Мета“.

Не успеавме да добиеме коментар од градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, и покрај нашето инсистирање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...