fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев – Радев: Македонија и Бугарија делат иста визија за регионот

„Република Македонија и Република Бугарија делат иста визија за регионот, интеграција во европските и во евроатлантските структури и среќен сум што постои свесност и одговорност од двете страни за постигнување напредок“, истакнал премиерот на Македонија, Зоран Заев, на средбата со бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија. Заев, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата ја нагласил цврстата определба на Македонија, низ...

Борисов кажа сè, само „македонски јазик“ не

Запрашан на денешната прес-конференција со неговиот македонски колега Зоран Заев на каков јазик ќе се потпише договорот за добрососедство, бугарскиот премиер Бојко Борисов даде одговор дека тој мора да биде составен „на јазикот што е наведен во Уставот“ на Македонија. - Детали што, всушност, се важни, но не за денес, туку за евентуално следното поколение. Истовремено, ние како држава први...

Заев од Софија: Договорот за добрососедство ќе го потпишеме на Илинден во Македонија

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, и неговиот домаќин, бугарскиот премиер Бојко Борисов, денеска во Софија разговарале за приближувањето на ставовите на двете земји околу договорот за добрососедство, кој како што изјавил Заев по средбата, ќе биде потпишан на 2 август, односно на празникот Илинден, кој заеднички ќе биде чествуван во Македонија, пренесува бугарската агенција БГНЕС. - Разговаравме за приближувањето на...

Заев ги почна средбите во Софија, прво со Борисов, а потоа со Радев

Денеска и утре, премиерот Зоран Заев, заедно со владина делегација, е во дводневна работна посета на Бугарија, каде што ќе има средби на највисоко владино и државно ниво. Заев прво ќе се сретне со претседателот на владата на Бугарија, Бојко Борисов. Потоа, премиерот и владината делегација на Македонија во Бугарија ќе имаат средба со претседателот на Бугарија, како и работна...

Владина делегација на чело со Заев утре и задутре во посета на Бугарија

Утре и задутре владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во која ќе бидат и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ќе престојува во официјална работна посета на Република Бугарија. Заев утре изутрина ќе се сретне со претседателот на владата на...

Заев ја поканил ДПА да се вклучи во процесот на реформите

На денешната средба што премиерот Зоран Заев ја имал со претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, тој упатил покана партијата да се вклучи во процесот на реформи што ѝ претстојат на Македонија, информираше Владата на Република Македонија. „Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се согласија дека сè што е интерес на граѓаните на Република...

Заев ја информирал амбасадорката Лисјен за проблемите со изградбата на автопатиштата

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со кинеската амбасадорка во земјава, Лин Лисјен, и ја информирал за проблемите во изградбата на двата автопатишта Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид, во чијашто изградба учествува Кина. Тој изјавил дека повеќемесечниот застој на изградбата на автопатиштата е предизвикан од грешки во проектирањето, ненавремено решавање на имотно-правни односи на автопатот кон Штип и од...

Заев со Чавушоглу: Реформската влада ги отвора евроатлантските перспективи

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и од пратеникот Мухамед Зекири, попладнево се сретна со Мевљут Чавушоглу, министер за надворешни работи на Република Турција, придружуван од пратениците Хусејин Бурге и Шабан Дишли, како и од амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, соопшти Владата на Република Македонија. Според соопштението, на средбата соговорниците изразиле заедничка определеност...

Заев и Груевски изразија сочувство за смртта на Хелмут Кол

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство за смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол до канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, и до граѓаните на Германија. „Граѓаните на Сојузна Република Германија загубија голем човек и политичар, кој го препозна обединувањето како вредност и пат што води напред и успеа да ја обедини Германија...

ЗНМ и ССНМ му предложиле решенија за медиумски реформи на премиерот Заев

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) денеска се сретнале со премиерот Зоран Заев, при што се разговарало за итните медиумски реформи. Заев изразил подготвеност за спроведување на сите реформи неопходни за да се обезбеди слобода на информирањето. Претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис, и претседателот на ЗНМ, Насер...

Река му врачил на Заев писмо со честитка од Рама

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река, со кого разговарал за евроатлантската иднина на регионот и за добрососедските односи. - Министрите во новата влада на Македонија работат заеднички и мотивирано на евроатлантските интеграции на Република Македонија и на обезбедувањето квалитетен живот за сите граѓани. Како влада, насочени сме силно кон изградба на...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев предлага заменик-министерка со романтичарски идеи за големи држави

Предлогот на Зоран Заев, госпоѓата Арта Точи да биде избрана за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, е скандалозен и ризичен за државата, оти предложената е лице кое тешко се помирува со реалноста и со постоењето на граници на Балканот, односно лице кое има романтичарски идеи и мечтае за големи држави, порача на прес-конференција денеска Владимир Нелоски, член на извршниот...

Руското МНР иронично му забележа на Столтенберг за изјавата по средбата со Заев

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на денешниот брифинг за новинарите иронично ја искоментира изјавата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со македонскиот премиер Зоран Заев, во понеделникот оваа недела во Брисел. Захарова се осврна на изјавата на Столтенберг, во која тој рече дека секое мешање однадвор во внатрешните политички процеси на некоја земја...

Заев и амбасадорот Орјан договорија продлабочување на односите меѓу Македонија и Израел

Премиерот Зоран Заев утрово се сретна со израелскиот амбасадор Дан Орјан, кој му врачи честитка од име на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за неговиот избор за претседател на Владата на Република Македонија. Како што соопштија од кабинетот на премиерот, на средбата била изразена поддршка за промените во Македонија, а израелскиот амбасадор најавил интерес на израелски компании за инвестирање во Македонија,...

Спасовски уште се консултира, новите шефови на УБК и на БЈБ ќе бидат познати утре или задутре

Премиерот Зоран Заев денеска изјави оти очекува дека в четврток или петок Владата ќе ги разреши старите и ќе ги избере новите директори на Управата за безбедност и за контраразузнавање (УБК) и на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Како што рече Заев, сè уште траеле консултациите на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со кандидатите за директори на најважните организации...

Меј до Заев: Новата Влада отвора пат за напредок на Република Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет, на која британскиот амбасадор ја поздравил определбата на новата Влада кон реформските процеси, како и конструктивните и инклузивни политики. Гарет, во име на британската премиерка Тереза Меј му врачи и честитка на премиерот Заев, за неговото стапување на должност претседател на Владата на Република Македонија, со...

Потребно е економско зајакнување на жените, порача Заев

„Владата ќе работи на подигнување на свеста дека и жените и мажите се еднакво одговорни за домашните активности и за грижата за децата. Поделбата на оваа таканаречена неплатена работа е првиот чекор кон воспоставувањето родова еднаквост“, истакна премиерот Зоран Заев на обраќањето на конференцијата посветена на родовата еднаквост, организирана од Програмата за развој на ОН (УНДП), телото на Обединетите нации...

Заев го достави списокот на заменици министри, меѓу нив и Макрадули

Премиерот Зоран Заев во 1 часот по полноќ го доставил списокот на заменици министри до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Пратениците денеска на петтата пленарна седница ќе треба да ги именуваат предложените заменици министри. Според предложениот список, техничкиот министер за внатрешни работи, Агим Нихиу, останува во МВР, техничкиот министер за финансии, Кире Наумов, ќе замине во министерството за економија, но како...

Заев и Шчербак разговараа за можностите за соработка со Русија на демократска основа

Премиерот Зоран Заев попладнево со рускиот амбасадор Олег Шчербак разговараше за приоритетите на новата Влада, како и за можностите за соработка со Русија на демократска основа и во областите значајни за граѓаните за двете земји. - Приоритет за Република Македонија е членство во Европската Унија и во НАТО. За таа цел насочени сме кон брз и квалитетен реформски процес -...

Димитров и Коѕиас утре нема да разговараат за името, туку ќе се запознаваат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, утре нема да разговараат за спорот за името, туку за продлабочување и за интензивирање на односите со јужниот сосед, изјави премиерот Зоран Заев. Тој рече дека првичните разговори меѓу него и грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на грчката дипломатија, Коѕиас, даваат оптимизам за градење пријателски односи со...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...