fbpx
Таг: злоупотреба

таг: злоупотреба

Пријава за ексдиректорот на ПИОМ за злоупотреба на над 22 илјади евра

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Бирото за јавна безбедност до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Д.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Од МВР велат дека во периодот од 19.02.2022 до 17.03.2023, кога ја вршел на функцијата директор...

И доктор Нико Беќаровски злоупотребен за ширење „кемтрејлс“ теории на заговор

Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека познатиот доктор Нико Беќаровски ја потврдил теоријата на заговор за „кемтрејлс“, според која од авиони нè прскаат со хемиски супстанци, односно отрови кои предизвикуваат симптоми карактеристични за вирусни заболувања. Ова не е точно, изјавата на доктор Беќаровски е злоупотребена и се користи за да се шират невистини, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Политичка и етничка злоупотреба на трагичната смрт на Вања

Јавноста деновиве беше „бомбардирана“ со дезинформации за случајот со тинејџерката Вања Ѓорчевска, која на 27 ноември беше киднапирана во сред Скопје, во време на главниот сообраќаен шпиц додека одела на училиште, а по една недела беше најдена мртва во атарот на скопското село Бразда. Се ширеа невистини и од етнички и политички побуди, сакајќи некој да профитира и од...

Меѓународниот аерoдром Скопје не нуди изгубени куфери за 1 евро

Станува збор за лажна понуда со цел финансиска измама, во која се злоупотребува брендот и името на ТАВ аеродромите. Со багажот на патниците не се тргува, туку тој им се враќа на патниците доколку го изгубат. Оваа страница, до која води објавата што се шири на Фејсбук, не е на ТАВ Македонија, туку е на измамници, кои целат да...

Згаснува „Omegle“ – популарната страница за видеoразговор

По 14 години и по низата случаи на пријави за злоупотреба, популарната веб-страница за видеоразговори во живо „Omegle“ (Омегл) се гаси. Страницата се спомнува во повеќе од 50 случаи против педофили во последниве неколку години, пренесува Би-би-си. Основачот Леиф Брукс во изјава која сега стои на почетната страница на сајтот вели дека работењето на „Омегл“ повеќе не е одржливо -...

Фабрикувано видео: Жан Митрев не препорачува магичен лек за враќање на видот

Доктор Жан Митрев не е специјалист за офталмологија, туку кардиохирург и не препорачува никаква состојка за стопроцентно враќање на видот, како што невистинито се претставува во видеото од оваа манипулативна објава. Станува збор за видео кое е изменето (altered content) во делот на синхронизацијата, со цел да се добие лажна претстава дека реномиран лекар препорачува некаков волшебен лек за...

ДЕБАТА: Државното финансирање на медиуми да не се повтори, лошо влијае на новинарството

Државното финансирање на медиумите во минатото придонело за нагло влошување на квалитетот на новинарството, бидејќи клинтелизмот на тој начин најотворено влегува во односот меѓу државата и медиумите. Ова беше потенцирано на денешниот настан „Отворени прашања за изборното рекламирање со државни средства“ што го организираше Институт за демократија денеска во хотелот Панорамика во Скопје. На настанот се дискутираше за ризиците од...

Ѓилас со тужба против ТВ Пинк за фалсификување на неговиот глас и лик со вештачка интелигенција

Претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас изјави дека ангажирал адвокатска канцеларија и ќе ги тужи телевизијата Пинк и нејзиниот сопственик Жељко Митровиќ за фалсификување на неговиот глас и лик во видео со помош на вештачка интелигенција во кој се чини дека признава оти направил злоупотреби, пренесе Данас.рс. Ѓилас на прес-конференцијата пред зградата ТВ Пинк рече дека како...

Вработена во МВР барала пари на рака за издавање лични документи – собрала 10.000 евра

Поднесена е кривична пријава против вработена во Отсекот за управни работи Штип за Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера на служба“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Вработената Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, од јануари до мај годинава во...

Злоупотребенa фотографија: Претседателката на ДКСК е сликана со сопругот, а не со синот на Џафери

Од медиумски објави поврзани со приватниот дел од животот на Ивановска, очигледно е дека човекот со кој е сликана на фотографијата прикажана во постот е нејзиниот сопруг, а не синот на претседателот на Собранието. Исто така, од Антикорупциската комисија излегоа со демант на тврдењата објавени на социјалните мрежи пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На социјалната...

LG не доделува 150 фрижидери и машини за перење ако споделите пост

Во конкретниот случај се бара да се промовира Фејсбук страницата, да се споделува лажниот пост со лажната наградна игра, се со цел оваа Фејсбук страница да добие голема виралност, да добие голем број на следачи. За оваа цел злоупотребени се брендот, логото и името на LG, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост објавен на...

Гир: Загриженоста за користењето европско знаменце е кога нема усогласување со европската регулатива

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир денеска реагираше дека земјава не може да го користи системот „европско знаменце“ при донесувањето на закони во Собранието, во случаи кога се усвојуваат законски решенија што не се во согласност со регулативата на ЕУ. Гир рече дека системот „европско знаменце“ при усвојувањето на закони во Собранието е дизајниран да се користи кога треба...

Измама е дека Филипс доделува апарат за две евра за првите сто луѓе

Ваквата „понуда“ за Филипс апарати за две евра е пласирана исклучиво со цел корисниците да ги споделат своите лични податоци во полињата, а потоа истите на многу начини можат да бидат злоупотребени. Ако се погледне веб-адресата на измамничкиот сајт, се гледа дека на неа не фигурира името на брендот Филипс, туку се работи за аматерски креирана посебна страница со...

Антикорупциска: Злоупотребен е профилот на Фејсбук на претседателката Ивановска

Злоупотребен е профилот на Фејсбук на претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска. На нејзиниот приватен профил преку фотомонтажа се злоупотребуваат семејни фотографии, информираше ДКСК, од каде велат дека случајот претставува дефокусирање на јавноста. „Во интерес на вистината ја информираме јавноста дека приватниот профил на социјалната мрежа Facebook на претседателката на Државната комисија за спречување на...

Контраспин: Џафери спинува – не е проблем роднинството туку (не)почитувањето на законите

Талат Џафери спинува кога вели дека сензацијата е затоа што тој е на висока функција и дека без оглед на тоа и неговото дете има право да конкурира и да добие работа (неспорно), а спинува и кога затворената постапка на Антикорупциска ја толкува како сè да било чисто. Во овој случај, интересот на јавноста е токму поради заштитата на...

Измама: Не се продава правосмукалка за 120 денари

Во постот се злоупотребува името и логото на Амазон, една од најголемите светски компании за е-трговија со седиште во САД. На официјалната страница на Амазон.ком најевтиниот модел на правосмукалката Duson V11 која се нуди во објавата на Фејсбук,  е 149 долари и не постои правосмукалка за 120 денари. Страницата што ја објавува наводната продажбата е создадена на 20 август...

На Драган Даравелски одново ќе му се суди

Основниот кривичен суд - Скопје одлучи да се повтори судската постапка за приведениот поранешен директор на Царинската управа, Драган Даравелски, кој беше уапсен на 10 јануари на граничниот премин „Табановце“ заради издржување затворска казна. Даравелски беше осуден во мај 2007 година на седум години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања. Пресудата беше потврдена и од Апелациониот суд Скопје...

Лекарската комора бара институциите да ги заштитат лекарите кои се злоупотребуваат за лажно рекламирање

Во последно време стана зачестена појавата на лажни и манипулативни реклами за т.н. медицински производи, препарати и методи кои се пласираат на интернет, реагираат од Лекарската комора на Република Северна Македонија. Оттаму велат дека ги осудуваат сите обиди за злоупотреба на професионалниот интегритет и авторитет на лекарите преку различни реклами за лекови, помошни средства за лекување, додатоци во исхраната и...

КАМ маркети не доделуваат парични награди ако напишете „ЈАС“ во коментар

Станува збор за лажна наградна игра во која се злоупотребува името, брендот и логото на КАМ маркет. Компанијата објави демант дека не се работи за нивна наградна игра, ниту пак, има некаква поврзаност со КАМ маркет. „За да бидете сигурни дека сте на вистинската страница на брендот, барајте ја т.н. СИНА ЗНАЧКА до името, која потврдува дека се работи...

Скопјанка злоупотребила лични податоци – со туѓа лична карта сакала да подигне кредит

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нов откриен случај на злоупотреба на личните податоци, во кој за среќа, навреме се реагирало и е спречена намерата. Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднела кривична пријава против скопјанката И.И. (54) за сторени дела „измама при добивање на кредит или друга погодност" по член 249...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...