fbpx
Таг: ЗНМ

таг: ЗНМ

Без реформи во медиумите, нема услови за фер избори, оцениле Заев и Селмани

Без медиумски реформи, без слободни медиуми, нема услови за слободни, фер, демократски и регуларни избори. Ова е заедничката оценка од денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани. Средбата била реализирана на иницијатива на ЗНМ, стои во соопштението на СДСМ. На средбата, Заев го информирал претседателот на ЗНМ, Селмани, дека...

ЗНМ: СЈО да го преземе случајот на новинарот Божиновски

Претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска во Специјалното јавно обвинителство имаа средба со обвинителката Катица Јанева и нејзините соработници. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани ја информираше обвинителката Јанева за случајот на новинарот Зоран Божиновски, кој два месеца е во притвор, затоа што Јавното обвинителство го осомничи за разни кривични дела. Божиновски во април беше екстрадиран од Србија...

ЗНМ: Здружението на обвинители да го осуди решението Неделковски да не се гони кривично

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција реагираше на одлуката на обвинителот од Вишото јавно обвинителство, кој оценил дека ТВ-водителот Миленко Неделковски не поттикнува омраза и насилство со фејсбук-статусот со закани кон неколкумина новинари, туку тоа се само „искажани ставови за физички лица“ и го одбил барањето Неделковски да се гони кривично. - Обвинителот, практично, само го потврди решението на...

ЗНМ бара МВР да го казни обезбедувањето на Груевски за упадот во „ТВ 21“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска доставило претставка до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи за упадот на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во „ТВ 21“. Во претставката, ЗНМ бара да биде поведена постапка против двајцата припадници на обезбедувањето на Груевски, кои минатата недела упаднаа во просториите на телевизијата и го...

ЗНМ го осуди актот на обезбедувањето на Груевски

Здружението на новинарите на Македонија денеска најостро го осуди вчерашниот инцидент во „ТВ21“, кога лица од обезбедувањето на поранешниот премиер Груевски натераа новинар да избрише снимки. - Прво сакам да го осудам овој кукавички акт на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Ова го сметам за кукавички акт само затоа што во недемократска земја обезбедувањето на поранешниот премиер демонстрира...

„Телма“ е згрозена од нападите од сите страни

Телевизија „Телма“ е згрозена од тенденциозните шпекулации изнесени во соопштенијата на ЗНМ и опозициските портали како и владините портали и обидот ситуацијата мотивирана од финансиски причини да добие политички контекст. „Притоа провладините портали го обвинија менаџментот на „Телма“ дека наводно брка новинари кои одбиваат да работат под диктат на СДСМ. ЗНМ обвинува дека „Телма“ наводно планира да отпушти критички настроени...

ЗНМ: Менаџментот на „Телма“ смислено ја чисти телевизијата од критички новинари

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) изразува загриженост за последните случувања во телевизија „Телма“. Бркањето на 12 искусни и познати новинари претставува сериозно кршење на социјалните права на новинарите и понатамошно влошување на состојбата со слободата на медиумите - велат од ЗНМ. „Тврдењата на менаџментот на телевизијата дека укинувањето на работни места се прави поради лошата економска состојба на компанијата се неуверливи. Компанија која има проблем...

„Телма“ ќе разгледа дали има можности да се задржат новинарите на работа

Раководството на „Телма“ и синдикатот на телевизијата се договориле да се разгледаат сите можности со кои не би имало потреба од отпуштање на вработени, било одлучено на попладневната средба, изјави новинарката Виолета Зајкова, синдикален претставник. - Се договоривме да се види дали на овие луѓе може да им се најде друго работно место во телевизијата, да се види дали оние што се...

ССНМ и ЗНМ чекаат средба во „Телма“ за да изреагираат

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) се уште нема никаква официјална информација за отпуштањето на новинари во телевизијата „Телма“. Од ССНМ велат дека не биле консултирани за одлуката со која за технолошки вишок се прогласени 12 новинари и најавуваат средба со директорот и главен уредник на телевизијата Атанас Кировски. Неофицијално, Синдикатот ќе бара на овие луѓе да им биде понудено...

ЕУ и ЗНМ: „Вмрежување на новинари за слобода на медиуми“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Делегацијата на Европската унија во Скопје денеска во Скопје го означија почетокот на проектот „Вмрежување на новинари за слобода на медиуми“, поддржан од ЕУ. - Независни, плурални и слободни медиуми се есенцијални за демократијата на секоја земја и за благосостојбата на граѓаните. Тие ги зголемуваат транспарентноста и отченоста на властите поврзани со прашања од јавен...

Селмани: Единствена вина на Божиновски е што имаше храброст да пишува за грдото лице на власта

Додека целиот демократски свет го слави Денот на слободата на печатот, ние дојдовме пред затворот во Шуто Оризари затоа што неговата симболика најдобро зборува за нашата неслобода, рече претседателот на Здружението на новинари (ЗНМ), Насер Селмани. Тој денешната прес-конференција ја одржа пред затворот во Шуто Оризари поради, како што рече, неоснованите обвиненија против новинарот Зоран Божиновски, кој беше екстрадиран од Србија...

ЗНМ: Нема слободни медиуми во земја каде новинарите се затвораат поради објавен текст

„Во Македонија нема слободни медиуми, објави вчера „Фридом хаус“, најреномираната меѓународна организација што ја оценува состојбата со слободата на медиумите во светот. Во годинешниот извештај, го загубивме статутот на земја со делумно слободни медиуми и западнавме во група на најнедемократски земји каде воопшто нема слободни медиуми. Такви неслободни земји во Европа, освен Македонија, се и Турција и Русија“, реагираат од...

ЗНМ со декларација за поддршка на Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска упати поддршка за притворениот новинар Зоран Божиновски. „Бараме од судските власти Божиновски веднаш да биде ослободен од вина и да биде пуштен на слобода од Истражниот затвор во Скопје. Колегата Божиновски на 7 ноември 2013 година беше уапсен во Нови Сад со потерница од Интерпол, како еден од осомничените во случајот „Шпион“, со обвинение за...

ЗНМ: Одлуката за екстрадиција на Божиновски е политички мотивирана

Здружението на новинари на Македонија изрази разочараност од одлуката на српските власти да го екстрадираат во Македонија новинарот Зоран Божиновски, обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Оттаму сметаат дека ваквата одлука е политички мотивирана и ќе предизвика сериозна штета врз слободата на медиумите не само во Македонија, туку и пошироко во регионот. „Со екстрадицијата, Србија свесно го изложува на...

ЗНМ: Институциите да не ги попречуваат новинарските екипи во нивната работа

Здружението на новинарите на Македонија го осуди нападот на дел од демонстрантите врз редакцијата на „Радио Слободна Македонија“ во Скопје и бара од институциите веднаш да ги откријат напаѓачите и најостро да ги казнат. „Секој напад врз новинарите е напад врз слободата на говорот и врз правото на граѓаните да бидат информирани. Неказнувањето на насилството може да доведе до многу...

ЗНМ: Спасовски да ги идентификува и да ги казни полицајците што тепаа новинари

Здружението на новинари на Македонија остро го осудува полициското насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје. „Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и врз четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наке Батев од „Вечер“, Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе Георгиев од „Фокус“, е напад врз сите...

Селмани: Пратениците на власта не сакаат слободни медиуми

Владеjачките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ вчера демонстрираа дека се противат на тоа Македонија да биде слободна, цивилизирана и демократска земја. За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ не е битно што пишува во Уставот, кој гарарантира слобода на медиуми, туку што наредуваат Никола Груевски и Али Ахмети, рече на денешната прес-конференција, Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на...

Законот за медиуми на ЗНМ и на ССНМ не помина во Собрание

Прaтениците не гo усвoијa предлoг-зaкoнoт зa реформа вo медиумите, кoј нa предлoг нa Здружението на новинари и на Синдикатот на новинари и медиумски работници гo предлoжи СДСМ. Овој предлог-закон беше направен според предлозите на посредникот Питер Ванхауте. Предлог-решението предвидуваше реформи во програмскиот совет на МРТ и во советот на Агенцијата за медиуми, како и целосно финасирање на МРТ од државниот буџет.  

Пратениците ќе расправаат за предлог-законот за медиуми поднесен од ЗНМ и од ССНМ

Предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесен од Здружението на новинари и од Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници, а кој во процедура го пушти СДСМ, треба да се најде на дневен ред на денешната собраниска седница, по скратена постапка. Овој предлог-закон е направен според предлозите на посредникот Питер Ванхауте. Предлог-решението...

ЗНМ и ССНМ: Според обвинителството Неделковски не ширел говор на омраза

Обвинителката Јасмина Костевска Здравевска од Основното јавно обвинителство во Скопје како неосновано го одбила барањето за кривично гонење против Миленко Неделковски за ширење на говор на омраза и загрозување на сигурноста на граѓаните кое го поднесоа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на медиуми и медиумски работници (ССНМ). - На наше големо изненадување, обвинителката го одби наше...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...