fbpx
Таг: ЗНМ

таг: ЗНМ

ЗНМ: Пешевски покажува дека нема основно домашно воспитување

Здружението на новинарите на Македонија остро гo осудува недоличното однесување на потпретседателот на Владата, Владимир Пешевски, кој минаната недела по прес-конференцијата на која го претставувал извештајот „Дуинг бизнис“ за Македонија, навредувал новинарка од дневниот весник „Вест“ поради тоа што прашала дали Владата размислува да ја помести старосната граница за одење во пензија на 67 години. Од ЗНМ во реакцијата објаснуват дека...

Новинарските здруженија едногласно против насилството врз колегите

Новинарските здруженија и асоцијации едногласно го осудија физичкиот напад врз новинарот на „Телма“, Павле Беловски, кој се случи вчеравечер непосредно пред неговото јавување во живо пред Министерството за внатрешни работи. За настонот реагираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонската асоцијација на новинари (МАН), Самостојниот синдикат на новинари (ССНМ), а осуда пристигна и од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

ИФЈ: Македонија со најлоша медиумска состојба на Балканот

Македонија е една од четирите земји во Европа со новинар во затвор, a последната година се регистрирани 35 случаи со насилство кон новинари. Поради тоа, генералниот секретар на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), Рикардо Гутиерес, оцени дека ситуацијата во Македонија е можеби најлоша од сите земји на Балканот. - Бев тука пред три години, кога Томислав Кежаровски беше во затвор,...

ЗНМ: Спикерот на Собранието сака да го контролира протeкот на информации

Со забраната на телевизиите да вршат директен пренос од седниците и од комисиите на Собранието, се контролира протекот на информации и тие селективно се пренесуваат до јавноста, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). - Сметаме дека намерата на спикерот на Собранието е да го контролира протекот на информациите и селективно да ги пренесува до јавноста. Расправите што ѝ...

Божиновски во затворот штрајкува со глад, ЗНМ и ЕФН бараат итно ослободување

Притворениот новинар Зоран Божиновски на 14 септември почнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес, информираше денеска претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Тој рече дека иако затворската управа го знаела тоа, информацијата не ја споделиле ниту со неговиот адвокат, ниту со Народниот правобранител. - Ја повикуваме судијката Сандра Крстиќ веднаш да...

ЗНМ побара новинарот Божиновски да се брани од слобода

Новинарите протестираа пред Основен суд Скопје 1 за поддршка на колегата Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“, чие судење почнува денеска. Претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, рече дека се дојдени да покажат солидарност со Божиновски, кој веќе три години е изложен на судски прогон поради неговата работа како новинар. „Ги потсетуваме судиите дека Македонија е втора земја во Европа, во...

ЗНМ ги повика сите новинари да се приклучат на утрешниот протест

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повика сите новинари да се приклучат на протестот за проддршка на новинарот Зоран Божиновски, закажан за утре во 10 часот пред Основниот суд Скопје 1. „Ги повикуваме сите новинари да се приклучат на протестот и заедно да му изразиме поддршка на колегата Божиновски. Во исто време, сакаме да го осудиме прогонот на новинари,...

ССНМ, МИМ и ИКС ќе го поддржат утрешниот протест на ЗНМ

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) ќе го поддржат утрешниот протестот на Здружението на новинари. На протестот здруженијата ќе бараат да се обезбеди фер и правично судење за Зоран Божиновски. „Правниот систем во Македонија не смее да се користи за политичка одмазда и за пресметка со неистомислениците....

ЗНМ в четврток ќе протестира за ослободување на новинарот Зоран Божиновски

Пред Основниот суд Скопје 1, Здружението на новинари на Македонија ќе протестира  на 1 септември, за кога е закажано првото рочиште на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“. „На 22 август, управниот одбор на ЗНМ усвои одлука на 1 септември да организира протест пред Основниот суд во Скопје, кога се очекува да се одржува првото судско рочиште од судењето на новинарот Зоран Божиновски“,...

Селмани: Насловната на „Дневник“ ќе ја врамам да остане за идните генерации

Насловната на „Дневник“ е сведок за моралната беда на некои началници што сакаат да глумат новинарство. Ова насловна ќе ја врамам за да посведочи на идните генерации кое дно го достигнало началничката пропаганда, кое сакаа да ни го продават како новинарство, реагира претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани на наловната страница на весникот на кој е објавен текст...

ЗНМ: СЈО ќе помогне вистината да излезе на виделина во случајот за Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) со која бара да го преземе од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корпуција предметот против новинарот Зоран Божиновски, поврзан со случајот „Шпион“. Божиновски е во притвор од април, оваа година, откако беше уапсен во Нови Сад, Србија, а потоа екстрадиран во земјава. „Веруваме...

Селмани: Со ад хок телото партиите сакаат да ја измамат јавноста дека прават реформи

Ниеден кандидат за член во ад хок телото на Агенцијата за медиуми не е член на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). - Новинарите што нередовно ја подмируваат чланарината по автоматизам им престанува членството во организацијата - вели претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, на прашањето дали кандидатите за телото за регулација на медиуми се членови на ова здружение. Тој повтори дека ставот на ЗНМ е да не...

Љубомир Костовски и Горан Трпеноски кандидати на СДСМ за ад хок телото за медиуми

Љубомир Костовски и Горан Трпеноски се предлози на СДСМ за членови на ад хок телото, информираат од СДСМ, за „Мета“. Од таму велат дека овие предлози ги доставиле до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги. Од ВМРО-ДПМНЕ нема информации кои се нивните предлози за ова тело кое во предизборниот период ќе ги контролира медиумите. Ад хок телото, кое ќе работи...

Селмани: Нема да учествуваме во играта без граници на партиите

„Ние баравме вистински реформи во медиумите, а потписниците на Договорот од Пржино ни испорачаа политичка фарса. Уште еднаш повторувам дека нема да учествуваме во играта без граници на партиите“, напиша претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани, на својот фејсбук-профил. Инаку, новинарските организации на вчерашниот состанок со раководството на опозицискиот СДСМ категорично одбиле да учествуваат во консултациите за ад...

Кандидати за ад хок телото за медиуми, сепак, има

Наспроти дилемата дали и кој ќе се пријави на јавниот повик на СДСМ за членови на ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период, сепак, има кандидати за оваа тримесечна функција, дознава „Мета“. Рокот за пријавување истекува денеска на полноќ. Не е познато на кој начин од ВМРО-ДПМНЕ ќе одберат и ќе предложат кандидати за ова тело, чии надлежности се...

ЗНМ: Отпуштањата во МПМ се смислен удар врз професионалното новинарство

Здружението на новинари на Македонија денеска го оцени отпуштањето на новинарите во медиумите во сопственост „Медиа принт Македонија“ како удар врз слободата на професионалното новинарство. „Отпуштањето на 20 вработени од „Медиа принт Македонија“, од кои мнозинство новинари од дневниот весник „Вест“, претставува смислен удар врз професионалното новинарство и врз слободата на медиумите. По смената на главниот уредник Горан Михајловски, со новите...

ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за формирање на ад хок тело

„Договорот на партиите за медиумите е обична политичка фарса и не обезбедува вистински реформи во нив. Во овој договор нема одржливи решенија со кои ќе се ослободат медиумите од контрола на партиите. Напротив, договорот уште повеќе ќе го партизира медиумскиот систем“, велат од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во однос на формирањето на ад хок тело кое го...

Внатрешната контрола на МВР негира дека обезбедувањето на Груевски упаднало во „ТВ 21“

Личното обезбедување на поранешниот премиер Никола Груевски не влегло во дворот на „ТВ 21“ и не му наложило на новинарот Кристијан Ландов да избрише снимки од мобилниот телефон. Ова било наведено во одговорот на Секторот за внатрешни контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи на барањето на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) да биде поведена дисциплинска...

ЗНМ: Со новиот закон за рекламирање, медиумите ќе станат огласна табла на Владата

Министерката за информатичко општество и администрација (МИОА), Марта Арсовска-Томовска, и нејзиниот заменик, Тимчо Муцунски, денеска до Собранието поднеле предлог-закон за владино рекламирање. Предлог-законот предвидува Владата да може да се рекламира во медиумите, но, како што е наведено, само за работи од јавен интерес. Во предлог-законот, исто така, е наведено дека во рекламирањето не смее да се промовираат партиски интереси ниту, пак,...

Без реформи во медиумите, нема услови за фер избори, оцениле Заев и Селмани

Без медиумски реформи, без слободни медиуми, нема услови за слободни, фер, демократски и регуларни избори. Ова е заедничката оценка од денешната средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани. Средбата била реализирана на иницијатива на ЗНМ, стои во соопштението на СДСМ. На средбата, Заев го информирал претседателот на ЗНМ, Селмани, дека...

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...