fbpx
Таг: Зоран Божиновски

таг: Зоран Божиновски

СЈО се откажа од дел од обвинението против новинарот Зоран Божиновски

Специјалното јавно обвинителство делумно (СЈО) се откажа од обвинението против новинарот Зоран Божиновски, кој наместо за три кривични дела по шест точки ќе биде обвинет за три кривични дела по пет точки, соопшти Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). СЈО, кое за случајот „Шпион“ ја презема надлежноста во март годинава, се откажа од точката 27, поради тоа што во обвинителниот...

Завршни зборови во судењето за луксузниот „мерцедес“, рочишта и за „Трезор“ и за „Шпион“

Во Основен суд Скопје 1, денеска повторно судиите и обвинителите се со пополнет распоред, бидејќи ќе се одржат три рочишта од најзначајните судски процеси. Во случајот „Тенк“, во кој, за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден близу 600.000 евра, им се суди на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, треба да бидат изнесени завршните зборови...

„Шпион“ и „Шамарите во Општина Центар“ денеска повторно во Кривичен суд

Во Основен суд Скопје 1, денеска треба да се одржат рочишта за случаите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), „Шпион” и „Насилство во Општина Центар”. Минатото рочиште за „Шпион” беше одложено поради отсуство на Туше Гошев, еден од адвокатите на обвинетите. Овој случај, кој е од 2013 година, СЈО го презеде минатата година од Јавното обвинителство. Обвинети се се 18 лица за...

На барање на обвинителството, судот му го укина притворот на Зоран Божиновски

На барање на јавното обвинителство, Кривичниот суд Скопје му го укина притворот на новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Како што соопшти денеска Основниот суд Скопје 1, судијката Ленка Давитковска, која го суди предметот против Божиновски, на денешната главна расправа го прифатила предлогот на јавниот обвинител за укинување на притворот. На Божиновски, додаваат од судот, наместо...

ЗНМ повика да биде ослободен Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Од здружението порачуваат дека долгиот притвор веќе не е во функција на судскиот процес, туку се претворил во своевидна казна за новинарот. „Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата...

ЗНМ бара укинување на притворот на Зоран Божиновски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) очекува судот итно да го укине притворот на новинарот Зоран Бижиновски и да му дозволи да се брани од слобода во постапката што се води против него за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Од ЗНМ денеска соопштија дека негови и претставници на Хелсиншкиот комитет, на 5 мај оваа година, го посетиле Божиновски во...

Зоран Божиновски го нарече судот „лудница“ и доби казна од 2.000 евра

Новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, на денешното рочиште во случајот кој се води против него за шпионажа, уцена и за изнуда, е казнет со парична казна од 2.000 евра поради непочитување на судот и непримерно однесување. „Не ви одговара тоа што го зборувам. Гладни сте за пари. Ова е лудница, не е судница. На 12 декември ќе...

Поради нова адвокатка, судењето на Зоран Божиновски одложено за 10 ноември

Денеска во Кривичниот суд во Скопје почна судскиот процес против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, но по читањето на обвинителниот акт, рочиштето беше прекинато и одложено, на барање на новата адвокатка на обвинетиот. Таа, како што пренесува „СДК“, побарала дополнително време за да може да направи увид во предметот и да ја подготви одбраната. Следното рочиште е закажано...

ЗНМ: Процесот против Божиновски непотребно се одолговлекува

Здружението на новинарите на Македонија предупредува дека судскиот процес против новинарот Зоран Божиновски непотребно се одолговлекува, а со тоа судот ги прекршува неговите граѓански права за фер и правично судење. „Новинарот Божиновски веќе две недели штрајкува со глад со барање да му се укине притворот, а судот денеска вторпат го одложи судењето поради лични и семејни проблеми на судијката Сандра Крстиќ....

Одложено судењето за „Шпион“

Денешното рочиште во случајот „Шпион“, на кое исказ требаше да даде новинарот Зоран Божиновски, е одложено поради тоа што била болна судијката Сандра Крстиќ. Таа побарала замена, па на нејзино место судот ја постави судијката Ленка Давитковска. Божиновски од минатата недела почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес.

Божиновски во затворот штрајкува со глад, ЗНМ и ЕФН бараат итно ослободување

Притворениот новинар Зоран Божиновски на 14 септември почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес, информираше денеска претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Тој рече дека иако затворската управа го знаела тоа, информацијата не ја споделиле ниту со неговиот адвокат, ниту со Народниот правобранител. - Ја повикуваме судијката Сандра Крстиќ веднаш да...

ЗНМ побара новинарот Божиновски да се брани од слобода

Новинарите протестираа пред Основен суд Скопје 1 за поддршка на колегата Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“, чие судење почнува денеска. Претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, рече дека се дојдени да покажат солидарност со Божиновски, кој веќе три години е изложен на судски прогон поради неговата работа како новинар. „Ги потсетуваме судиите дека Македонија е втора земја во Европа, во...

ЗНМ ги повика сите новинари да се приклучат на утрешниот протест

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повика сите новинари да се приклучат на протестот за проддршка на новинарот Зоран Божиновски, закажан за утре во 10 часот пред Основниот суд Скопје 1. „Ги повикуваме сите новинари да се приклучат на протестот и заедно да му изразиме поддршка на колегата Божиновски. Во исто време, сакаме да го осудиме прогонот на новинари,...

ССНМ, МИМ и ИКС ќе го поддржат утрешниот протест на ЗНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе го поддржат утрешниот протестот на Здружението на новинари. На протестот здруженијата ќе бараат да се обезбеди фер и правично судење за Зоран Божиновски. „Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците....

ЗНМ в четврток ќе протестира за ослободување на новинарот Зоран Божиновски

Пред Основниот суд Скопје 1, Здружението на новинари на Македонија ќе протестира  на 1 септември, за кога е закажано првото рочиште на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“. „На 22 август, управниот одбор на ЗНМ усвои одлука на 1 септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се одржува првото судско рочиште од судењето на новинарот Зоран Божиновски“,...

Советот на јавни обвинители ќе каже дали СЈО е надлежно за случајот на Зоран Божиновски

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција чека насоки од Советот на јавни обвинители за предметот во кој обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена е Зоран Божиновски, а е дел од случајот „Шпион“, информираат од службата за односи со јавноста на јавното обвинителство. „Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја почитува претходно донесената одлука на...

Основен суд Скопје 1 демантира дека за случајот со Божиновски го крши законот

Основен суд Скопје 1 ги демантира пишувањата на одредени медиуми, дека предметот по обвинение на Обвинителството за организиран криминал и корупција за новинарот Зоран Божиновски, во јавноста познат како „Шпион“, од нивна страна не бил предаден на Специјално јавно обвинителство. „Имено до Кривичниот суд не е доставена никаква одлука од страна на Апелациониот суд Скопје со која предметот се презема од...

ЗНМ малку збунети и малку неспремни побараа ослободување на новинарот Божиновски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека Зоран Божиновски, неосновано се држи во притвор веќе 4 месеци, со цел да го спречат да не објавува нови скандали поврзани со власта, дека станува збор за политички монтиран случај, со кој се крши Европската конвенција за човекови права и бараат повлекување на обвинението против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“. ЗНМ...

ЗНМ: СЈО ќе помогне вистината да излезе на виделина во случајот за Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со која бара да го преземе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција предметот против новинарот Зоран Божиновски, поврзан со случајот „Шпион“. Божиновски е во притвор од април, оваа година, откако беше уапсен во Нови Сад, Србија, а потоа екстрадиран во земјава. „Веруваме...

СЈО бара да го преземе случајот за Зоран Божиновски поврзан со „Шпион“

Специјалното јавно обвинителство денеска испратило барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за преземање во своја надлежност на случајот против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски. „Ова Јавно обвинителство денеска достави барање до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за доставување на предметот против лицето З.Б., кој неодамна беше...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...