fbpx

Талески: Чист сум со тапија

-

Новогодишните бисери на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, се едни од најраскажуваните теми деновиве, особено неговата изјава за имотната состојба, во врска со која тој тврди дека е „чист со тапија“.

– Значи, јас сум со тапија чист и мојата работа е чиста, тоа ќе се покаже сега и со следниве кривични пријави – рече Талески во новогодишно интервју за ТВ „Тера“.

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, пред Нова година испратила обвинители од својот тим лично да ја истржуваат „бомбата“ поврзана со бесплатниот школски превоз во општина Битола.

Според извори на „Мета“, обвинителите на Јанева од неколку училишта во Битола побарале документи, списоци и фактури за тоа колку ученици користеле бесплатен школски превоз во учебните 2009-2010 и 2010-2011 година.

Наводно, она што ги интересирало обвинителите биле податоците за бројот на ученици, за релациите, за километражата и за цените на услугите.

Како што потврди Драган Стојановиќ, директор на средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“, неколку од обвинителите на Специјалното јавно обвинителство го посетиле училиштето и собирале докази за бесплатниот школски превоз.

Во еден од прислушуваните разговори, министерот за финансии, Зоран Ставрески, вели дека договорот за бесплатниот школски превоз во Битола, кој е потпишан од градоначалникот Владимир Телески, е „коруптивен до даска“.

По објавувањето на овој разговор, пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, поднесе кривична пријава, а Основното јавно обвинителство Битола отвори предмет, што неодамна го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Ковачевски пред да ја поднесе кривичната пријава, рече дека во аудиоснимките станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени биле дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени.

Битолчани не останаа рамнодушни на бисерите на Талески, па кога тој сакаше да ги поздрави на дочекот на Новата година на плоштадот Магнолија, многумина го пречекаа со извици и со свирежи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...