fbpx
Таг: ЗНМ

таг: ЗНМ

ЗНМ: Извештајот на „Фридом хаус“ е објективен, медиумите се силно притиснати

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска порача дека е објективен извештајот за напредокот на демократијата во светот на „Фридом хаус“, во кој  Македонија се третира како земја во развој со хибриден режим. ЗНМ посочува и дека „Фридом хаус“ тврди дека паралелното новинарско здружение отворено ги промовира ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со состојбата на медиумите. - „Фридом хаус“ ги...

ЗНМ: Советот на АВМУ ја тргнал оценката за говор на омраза на „Сител“ и на Миленко Неделковски

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), најверојатно под нечиј диктат, усвоил нов заклучок на извештајот за работа на АВМУ за 2016 година, не прифаќајќи ја констатацијата која била во извештајот, дека во неколку наврати на „Сител“ и во емисијата на Миленко Неделковски се користел говор на омраза, како и дека телевизиите „Алфа“ и „Нова“ континуирано...

Новинарските здруженија од регионот со осуда за нападите врз новинарите во Македонија

Новинарските здруженија од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и од Македонија денеска изразија солидарност и поддршка за новинарите и за медиумските работници во Македонија, кои, како што оценија, константно се соочуваат со притисоци, физички напади, како и со смртни закани. Здруженијата од регионот, по нападот на новинарот на Телевизија 24 за време на протестите на иницијативата „За...

Кривична пријава за еден осомничен напаѓач на новинарот и на снимателот на „А1он“

СВР Скопје вчера поднесе кривична пријава за насилство против еден осомничен напаѓач на новинарската екипа на порталот „А1он“, а постапката е во тек и можно е во наредните денови кривичната пријава да се дополни со нови факти и докази и против други осомничени, соопшти министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, на конференцијата за медиумите по денешниот состанок со претседателот...

ЗНМ бара да се одложи донесувањето на Етичкиот кодекс на МРТ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) бара од програмскиот совет на Македонската радио-телевизија да го одложи донесувањето на Етичкиот кодекс за јавниот сервис. „Предупредуваме дека ако кодексот се донесе во предложената форма, нема да го подобри известувањето на новинарите. Спротивно, ќе предизвика сериозни последици во работата на јавниот сервис. Постои реална опасност раководството на МРТ да злоупотреби одредени членови на...

ЗНМ ги осуди нападите врз Јовановски и Тричковски и застрашувањето новинари

Здружението на новинарите на Македонија се огласи со осуда за „кампањата на застрашување и на понижување новинари што последните денови во Скопје ја спроведуваат непознати лица инспирирани од воинствените изјави на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој минататa недела ги повика етничките Македонци преку протести да ја спречат опозицијата да формира влада со партиите на Албанците“. Повод за реакцијата...

Селмани: Сериозно се сомневаме дека зад нападите на новинари стои Груевски

Најодговорно тврдам дека сериозно се сомневаме дека зад овие напади на новинари стои лично Никола Груевски, изјави денеска претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, по средбата со министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, во врска со вчерашниот напад на новинарската екипа на порталот „А1он“ за време на протестот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје. -...

ВМРО-ДПМНЕ: Селмани лаже дека сме поврзани со нападот на новинарите

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) дека „лаже и манипулира“ поврзувајќи ја партијата со нападот на новинарската екипа на „А1он“. „Насер Селмани молчеше и се криеше додека брутално се напаѓаа новинари, а дивите орди на СДСМ и на СОРОС демолираа цели медиуми како радиото 'Слободна Македонија'. Насер Селмани, исто како и Оливер Спасовски, цела година...

ЗНМ бара Караџовски да им се извини на новинарите, а Михајлова да дозволи снимање

Здружение на новинарите на Македонија денеска ги осудува навредите упатени кон новинарите од претседателот на Судски совет, Зоран Караџовски, кој во изјавата од 22 февруари ги оцени извештаите на медиумите за распределувањата на судиите од кривичниот во прекршочен суд како театрални вулгарности, а новинарите ги етикетираше како „самонаречени новинари“. ЗНМ бара од претстедателот на Судскиот совет јавно да се...

Апостолов, Личовски и Исмаили се добитници на наградите на ЗНМ

Наградата за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“ за 2016 година, што ја доделува Здружението на новинари на Македонија, ја доби новинарот Владо Апостолов. Признанието му се додели за три истражувачки текста објавени на „Призма“, за имототите кои се поврзуваат со поранешниот претседавач на Советот во Општина Центар и директор на МЕПСО, Владимир Здравев, а сега член на одборот на директори на...

ЗНМ ги осуди заканите на Есад Рахиќ кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија ги осуди заканите на поранешниот пратеник Есад Рахиќ, кој во неделата во интервју за „Телевизија 24“ ги предупреди новинарите да внимаваат што пишуваат за приведувањето на неговиот брат затоа што семејството Рахиќ има многу пријатели и не може да гарантира како ќе реагираат кога ќе ги сретнат новинарите на улица. „Ваквите непримерни изјави преставуваат директен...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наредува напади и се заканува на новинари што не ги контролира

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го обвини СДСМ дека „криминалци“ од редовите на оваа партија наредуваат напади врз медиуми и им се закануваат на сите новинари што не се под контрола на СДСМ и на Сорос. „Нападната беше новинарката на телевизија „Сител“, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на „Република“,...

ЗНМ го поддржува штрајкот на новинарите на МПМ

Здружението на новинари на Македонија го поддржува штрајкот на новинарите на трите весника на издавачот „Медиа принт Македонија“ и го повикува менаџментот на компанијата веднаш да ги исполни барањата на штрајкувачкиот одбор за исплата на заостанатите плати и хонорари. „Ги потсетуваме сопствениците на МПМ дека кршењето на социјалните права на новинарите не е само прекршување на нивните работнички права, туку...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос сакаат да ги уништат медиумите врз кои немаат контрола

СДСМ и Сорос сакаат да ги заплашат и уништат медиумите врз кои немаат контрола и активно се борат против секоја мисла различна од нивната, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа аболицираниот криминалец Зоран Заев за свои политички непријатели нарече неколку национални телевизии и весници. Соросовиот новинарски синдикат призна дека Зоран Заев се шетал и ги злоупотребувал приватните разговори...

Одлуката на Стразбур е потврда дека сериозно се прекршува слободата на изразување

„Одлуката на Европскиот суд за човекови права е црно на бело - потврда дека во Македонија се прекршува правото на слободно изразување. Тоа е ноторен факт утврден од релевантен суд“, вели Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија, за одлуката на судот во Стразбур да пресуди во корист на новинарите што беа исфрлени од собраниската седница на 24 декември...

ЗНМ: Во Стразбур победи правдата за новинарите

Здружението на новинарите на Македонија денеска ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права за случајот „Селмани и други против Република Македонија“, поврзана со настаните од 24 декември 2012 година или т.н. „црн понеделник“, кога новинарите беа насилно избркани од галеријата на Собранието на Република Македонија. „Пресудата на Европскиот суд констатира повреда на две права гарантирани со Европската конвенција за...

ЗНМ со поддршка на одлуката за штрајк на новинарите на „Дневник“, „Утрински“ и на „Вест“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) се солидаризира со барањата на новинарите на трите весници на издавачот „Медиа принт Македонија“ (МПМ) веднаш да се исплатат заостанатите плати за декември и за јануари и хонарарите на дописниците. „ЗНМ ја поддржува одлуката на штрајкувачкиот одбор на новинарите на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ да стапат во штрајк, ако најдоцна до 15...

АВМУ констатираше говор на омраза и дискриминација на Албанците на „Сител“

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) констатирала дека „Сител“ шири говор на омраза и поттикнува дискриминација против Албанците во Македонија, информираше Здружението на новинари на Македонија. Ваквата појава АВМУ ја утврдила преку вонреден надзор спроведен во текот на изборната кампања од втори до петти декември 2016 година, кога на „Сител“ во изданијата на дневниците во 19 и во...

ЗНМ го осудува вербалното насилство на власта кон новинари

Здружението на новинарите на Македонија го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кој, како што велат од ЗНМ, е насочен против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира. „Ваквите напади имаат цел да ги заплашат и да ги замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја...

ЗНМ: Европската комисија со право заклучува дека има насилство врз новинарите

Здружението на новинарите на Македонија се согласува со оценката на Европската комисија дека состојбата со слободата на медиумите годинава во Македонија се влошува. Комисијата во извештајот за напредокот на Македонија за годинава, велат од ЗНМ, со право заклучува дека во најголем дел од македонските медиуми отсуствува политички плурализам и дека националните телевизии координирано ја поддржуваат владејачката партија. „Констатираме дека најголем...

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...