fbpx

Таксист од Кочани се спасил од поплавите во Северна Грција

-

Две лица загинаа во поплавите и во невремето што ја зафатија Северна Грција. Како што соопшти грчката полиција, едниот од загинатите е грчки државјанин кој патувал од Македонија кон Грција, а втората жртва на невремето е 50-годишен маж, чие тело било најдено во надојдена река во населбата Неа Филаделфија во Солун.
Телото на загинатиот кој патувал од Македонија кон Грција било најдено утринава во канал во областа на селото Аспро, во близина на Кукуш и на Поликастро.

Загинатиот доаѓал од Македонија во Грција со такси со македонски регистарски таблички. Според информациите во грчките медиуми, возилото вчера паднало во поплавен канал за надводнување во обидот на таксистот да помине преку патот низ селото. Таксистот, 42-годишен македонски државјанин од Кочани, кога се случила несреќата, успеал да го напушти возилото и да се спаси, меѓутоа неговиот грчки патник не успеал да се извлече. Таксистот веднаш побарал помош и ја алармирал полицијата за да се почне истрага за неговиот патник. Истрагата траела цела ноќ, но телото било најдено дури изутринава.

Како што дознаваме во моментов, возачот кој управувал со таксито е во полицијатa во Поликастро и се очекува да даде изјава за несреќниот случај пред полициските органи во Грција. Таксистот е во добра здравствена состојба, а со него има и адвокат, кој ќе му помогне при преводот за изјавата. Во Поликастро се очекува да пристигне и претставник на такси-компанијата од Кочани.

М.П.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...