fbpx
Таг: знаме

таг: знаме

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе коалицира со Села, човекот кој Македонците ги множи со нула

„Зоран Заев си поигрува со националните и со државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е заглавен до гуша, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување. Затоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден сè погласно“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „последното кое граѓаните можеа да го видат...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ги осуди партизаните и борците од АСНОМ за нивната борба

„Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот 1912-1956 година. Ова е точка од платформата преку која СДСМ сака да ги осуди борците од АСНОМ и партизаните за нивната борба за слободна држава“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „граѓаните не се должни да...

СДСМ: Лага се пишувањата за менување на симболите и за осуда на народи за геноциди

Лага се пишувањата на потралите „Република“, „Курир“ и медиумите што ги пренесуваат, за некакви менувања на државното знаме и химна, за некакви осуди на народи за геноциди, за јазични решенија спротивни на Уставот и слични измислици, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „сите тие лаги се само тенденциозен обид за подгревање на национална нетрпеливост помеѓу...

Од Белград со фрески и во боите на српското знаме, тргна возот за Косовска Митровица

Од белградската железничка станица утринава тргна возот за Косовска Митровица, украсен со боите на српското знаме и испишан со паролите „Косово е српско“ на 21 јазик, вклучувајќи го и албанскиот. Тоа е првиот воз што од Белград тргна за Косовска Митровица по 18 години. Станува збор за промотивно возење на пробната линија Белград - Косовска Митровца, која ќе биде воспоставена од...

Мистериозно исчезна знамето на Русија на состанокот на ОБСЕ во Хамбург

Знамињата на сите 57 земји членки на ОБСЕ се поставени во изложбениот дел во медиумскиот центар на саемот во Хамбург. Голем син плакат на кој е испишано „ОБСЕ - Германија 2016“, заедно со знамињата се одлична заднина за фотографирање и за изјави од министрите за надворешни работи. Сепак, утринава, во редот знамиња се појави дупка - исчезна знамето на...

Во Битола одбележан Денот на албанската азбука без превод на македонски јазик

На албански јазик и без превод на македонски јазик, во Битола беше одбележан Денот на албанската азбука. Единаесетте членови на комисијата што пред 108 години ја состави албанската азбука, во Битола денеска добија восочни фигури кои се поставени во спомен-соба. Со гости од Македонија, Косово и од Албанија, попладневно во Битола свечено се одбележува годишнината од создавањето на албанската азбука. На свеченоста присуствуваа претставници...

Силниот јужен ветер предизвика помали штети во Охрид

Изминатава ноќ и денеска до пладне во Охрид дивееше силен ветер кој направи штети, особено во крајбрежниот дел. Искинати се настрешници, има паднати гранки и дрвја, како и оштетени покриви. Мегу другото, силниот јужен ветер го одвеа големото знаме кое беше поставено на 24 метри високиот јарбол на градскиот плоштад Св. Климент Охридски. Знамето беше поставено во април 2009 година, како...

СДСМ го осудува недоличното навивање на натпреварот меѓу Македонија и Албанија

СДСМ денеска преку соопштение го осуди недоличното навивање и свирежите на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Албанија. „Очекуваме дека вчерашните груби навреди упатени од група навивачи на домашната репрезентација кон репрезентативците од Македонија, додека тие ја пееја химната на Македонија, и фрлањето факли на трибината со навивачи од Македонија, ќе добијат соодветна осуда од Фудбалската федерација на Албанија, тамошните власти...

Порошенко: Украинско знаме над Донецк и над Крим

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, се упати кон Донбас за да ѝ го честита на војската Денот на државното знаме, а пред тоа на плоштадот Софија во Киев изјави дека под украинска контрола треба да се вратат териториите на кои се прогласени Народна Република Донецк и Луганск. - Особено тешка задача за нас е да се направи нашето знаме повторно да е развиори над...

Апсења во Кливленд поради обид за палење на американско знаме

Полицијата во Кливленд уапси 18 лица по кошкањето со демонстрантите, кои синоќа се обидоа да запалат американско знаме во близина на влезот на арената каде се одржуваше конвенцијата на републиканците, соопштија властите. Инцидентот се случил синоќа, а двајца уапсени се обвинети за напад на полицаец кој се обидел да им го одземе знамето, соопшти шефот на полицијата во Кливленд, Калвин...

Знамето на САД на половина копје до четврток на зајдисонце

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама, денеска издаде наредба знамето на САД на Белата куќа, сите јавни згради, бродови на американската морнарица, амбасади и конзуларни преставништва во странство да бидат поставени на половина копје, во чест на жртвите од масакрот што се случи вчера во Орландо, а во кој животите ги загубија 50 лица. Знамињата, како што стои во наредбата...

Уставен суд се закити со три големи македонски знамиња

На зградата на Уставниот суд поставени се три големи македонски знамиња, како тоа што беше поставено на Порта „Македонија“ по протестот одржан од ГДОМ во четвртокот. Денеска знамето што се вееше на Порта „Македонија“ го нема, а поставени се три на Уставниот суд. Полицијата во моментов го напушта просторот околу Судот. Таму беа присутни голем број специјалци поради најавата на граѓанската иницијатива „Протестирам“ дека...

Апсење во БИХ, пронајдени бомби, мини и знаме на ИД

Службеници на Државната агенција за истрага и за заштита на Босна и Херцеговина (СИПА) уапсиле три лица кај кои е пронајдено оружје и знаме на Исламска држава. Од СИПА соопштија дека се претресени објекти на три локации како продолжување на акцијата „Дамаск“, која има цел да се откријат личности за кои постои сомневање дека имаат врска со радикални исламистички терористички...

Ирачкото знаме развеано во Рамади

Ирачките антитерористички сили денеска го подигнале ирачкото знаме на државниот комплекс во западниот град Рамади, соопшти воениот портпарол. Симболичниот потег следува еден ден откако војската прогласи победа над борците на Исламска држава во градот. - Да, градот Рамади е ослободен. Ирачките антитерористички сили го подигнале знамето над владиниот комплекс во Анбар – соопшти портпаролот на воената операција, генерал Јахја Расул. Рамади е...

Палестинското знаме првпат во ОН

Знамето на Палестинците денеска првпат во историјата ќе биде подигнато во Обединетите нации. Според палестинскиот претседател Махмуд Абас, ова е знак на надеж, особено во период кога меѓу Палестинците се зголемува очајот поради тоа што сè уште немаат оформено независна држава. Според најавите, генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и Махмуд Абас ќе претседаваат со 15-минутната церемонија, откако палестинскиот претседател ќе...

Американското знаме се развиори на Куба, по 54 години

По повеќе од половина век, денеска на Куба се развиори американското знаме пред амбасадата на САД во Хавана. Церемонијата ја предводеше американскиот државен секретар Џон Кери. Американското знаме беше спуштено од 1961 година. Државниот секретар Кери, сепак немал средба со претседателот Раул Кастро, ниту пак со поранешниот претседател Фидел Кастро.Тој пак, во отворено писмо ги обвини САД дека, на Куба и должат...

Кери подигна знаме на обновената амбасада во Хавана

Американскиот државен секретар Џон Кери допатува во посета на Куба, каде повторно го подигна американското знаме на новоотвoрената амбасада во Хавана, кое беше симнато пред 54 години. За време на посетата, предвидено е Кери да разговара со кубанскиот министер за надворешени работи, римокатоличкиот бискуп на Куба и со избрана група дисиденти. По заминувањето на Кери, дипломатите што преговараа за повторно отварање на...

Тунис има знаме за Гинис

Тунижаните минатиот викенд го развија националното знаме со големина на 18 фудбалски терени за да го достигнат рекордот „најголемо знаме на светот“, соопштија туниските медиуми. Неколку стотини лица учествуваа на настанот одржан на југот на Тунис, каде дошле и војници за да се поклонат на знамето заедно со химната. Црвено-белото знаме, кое со површина од 104.544 квадратни метри, се состои од 80 километри ткаенина...

Македонското знаме ја понесе титулата најубаво знаме

Македонското знаме со 13.190 гласа го освои првото место на изборот за најдобро знаме во светот, кој го организираше канадскиот весник „Прованс“. Во тринеделниот натпревар, на кој се гласаше на интернет, учествуваат 64 знамиња. Македонското знаме влезе во четвртфиналето, кога почна масовното гласање за поддршка на македонскиот национален симбол. Македонското знаме успеа да ги победи знамињата на Швајцарија, Канада и...

Церемонијална промена на знамето пред Собранието

Припадниците на Баталјонот за почести и опслужување и Воениот оркестар на АРМ денеска извршија церемонија за промена на државото знаме поставено на јарболот пред Собранието на Република Македонија.  

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...