fbpx
Таг: злоупотреба на службената положба

таг: злоупотреба на службената положба

Избеганиот Драган Даравелски приведен на „Табановце“

Одамна избеганиот поранешен прв човек на Царинската управа, Драган Даравелски, денеска бил приведен на граничниот премин „Табановце“, потврдија за Мета.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР). Против Даравелски, кој беше осуден за злоупотреба на службената положба во Царината во периодот од 1999 до 2002 година за штети од над 2 милиони евра, има судска пресуда за затвор. Му се судеше...

Поранешниот генсек на Владата Мухамед Зеќири пред судот се изјасни дека не е виновен

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири на почетокот на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје, изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар, известува Дојче Веле на македонски јазик. Неговите адвокати побарале вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на „Пошта“, Јани Макрадули,...

Поднесено обвинението против Рашковски: Парите од тендерите ги префрлал на свои сметки и си отплаќал кредити

Dragi Rashkovski
По неколкумесечна истражна постапка денеска Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска Кривичниот суд во Скопје поднесе обвинение против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Покрај него, за злоупотреба на службената положба и овластување при спроведување јавни набавки на софтвер обвинение добија и уште шест лица. На Рашковски му се става на товар дека сторил продолжено...

Обвинителството почна предистражна постапка за бегството на Груевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) соопшти дека почнало предистражна постапка, поради сомневање дека некои службени лица злоупотребувајќи ја службената положба му овозможиле на Никола Груевски да избега од Македонија. Обвинителството вели дека одлуката за отворање на предметот е донесена „следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите...

Притвор од 30 дена за екс-градоначалникот на Демир Капија и соработниците

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека по поднесената кривична пријава од Управата за финансиска полиција, почнало истражна постапка против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев и три други лица, за кои вчера извести Финансиска полиција. По барање на ОЈО ГОКК, судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 на...

Нова, трета по ред, кривична пријава против поранешниот градоначалник на Ново Село

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство поднесе нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Блажо Велков поради злоупотреба на службената положба и овластување. Ова е трета кривична пријава што полицијата ја поднесува против Велков во изминaтите четири месеци. Со последната, СВР Струмица го сомничи поранешниот градоначалник на општина Ново Село дека на 7 март 2014...

Кривична пријава за бившиот градоначалник на Василево, Ванчо Стојанов

Ванчо Стојанов (50), претходниот градоначалник на општина Василево, како и Л.Н. (44), в.д. директор на Јавното претпријатие „Турија“, добија кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување и за помагање во такво кривично дело. СВР Струмица ги товари за злоупотреба на машина на јавното претпријатие за насипување песок за улица во селото Едрениково, која не била во урбанистичкиот план. Според...

Сокол Митревски остана без пасош и доби забрана да го напушта Скопје

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, и на уште пет лица им одреди мерки на претпазливост, потврди судот. На Митревски и на другите петмина осомничени судот им ги одзеде пасошите, им забрани да го напуштаат живеалиштето, односно Скопје, и им наложи редовно да се јавуваат кај...

ВМРО-ДПМНЕ му поднесе кривична пријава на Рашковски за злоупотреба на положбата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека поднела кривична пријава против генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, поради злоупотреба на службената положба и овластувања. Според ВМРО-ДПМНЕ, Рашковски, од неговото назначување на функцијата генерален секретар на Владата до денот на распишување на локалните избори, повеќепати организирал именувања за в.д. директори на лица „кои не ги исполнуваат законските основи да бидат именувани и лица...

Вработени во Основниот суд Скопје 1 му поднеле нова кривична пријава на Панчевски

Вработени во Основниот суд Скопје 1 поднеле нова кривична пријава против претседателот на судот, Владмир Панчевски, со која го товарат дека ја злоупотребил службената положба, односно дека на 4 ноември распишал интерен оглас за позицијата судски администратор иако, според Законот за судска служба, за ова место е предвидено да биде распишан јавен оглас. Во врска со огласот, како што јавуваат...

Кривична пријава за шест директори на бившиот концесионер на „Злетово“ и „Тораница“

Пробиштипската полиција поднела кривична пријава против шестмина директори на индиската компанија „Индоминелари и метали“, која до неодамна беше концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и предизвикување на стечај со несовесно работење, оштетување или повластување на доверители, информира денеска МВР. Првосомничен е индискиот државјанин П.А.М. (70), а меѓу осомничените се и...

Ем бил на работа во странство ем земал плата од училиште во Кумановско

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 46-годишниот А.Р., директор на Основното училиште „Битолски Конгрес“ во село Лопате, кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од МВР, осомничениот, како одговорно лице, на вработен во училиштето не му го откажал договорот за вработување поради неоправдано отсуство од работа во 2014 и во 2015...

Обвинителството отвори постапка против сопругот на Шекеринска

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека повело постапка против „едно лице осомничено за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека издавало под закуп станови, на кои било сопственик, на фирмата што ја управувало, а кои воопшто не биле користени“. Во соопштението на обвинителството, иако не е наведен идентитетот на осомничениот, а нема ниту иницијали, извесно е...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...