fbpx
Таг: Златен венец

таг: Златен венец

Со поетско читање од 18 странски поети завршија „Струшките вечери на поезијата“

Со поетско читање во Даут пашиниот амам на кое учествуваа 18 поети од странство, вчера официјално заврши годинешното 61. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшките вечери на поезијата“ „Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе песната „Да посадиш дрво“, англискиот...

Поетите Шунтаро Таникава и Џерардо Мазучо се годинешните лауреати на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“

Денеска во просториите на Македонската академија на науките и уметностите се одржа свечениот настан по повод соопштувањето на годинешните лауреати за две од трите награди на престижниот меѓународен поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Добитник на главната награда на фестивалот, „Златен венец“ за 2022 година е најзначајниот жив јапонски поет, Шунтаро Таникава. Во одлуката на Управниот одбор на СВП, претседателката, проф....

СВП ќе ги соопшти лауреатите на Светскиот ден на поезијата в понеделник

Во рамките на главното одбележување на Светскиот ден на поезијата в понеделник со почеток во 11 часот во МАНУ, Меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) ќе ги соопшти имињата на лауреатите на две од трите најголеми награди за 2022 година : „Златен венец“ и „Мостови на Струга“, која се доделува на млад поет. На манифестацијата за одбележување на...

Свечено отворени јубилејните 60-ти „Струшки вечери на поезијата“

Со традиционално палење на поетскиот оган, на летната тераса на хотелот „Дрим“ во Струга во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како и на владини претставници и љубители на пишаниот збор, свеченото беа отворени „Струшките вечери на поезијата“, информираат од фестивалот. Вечерта ја отвори поетот и писател и некогашен директор на СВП, Јован Стрезовски, кој имаше...

Романската поетеса Ана Бландијана е добитникот на „Златен венец“ за 2019 година

Добитник на „Златен венец“ за 2019 година, главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е романската поетеса Ана Бландијана. Одлуката ја соопштија Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) на денешната свечена седница што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Наградата на годинашната лауреатка, чие вистинско име е Отилија Валерија Коман, ќе...

Почина академик Матеја Матевски

Истакнатиот поет и академик Матеја Матевски почина ноќеска на 89-годишна возраст. Матевски е роден во Истанбул во 1929 година, детството го поминал во Гостивар, а студирал во Белград и Скопје, каде завршил Филозофски факултет. Работел како наставник по македонски јазик, а потоа бил новинар во Радио Скопје. Тој бил генерален директор на Радиотелевизија Скопје, членувал на Друштвото на писателите на Македонија и во...

Отворени јубилејните 55. „Струшки вечери на поезијата“

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ и со палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, синоќа во Струга почнаа 55. „Струшки вечери на поезијата“. - Веќе 55 години, поетската Струга е дом на најголемите бардови на светската поезија, кои низ своите автентични поетики изградија мостови меѓу цивилизациите, мостови меѓу сегашноста и иднината. Со својот поетско-уметнички чин, поетите од...

Кубанската поетеса Морехон испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите

Кубанската поетеса, Ненси Морехон, добитничка на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2006 година, испрати порака со сочувство до настраданите во поплавите што го погодија Скопје и околината. Пораката, Морехон ја упати преку Струшките вечери на поезијата. „Драги пријатели, додека слушав вести, чув за природните катастрофи во Македонија, посебно во вашиот главен град Скопје, од каде сè уште...

Почина францускиот поет Ив Бонфоа, добитник на струшкиот „Златен венец“

Почина еден од најзначајните француски и современи светски поети, Ив Бонфоа, кој за своето исклучително поетско творештво беше добитник на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ во 1999 година. Обемното книжевно дело на Бонфоа го сочинуваат поетски книги, студии, есеи и преводи. За своето творештво и за книжевно-истражувачката дејност бил награден со бројни признанија.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...