fbpx

„Тајмс“ ја прогласи Ангела Меркел за личност на годината

-

Британскиот весник „Тајмс“ ја прогласи германската канцеларка Ангела Меркел за личност на годината.

Во образложението на својата одлука, весникот ја истакнува централната улога на Меркел во зачувувањето на стабилноста во Европа.

Според оценките на „Тајмс“, германската канцеларка е најзаслужна што не дојде до поголеми геополитички нарушувања по руската агресија во Источна Европа.

Германската канцеларка, која во 2016 година треба да одлучи дали на наредните избори ќе се обиде да го добие и четвртиот мандат, е избрана за личност на годината, пред сè, заради тоа што ја презеде контролата врз тешките преговори со претседателот на Русија, Владимир Путин, по анексијата на Крим.

Меркел успеа да се наметне како важен фактор во година кога односите меѓу Истокот и Западот дојдоа до точка на пукање, во најопасната геополитичка криза по Студената војна, наведува „Тајмс“.

„Германската канцеларка е жена која ни е потребна во светот полн со опасни мажи“, стои во образложението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...