fbpx
Таг: Зимбабве

таг: Зимбабве

Владата бара „чаре“ за имотот во Зимбабве добиен од сукцесијата на СФРЈ

Владата на 28 седница ја разгледа информацијата за предлог – активности за решавање на статусот на имотот во Хараре, главниот град на африканската држава Зимбабве, кој се наоѓа на адреса: „41 Argyle Drive, Highlands, Harare, Zimbabwe“, кој Република Северна Македонија го доби во процесот на сукцесија на дипломатско-конзуларниот имот на поранешната СФРЈ. Притоа, Владата го задолжила Министерството за надворешни работи...

Зимбаве гласа на првите избори без Мугабе

Во Зимбаве денеска се одржуваат првите избори по ерата на Роберт Мугабе, кој со оваа африканска земја владееше четири децении. Се гласа за претседател, за парламентот и на локални избори. Мугабе рече дека нема да гласа за Емерсон Мнангагва, кој го замени на лидерското место по неговото уривање од власт. Мнангагва (75) е од владејчката партија Зану ПФ, а неговиот...

Мнангагва му ветил сигурност на Мугабе

Идниот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, кој денеска треба да ја преземе функцијата, му ветил на својот претходник, Роберт Мугабе, дека тој и неговото семејство ќе бидат безбедни во земјата. Како што пренесуваат локалните медиуми, Мугабе му соопштил на Мнангагва дека поради замор нема да присуствува на неговата инаугурација. Светските медиуми вчера јавија дека Мугабе добил имунитет кој го штити од...

И новиот претседател на Зимбабве е под меѓународни санкции

Новиот претседател на Зимбабве, Емерсон Мнагагва, кој утре треба да положи заклетва, се наоѓа на црната листа на САД поради активности за време на владеењето на поранешниот претседател, Роберт Мугабе. САД воведоа санкции против Мнагагва поради „поткопување на демократските процеси или институции“, како и поради „насилство и кршење на човековите права на политичките противници“. Идниот претседател е обвинет за насилно отстранување на...

Мугабе поднесе оставка – славење на улиците на Зимбабве

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, поднесе оставка која веднаш стапува на сила, јавуваат светските агенции. Во писмото кое го испратил до парламентот се наведува дека оставката е доброволна. Претседателот на парламентот на Зимбабве веднаш ја прекина собраниската седница на која се расправаше за отповикување на Мугабе, а на улиците на оваа африканска држава веќе се слави. https://twitter.com/Ugaman01/status/933003766323990528 Претходно, поранешниот потпретседател, Емерсон Мнангагва, го...

Мугабе ја напишал својата оставка

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, се согласил да се повлече и составил писмо во кое ја дава својата оставка, јави телевизијата „Си-ен-ен“, повикувајќи се на воени извори вклучени во преговорите во Хараре. Според одредбите од договорот, Мугабе и неговата сопруга Грејс, ќе добијат целосен имунитет, но други детали засега не се откриваат. Владејачката Африканска национална унија на Зимбабве - Патриотски фронт...

Импичмент за Мугабе доколку не поднесе оставка до утре попладне

Владејачката партија на Зимбабве (ЗАНУ-ПФ) му даде рок на Роберт Мугабе, кого го смени од позицијата лидер на партијата, до утре попладне да поднесе оставка од позицијата шеф на државата. Партијата најави дека во спротивно ќе почне процедура за импичмент, односно за смена на Мугабе од претседателската функција на седницата на парламентот која е закажана за вторник. За наследник на Мугабе во...

Мугабе сменет од лидерската позиција во владејачката партија на Зимбабве

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, е сменет од местото лидер на владејачката партија и е избркан од нејзиното членство, јавуваат светските новински агенции. На неговото место во партијата е поставен Емерсон Мнангагва, кој овој месец беше сменет од местото потпретседател на државата. Вчера илјадници граѓани на Зимбабве ги преплавија улиците на главниот град Хараре, мавтајќи со националното знаме, и со песна...

Илјадници луѓе на протести во Зимбабве, го чекаат падот на Мугабе

Илјадници граѓани на Зимбабве ги преплавија улиците на главниот град Хараре, мавтајќи со националното знаме, и со песна го чекаат падот на претседателот, Роберт Мугабе. - Ова се солзи радосници. Целиот живот го чекав овој ден. Конечно сме слободни – изјави 34-годишниот Френк Муциндикв. Учесниците на протестот против Мугабе ги гушкаат војниците извикувајќи „Заминувај генерале наш“ и носејќи транспаренти со натпис...

Мугабе не сака да се повлече

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, одбива да се повлече и покрај постојаните повици за негова оставка. Деведесет и тригодишниот Мугабе од завчера е во домашен притвор, откако војската ја презеде власта, а во меѓувреме сè уште трае борбата за неговата позиција. Војската соопшти дека преговара со Мугабе, пренесува „Би-би-си“. Во соопштението се наведува дека е направен напредок во борбата против „криминалците“ околу...

Мугабе преговара со војската за својата иднина

Долгогодишниот лидер на Зимбабве, Роберт Мугабе, води директни преговори со војската за неговата иднина, пренесува „Би-би-си“. Медиумите во Зимбабве објавија фотографии од 93-годишниот Мугабе со началникот на војската на Зимбабве и двајца пратеници од Јужна Африка во неговата резиденција во Хараре. Мугабе од вчера се наоѓа во домашен притвор, откако војската ја презеде контролата во земјата. Извори блиски до војската соопштиле дека...

Африканската унија не го признава пучот во Зимбабве

Африканската унија денеска соопшти дена не го признава воениот удар во Зимбабве и повика на почитувањето на уставот. - Повикуваме на почитување на уставот, враќање на уставниот поредок и никогаш нема да прифатиме воен удар – рече Алфа Конде, претседател на Гвинеја и претседавач на Африканската унија. Војската вчера презеде контрола над Зимбабве, а претседателот Роберт Мугабе е ставен во домашен...

Свештеник посредува во повлекувањето на Мугабе

Во разговорите за повлекување на претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе, кој инсистира дека може да го смени само раководството на неговата партија, посредува католички свештеник, соопштија денеска политички и разузнавачки извори. Опозицискиот лидер, Морган Чвангирај, кој во странство се лечеше од рак, доцна синоќа е врати во Хараре, соопшти портпаролот на неговата партија. Судбината и статусот на Мугабе (93) се нејасни откако...

Гутереш повика на воздржаност во Зимбабве

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ја повика Зимбабве на воздржаност после излегувањето на војската на улица во главниот град на земјата. Тој повика на мир, избегнување на насилство и воздржаност. -Да се сочуваат основните права, меѓу кои и слободата на говор и собирање е од витално значење – оцени Гутереш. Во изјавата на Гутереш се вели дека полтичките разлики треба...

Џонсон: Не сакаме во Зимбабве еден тиранин да наследи друг

Британија не би сакала да види еден тиранин како менува друг во Зимбабве, откако војската ја презема власта во Харарех , вели шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон. -Никој не би сакал да види транзиција од еден неизбран тиранин на друг. Сакаме да видиме слободни и чесни избори – рече Џонсон во британскиот парламент. Претходно денеска тој рече дека е тешко...

Војската ја презеде контролата во Зимбабве, Мугабе и семејството во притвор

Владејачката партија во Зимбабве - Зану ПФ преку „Твитер“ соопшти дека Емерсон Мнангагва е именуван за привремен претседател на оваа африканска држава и дека досегашниот претседател Роберт Мугабе и членови на неговото семејство се приведени, јавуваат светските медиуми. Мнангагва претходно беше сменет од функцијата потпретседател на земјата поради „нелојалност“. Медиумите потсетуваат дека тој тогаш бил сменет на иницијатива на сопругата...

Авион се урна во Зимбабве, шест лица загинаа

Медиумите во Зимбабве објавија дека во пад на авион на истокот на земјата загинле најмалку шест лица. Според весникот „Хералд“, авионот кој бил со капацитет од осум патници паднал во планинската област Вумба. Локаните медиуми наведоа дека жртвите се директори на локана транспортна компанија и дека се враќале од деловен состанок во Мозамбик.

Поплавите во Зимбабве усмртиле 246 лица

Властите во Зимбаве денеска соопштија дека во поплавите од декември минатата година загинале 246 лица, а околу 2.000 луѓе останале без покрив над глава. Јужноафриканската држава упати апел до меѓународните донатори за 100 милиони долари помош на загрозените од поплавите, кои однеле неколку мостови и патишта, по што повеќе заедници останале отсечени од остатокот од земјата. Локалниот претставник Сејвијур Ксасукевере прогласи национална...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...