fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Саша Богдановиќ е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар

Саша Богдановиќ, директорот на Јавното претпријатие „Паркинзи - Општина Центар“, ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар, потврди лидерот на партијата и премиер, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорот со лидерите на 21 партија за предизборна коалиција. Заев ја потврди кандидатурата на Богдановиќ откако актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, се повлече од...

Европскиот стандард ќе го достигнеме за 30 години ако БДП има пораст од 4 процнети

Македонските граѓани ќе го достигнат европскиот стандард на живот за 30 години доколку во наредните години домашниот бруто-производ (БДП) има пораст од 4 проценти, а порастот на БДП во ЕУ е 2 проценти. Ова го покажува најновата студија на Владимир Глигоров од Виенскиот институт, која денеска беше презентирана во „Холидеј ин“. На презентацијата, меѓу другите, присуствуваа премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања,...

Заев вети државна помош за компаниите што остваруваат добри резултати

Премиерот Зоран Заев на денешната средба со бизнисмените од македонско-германското стопанско здружение најави нови мерки од страна на Владата за поддршка на странските компании. Тој рече дека компаниите ќе бидат поддржани доколку остварат одреден економски пораст на крајот на годината и дека поддршката ќе зависи од ефикасноста во нивното работење. Заев посочи дека оваа поддршка компаниите можат да ја искористат...

Заев: Можевме во МРТ да ја смениме целата гарнитура, но ќе ги почекаме реформите

„Можевме во МРТ политички да ја промениме целата гарнитура, како што бил трендот и претходно, но во време кога зборуваме за реформи, меѓу кои едни од најзначајните се медиумските реформи, тоа треба да се случи со реформите. Заев не треба да поставува директор таму или, пак, СДСМ, ниту пак уредници“, рече премиерот Зоран Заев синоќа во емисијата „Отворено“ на...

Жерновски влегува во централната власт, СДСМ ќе има свој кандидат за Центар

Сегашниот кандидат за градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски, ќе ја повлече кандидатурата за втор мандат на претстојните локални изброи, соопшти премиерот Зоран Заев во емисијата „Отворено“ на „Телевизија 24“. - Со Андреј Жерновски долги години имавме одлична соработка. Договоривме да биде активен чинител во централната власт и со неговата стручност и искуство ќе учествува во сето она што преставува...

Трудо до Заев: Го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во НАТО

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, упатил писмо со честитки за изборот за премиер на Зоран Заев во кое изразува надеж за плодна соработка во иднина, соопшти владината прес-служба. „Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите Вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на Вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации и...

Брглез: По Црна Гора, време е Македонија да влезе во НАТО

Фокусот од Црна Гора го префрламе на Македонија, сега е време Република Македонија да влезе во НАТО, порачал претседателот на словенечкиот парлемент, Милан Брглез, на средбата со премиерот Зоран Заев. „Ви честитам за сè што постигнавте по политичката криза и за успешните позитивни промени што се случуваат во државата, во односите со соседите и на меѓународен план. Добро е да...

Претседателот на Државниот збор на Словенија, Милан Брглез, во посета на Скопје

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Милан Брглез, денеска престојува во официјална посета на Македонија. Тој во 9.45 ќе биде пречекан на главниот влез на Собранието со високи државни и воени почести. Во 10 часот Брглез ќе има тет-а-тет средба со претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери. Во 11 часот претседателот на Државниот збор на Словенија ќе има заедничка средба...

Заев – Герберих: Германија ги поддржува реформските процеси

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со Томас Герберих, новоименуваниот амбасадор на Република Германија во Република Македонија. Герберих, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека се случува позитивен и охрабрувачки развој на Република Македонија преводен од новата влада. - Охрабрува реформската посветеност на Владата за обезбедување квалитетен живот на граѓаните и колку добро ги развивате односите со соседите за што...

Заев – Жбогар: Постои голем оптимизам во Брисел дека Македонија оди напред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со евроамбасадорот Самуел Жбогар, а на средбата Заев порачал дека владата е решена да гради квалитетен живот за сите граѓани. Евроамбасадорот, како што извести Владата, рекол дека во Брисел постои оптимизам за идните чекори на Македонија и дека земјата ја има досега најголемата шанса за напредок во евроинтеграциите. - Постои голем оптимизам во Брисел...

Час поскоро видете ги ќелиите во „Шутка“, му порача новинарот Кежаровски на Заев

Новинарот Томислав Кежаровски, откако половина од затворската казна ја помина во Истражниот затвор „Скопје“, во Шуто Оризари, денеска му порача на премиерот Зоран Заев да ги види ќелиите во притворот во Шутка. Поводот за овој фејбук-статус на Кежаровски беше посетата на премиерот на затворот „Идризово“, при што тој беше „засрамен од условите“. „Ги поздравувам Вашите настојувања да се подобрат условите во затворот...

Заев: Ќе бидеме пример за светот и ќе понудиме достоинствен живот на децата со пречки

Премиерот Зоран Заев денеска во име на Владата даде целосна поддршка на документот „Меѓународна класификација на функционирање“, од новата фаза од кампањата „Биди фер, за детство без пречки“ во организација на УНИЦЕФ. На промоцијата, на која покрај него беа и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и министерката за образование, Рената Десковска, како и претставникот на УНИЦЕФ во...

Заев се засрамил од условите во затворот „Идризово“ и најави закон за амнестија

Срам ми е што сум премиер на држава со вакви затвори, изјави премиерот Зоран Заев по денешната посета на затворот „Идризово“. Заев ја посети казнено-поправната установа заедно со народниот правобранител, Иџет Мемети, и со извршната директорка на на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Заев не го криеше разочарувањето од условите во затворот. - Овде нема минимум услови за издржување...

Јовановски: Братучедот на Заев купил дел од „Герас Цунев“ по багателна цена

„Κланот Заеви повторно со матни зделки го шират бизнисот и купуваат компании по багателни цени. Трајче Заев со само 10 евра за квадратен метар стана сопственик на конфекцискиот гигант ’Герас Цунев’“, рече на прес-конференција пред Владата денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски. Тој појасни дека Трајче Заев за само 20.000 евρа купил 22,25 пρоценти аκции од стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“,...

Брнабиќ: Србија ќе даде сѐ од себе за да има најдобри односи со Македонија

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчеравечер на приемот организиран во Белград по повод Денот на независноста на Република Македонија. порача дека Србија ќе даде сѐ од себе за со Македонија да има само најдобри односи. Таа рече дека не разговарала со својот македонски колега Зоран Заев, ниту со амбасадорката на Македонија во Белград, Вера Јовановска-Типко околу можноста Македонија да го...

Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК

„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.  Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот и претседател на СДСМ,...

Македонија одбележува 26 години независност

Република Македонија денеска одбележува 26 години од референдумот на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, повеќе од 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 Септември 1991 година позитивно одговорија на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. На референдумот му...

Распоред на настани, свечености и прослави за Денот на независноста

Денеска и утре во Скопје ќе се одржат централните свечености по повод прославата на 8 Септември - Денот на незавиноста, кој годинава се одбележува под мотото „Македонија слободна, слободно живее“. Денеска: 13 часот:  Свечено менувањето на државното знаме пред кабинетот на претседателот на државата во Вила Водно;  17.30 часот:  Централната прослава почнува пред Владата, со изложби, театарски претстави и со настапи на гудачкиот...

Заев ќе биде покровител на конференцијата на децата бегалци од Егејска Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска ја прифатил поканата на Сојузот на здруженијата на Македонци од Егејска Македонија да биде покровител на петтата конференција на децата бегалци од Егејска Македонија, која е планирано да се одржи од 19 до 21 јули следната година во Скопје, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата. Заев, заедно со министерот без ресор задолжен за дијаспората,...

Заев во Њујорк на ГС на ОН ќе има средби со Трамп, Гутереш, Могерини и со Туск

Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија, на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк од 17 до 23 септември, соопшти секторот за односи со јавноста на Владата. Во составот на делегацијата ќе бидат министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Заев ќе присуствува на отворањето на работата на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...