fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Се правеле списоци за исплата на социјална помош

Заев на денешната прес-конференција објави и прислушуван разговор на Кире Божиновски, во врска со контрола во некој локал, во кој соговорникот тврди дека на сопственикот на локалот „му направил ’ршум“. Во друг разговор од тие што денеска ги објави лидерот на опозицијата, Јанакиески предизборно прави списоци за помош на граѓани кои би требало да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Според зборовите и објаснувањето на Заев, се инсистира да...

Се простуваат долгови во УЈП за време на избори

Заев во продолжението од денешната прес-конференција, објави разговори кои, според него, ја претставуваат манипулацијата со превозниците за време на изборниот ден. На првата од овие аудиоснимки се слуша како Јанакиески зборува за поддршка од превозниците на патници и на стока. Соговорникот му вели дека ќе ги собере превозниците и ќе направи состанок за да обезбеди поддршка. Во другиот разговор што го објави Заев, директорот на...

Заев: Еве како Груевски ги мести изборите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција објави прислушувани разговори за, како што рече, манипулација со изборниот процес. - Денеска почнуваме да ги разобличуваме изборните манипулации што го прави Груевски со неколкумина послушници. Ќе чуете како Груевски ги краде и ги мести изборите. Ќе објавиме како се злоупотребени земјоделците, пензионерите, администрацијата... Ќе станете сведоци за нечовечките притисоци со закани за завршување на...

Јанкулоска: Не коментирам креирани и незаконски прибавени материјали

Во своето прво појавување во јавноста откако лидерот на опозицијата почна да ги објавува снимките од „бомбата“, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, не сакаше да коментира делови од снимките, наведувајќи дека станува збор за „креирани материјали, кои се објавуваат на незаконски начин и според признанието на тој што ги објавува, се прибавени на незаконски начин“. - Господинот Заев еден...

Груевски: На Заев не треба да му се верува, тој се демантира самиот

Премиерот Никола Груевски денеска истакна дека на Заев не треба многу да му се верува затоа што „човекот себеси се коментира и се демантира“. - Тој пред некој месец говореше дека тие не се познаваат за подоцна да каже дека се познаваат, ама не така добро, за на крај да каже дека, сепак, добро се познаваат. Потоа излезе едно писмо...

Заев: Јанкулоска и Ставрески разговараат за ненаменски потрошени пари

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција рече дека ќе прикаже аудиоснимки од разговори за трошење пари, за буџетски трошоци. Тој рече дека ова се признанија лично од министерот за финасии, Зоран Ставрески, и од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. - Ова се правело по налог од еден човек, премиерот Никола Груевски - изјави Заев. Тој рече дека разговорите...

Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на Немцов

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати телеграма со сочувство до семејството на убиениот опозициски лидер во Москва, Борис Немцов, и до граѓаните на Руската Федерација. „Изразувам искрено и длабоко сочувство за бруталното убиство на Борис Немцов, до Вас - семејството на Борис Немцов, до неговите пријатели, колеги, но и до граѓаните – поддржувачи, во свое име и во име на...

Јанакиески: „Космос“ беше срушен законски

Снимките кои вчера ги презентраше Зоран Заев претставуваат монтиран процес на странски служби, кои Заев ги користи за свои цели и по секоја цена сака да дојде на власт, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. - Заев со неговиот тим не само што сака на нелегитимен начин да дојде на власт, туку и самиот се доведува во дефанзива,...

Груевски: Не се подготвува апсење на Заев

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека не се подготвува апсење на Зоран Заев. Тој, по пуштањето во употреба на училиште во селото Љубанци, не сакаше да одговара на прашања поврзани со содржината на објавените аудоснимки на прес-конференција на СДСМ за спрегата меѓу извршната и судската власт и на одредени медиуми, како и за упадот на странски служби во безбедносниот систем на...

Зоран Заев со прес-конференција во 14 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 14 часот, во седиштето на СДСМ, ќе одржи прес-конференција. Според најавите, се очекува Заев да обелодени нови материјали од прислушување.

МВР: Документите на Заев се лага, УБК никогаш не следела новинари незаконски

Министерството за внатрешни работи преку соопштение реагира на денешната прес-конфереција на лидерот на СДСМ, во кое се вели дека документите што денеска ги презентираше Заев, а се однесуваат на прислушувани и следени новинари, се најобична лага, а не документи на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК). „Министерството за внатрешни работи и УБК во време на сегашното раководство никогаш незаконски не следеле...

Груевски се чувствувал загрозен оти странска служба прислушувала

Премиерот Никола Груевски денеска, веднаш по лидерот на опозицијата, Зоран Заев, одржа прес-конференција на која зборуваше за случајот „Пуч“ и одговараше на новинарски прашања. Тој рече дека не прифатил техничка влада под притисок на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Се шпекулираше дека сме прифатиле техничка влада. Ако прифатив, зошто не се вратија во Собрание - посочи Греувски. Тој истакна дека побарал посебни истражни мерки (ПИМ) за...

Заев: Јанкулоска и Котески во разговор за новинарка од МТВ

Втората аудиоснимка што ја објави Заев, според него, е разговор помеѓу министерката за култура, Елизабета Канческа-Милеска, со уредникот на информативната програма на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас. Латас ѝ сугерира да не претерува затоа што од премиерот има многу порачки. Третиот разговор е помеѓу Јанкулоска и портпаролот на МВР, Иво Котески, за некој прилог на МТВ. - Нема да прави, ако прави ќе лета од работа -...

Заев даде исказ пред обвинителството за неговата пријава, за „Пуч“ уште не го повикале

Нешто повеќе од еден час траеше исказот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пред надлежниот јавен обвинител во врска со пријавата што СДСМ ја поднесе против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, раководителот на Петта управа, Горан Груевски, и НН лица за неовластено прислушување. - Бев повикан како сведок, односно оштетена страна по однос на пријавата поднесена од...

Заев во 12 часот ќе дава исказ во обвинителството за пријавата на СДСМ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во 12 часот, во Основното јавно обвинителство ќе даде исказ како сведок-оштетен во постапката по кривичната пријава што СДСМ ја поднесе за неовластено прислушување. Кривичната пријава е поднесена против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, раководителот на Петта управа, Горан Груевски, и НН лица, за неовластено прислушување.

Јутјуб-натпревар: Бомбите им водат на тајните средби!

Прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за третиот дел од „бомбата“ има речиси 225.000 прегледи на „Јутјуб“ за три дена. Овој аудиозапис насловен „Слушнете ужас: Местат апсење и изживување врз Љубе Бошкоски“ предизвика најголема заинтересираност од сите досега објавени снимки на официјалниот „Јутјуб“ канал на СДСМ и има рекордна гледаност за толку кратко време.   Видеоснимка Прегледи       Датум на објавување   1. Слушнете кого прислушувале...

Што одговори Заев на новинарските прашања?

По објавувањето на третата тура прислушувани и снимени разговори, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговараше на следниве новинарски прашања: Дали очекувате да бидете уапсени наредната среда? - Груевски и Мијалков и сè е можно. Знаете дека сме подготвени и ништо не може да ја спречи целата вистина да допре до граѓаните. Коментар за изјавата на Јоханес Хан дека целиот случај треба да...

Бес и гнев на „Твитер“ по објавувањето на третата „бомба“

Социјалната мрежа „Твитер“ денеска експлодира од емоционални статуси. Пред почетокот на прес-конефернцијата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на која се објави третата „бомба“, македонската твитер-заедница почна шеговито да нагаѓа што денеска ќе биде топ-темата. Кладилнициве треба да пуштат типување шо ќе има во следната #бомба - Горде и Ставре, коеф: 1.20 - Грујо, коеф: 5.50 - Латас, коеф: 2:35 —...

Заев: Јанкулоска и Протоѓер договараат ексклузивни вести на медиумите

Со другите разговори што денеска на прес-конференција ги објави Зоран Заев, лидерот на опозицискиот СДСМ, според него, се покажува дека Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска менаџираат сè друго во државата. Објавената аудиоснимка, според Заев, е разговор помеѓу Мартин Протоѓер и министерката за внатрешни работи за тоа како да се организираат вестите на „Канал 5“. Во дел од аудиозаписот, Јанкулоска вели: „Треба...

Заев објави разговор меѓу Латас и Мијалков

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го објави првиот разговор од прислушуваните материјали помеѓу Драган Павловиќ-Латас и директорот на УБК, Сашо Мијалков. Во разговорот, тие зборуваат за апсењето на  Љубе Бошковски, при што Мијалков на Павловиќ-Латас му ја објаснува случката околу апсењето. Во дел од разговорот, се слушаат следните зборови на Мијалков: „Мислам дека ќе изненадиме. Ќе биде боље, а тоа што ќе...

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...