fbpx
Таг: Злетово

таг: Злетово

Градинката „Изворче“ во Злетово ќе добие нов покрив, со јапонска донација

Градоначалникот на Општина Злетово, Драган Анастасов и амбасадорот на Јапонија Хиронори Савада, потпишаа договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“, за да се постави нов покрив на градинката „Изворче“ во Злетово. Вредноста на донацијата е 77.975 евра. Предвидено е да се отстрани стариот азбестен покрив и да се инсталира нов. ​ „Санацијата на покривот е неопходна како од...

Продаден имотот на рудниците Злетово и Тораница

Наместо за проценетите седум милиони евра, имотот на рудниците Злетово од Пробиштип и Тораница од Крива Паланка беше продаден за половина од вредноста. Советот на доверители ја прифати понудата од 3,5 милиони евра од концесионерот на рудниците, бугарски „Минстрој“. Бугарските сопственици купуваат само 67 отсто од имотот. Одлуката предизвика револт кај доверителите, кои веќе две години чекаат наплата од рудниците....

Кривична пријава за шест директори на бившиот концесионер на „Злетово“ и „Тораница“

Пробиштипската полиција поднела кривична пријава против шестмина директори на индиската компанија „Индоминелари и метали“, која до неодамна беше концесионер на рудниците „Злетово“ и „Тораница“, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и предизвикување на стечај со несовесно работење, оштетување или повластување на доверители, информира денеска МВР. Првосомничен е индискиот државјанин П.А.М. (70), а меѓу осомничените се и...

Потпишан договорот за концесија за рудниците Злетово и Тораница

Владата и новиот концесионер на рудниците Злетово и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“, го потпишаа договорот за концесија, со што 1.000 рудари ќе се вратат на работа. Новиот инвеститор најави и нови вработувања и големи инвестиции во нова и современа опрема. - По завршувањето на стечајната постапка, наша цел беше во што е можно пократок временски период да се привлече нов инвеститор...

Бугарска фирма со највисока понуда за рудниците Злетово и Тораница

На денешното електронско наддавање за концесија за рудниците Злетово и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“ понудила највисока цена од трите фирми што ги исполнувале условите за учество во наддавањето. Компанијата која е со седиште во Софија, понудила два милиони евра за преземање на рудниците Злетово и Тораница. Фирмата „Индоминерали“, која досега управуваше со рудниците, е во стечај. Другите две компании што наддавале, понудиле по 900.000...

Концесионерот на рудниците Злетово и Тораница треба да се знае на 16 март

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска ги информираше вработените во рудниците Злетово и Тораница дека Владата објавила повик за концесија на минералните суровини, кој треба да заврши на 14 март, а на 16 март ќе следи јавна аукција за избор на компанија што ќе ги добие на концесија минералните суровини. - Владата донесе одлука со која го презема...

Рударите демантираат: Не се работи во Злетово и во Тораница

Синдикатот на рудниците Злетово и Тораница попладнево го демантираше раководството на компанијата „Индоминерали и метали“, која стопанисува со рудниците, а кое преку соопштение денеска информираше дека работниците од овие два рудника „се на своите работни места“. - Прекинот на работата и понатаму трае и не е точно дека рударите се вратија на работа. Од 400 рудари во Злетово, само десетина...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги користи трагедиите на луѓето за политички цели

СДСМ продолжува на крајно нечовечки начин да ја злоупотребува трагедијата за да добие некој ситен партиски поен, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата во која СДСМ побара оставки од министерот за одбрана, Зоран Јолевски и од началникот на Генерал-штабот, Горанчо Котевски. ВМРО-ДПМНЕ апелира до СДСМ да не користи лични трагедии за политички цели бидејќи, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, тое е...

Погребани жртвите од вчерашното тројно убиство во Злетово

Жртвите на вчерашното тројно убиство во Злетово, брачниот пар Илија М. (65) и Јана М. 63) и 51-годишниот Методија Д., денеска беа погребани на гробиштата во Злетово, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Погребано беше и телото и на 40-годишниот професионален војник Д.М., кој го изврши трикратното убиство. Во Пробиштип денеска е прогласен ден на жалост. Злетовци се сè уште...

СДСМ бара оставки од Јолевски и од Котевски

Недозволив е молкот на министерот за одбрана Зоран Јолевски и на началникот на Генералштабот Горанчо Котевски, како и на премиерот Никола Груевски за грозоморното убиство што се случи вчера во Злетово, обвинуваат од опозцијата. - Бараме Јолевски и Котевски веднаш да си поднесат неотповикливи оставки. Во црно се две семејства на убиените и уште едно на професионалниот војник. МО и...

Vrasje e trefishtë: U gjet trupi i vrasësit të dyshuar

  Ushtari profesionist D.M. (40), i dyshuar për vrasje të trefishtë  që sot në mëngjes ndodhi në rrethinën e Probishtipit në Zletovë, është personi trupi i të cilit u gjet i varur në afërsi të fshatit, bën të ditur nga policia, informon korrespodenti i “Metës” nga Shtipi. Siç informon polica, pasi ka vrarë viktimat, ka shkuar në shtëpi, ku ka takuar...

Тројно убиство: Осомничениот најден обесен во близина на селото?!

Во близина на Злетово, полицијата пронашла обесен маж, за кој се претпоставува дека е професионалниот војник Д.М. (40), осомничен за тројното убиство што утрово се случи во селото, неофицијално дознава „Мета“ од полициски извори. Во тек е постапка за утврдување на идентитетот на лицето, чие тело е пронајдено.

Тројно убиство: Осомничениот, вооружен до заби, дошол во Злетово

Четириесетгодишниот професионален војник Д.М. пред да го изврши тројното убиство во Злетово бил на стража и по завршувањето на работните обврски, со комлетна воена опрема, дошол во селото, јавува дописинкот на „Мета“ од Штип. Тој првин се упатил во домот на М.Д. (50), вработен во државниот пазарен инспекторат. Соседите сведочат дека слушнале расправија, по што осомничениот го убил М.Д. Потоа, осомничениот заминал...

Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово

Четириесетгодишен професионален војник е осомничен за тројното убиство што утрово се случи во Злетово, пренесуваат медиумите. Според првичните информации, тој ги застрелал родителите на својата сопруга и уште едно машко лице. Телата на жртвите биле пронајдени на две одделни локации во селото. Како што пренесуваат медиумите, осомничениот во времето на убиството бил на службена должност. Осомничениот е во бегство и полицијата трага по...

Телата на убиените во Злетово биле најдени на две одделни локации

Жртвите на тројното убиство, што утрово се случи во пробиштипското село Злетово, биле најдени на две одделни локации, велат за „Мета“ од МВР. Сè уште трае потрагата по убиецот, многу полициски екипи се во селото и се врши увид. Убиени се двајца мажи и една жена, во кои било стрелано со огнено оружје. Според првичните, неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на...

Тројно убиство во пробиштипското село Злетово

Тројно убиство се случило утрово, околу 7 часот, во пробиштипското село Злетово, објави МРТ. Од полицијата ја потврдиле информацијата за јавниот телевизиски сервис. Како што информирале оттаму, биле убиени двајца мажи и една жена, а според неофицијални информации, едниот маж и жената се родители на сопругата на убиецот. Осомничениот, веднаш по убиството, побегнал и полицијата трага по него. Повеќе детали од МВР најавуваат...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...