fbpx
Таг: жртви

таг: жртви

Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајка со четири возила близу Гевгелија

Едно лице загинало и уште две лица се тешко повредени во сообраќајка на патот Гевгелија - Богданци во која биле вклучени четири возила, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од здобиените повреди починал Б.Ј. (63) од с. Богородица, гевгелиско, кој возел Опел Корса, а тешко била повредена и неговата сопатничка Е.Ј. (63). Тешко повреден е и Б.М. (48) од Македонска Каменица,...

Нема докази дека Украина во војната со Русија губи по 30 илјади војници месечно

Поранешниот јавен обвинител на Украина, Јуриј Лученко изнесува шпекулативни податоци за бројот на убиени и повредени војници. Впрочем и самиот во неговата изјава ги повикува властите на Украина да ги објават точните бројки на настрадани војници, што потврдува дека тој ги немал и не говорел врз основа на официјални податоци. Украина не ги соопштува бројките за своите загинати и повредени...

Десетици убиени во напад врз градот Деир ал Балах во централна Газа

Десетици Палестинци починале поради израелски напад врз засолништа во кои се сместени раселените луѓе во градот Деир ал-Балах во централна Газа, вели шефот на локалната болница, пренесува Гардијан. „Имаме 45 жртви од израелското бомбардирање на куќите на три семејства во Деир ал Балах во изминатиот час“, изјави во вторникот д-р Ејад Ал-Џабри, шеф на болницата. Новинар на Асошиејтед прес во болницата...

Руските сили трпат масовни загуби од украинските напади

Руските сили во Украина имаат по десетици жртви од украинските прецизни удари со долг дострел далеку зад линијата на фронтот, соопшти британското Министерство за одбрана, пренесе Гардијан. „На 10 ноември, веројатно над 70 руски војници беа убиени во напад на конвој камиони 23 километри зад линијата на фронтот во селото Хладкивка, Херсонската област. На 19 ноември напад врз руските војници...

Над 700 убиени луѓе во Газа за еден ден

Откако започната контраофанзивата на Израел по нападот на Хамас, има над 5.700 убиени и над 17.000 повредени во Газа. Седумстотини од жртвите биле убиени во последните 24 часа, известува Асошиејтед прес. Забележан е и воздушен напад на камп за бегалци во Газа. Околу 1.500 луѓе се пријавени како исчезнати - се претпоставува дека најголем дел од нив се заглавени или...

Во нов руски напад загина десетгодишно момче, a 20 луѓе се повредени

Десетгодишно момче е убиено, а повеќе од 20 луѓе се ранети по руски ракетен напад врз станбен блок во центарот на Харков, соопштија украинските власти, а пренесе Гардијан. Нападот се случил во густо населеното централно подрачје на градот, во 6.46 часот утринава. Спасувачите го пронашле телото на момчето под урнатини. Два проектили „Искандер“ погодија станбена зграда, а овој чин...

Во Украина загинаа хуманитарни работници, Зеленски изрази сочувство до семејствата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа им изрази сочувство на семејствата на двајцата странски хуманитарни работници, кои загинаа кога нивното комбе беше погодено од руски противтенковски проектил во Доњецк. Зеленски кажа дека Ентони Игнат од Канада е убиен и дека најверојатно и Ема Игуал од Шпанија исто така загинала во нападот. Двајца други доброволци, германскиот државјанин Мавик Рубен и шведскиот...

Бројот на жртви во Мароко надмина 2.000, САД подготвени да ѝ обезбедат помош на мароканската Влада

Соединетите американски држави јасно ѝ ставиле до знаење на мароканската влада дека се подготвени да обезбедат „значајна помош“ по разорниот земјотрес во близина на Маракеш, пренсе Си-Ен-Ен. Инаку бројот на жртви во земјотресот надмина 2.000 лица, а властите прогласија тридневна жалост. „Имаме тимови за пребарување и спасување подготвени да ги распоредиме, кои можат да помогнат не само со таа активност,...

Русија ја започна војната во Украина и нејзина е одговорноста за цивилните жртви

Околу 13.000 луѓе беа убиени, од кои една четвртина цивили, а околу 30.000 беа ранети во војната во источна Украина од избувнувањето во април 2014 година до 2019 година. Дополнително, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, заклучно со 13 август 2023 година, потврдени се вкупно 9.444 смртни случаи на цивили. Бројот на жртви...

ЦУК: Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка во Ранковце

Eдно лице загина а три се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила ноќеска во селото Љубанци, општина Ранковце, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека синоќа сообраќајна несреќа при која автомобил удрил во банкина во реонот на с. Љубанци, Општина Ранковце, при што животот го загуби едно лице, а три лица се здобиле...

Во пожарите на Хаваи досега 53 жртви, над илјада исчезнати, обновата ќе трае со години

Во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи загинаа најмалку 53 лица, а бројот на жртвите се очекува да се зголеми оти над 1.000 се водат за исчезнати, уништен е туристичкиот историски град Лахаина, за што ќе бидат потребни многу години и милијарди долари за обнова, изјавија властите на Хаваи. Гувернерот Џош Грин рече дека пеколот што го претвори голем...

Шест мртви по напад со нож во градинка во Лианџијанг, Кина

Во инцидент што предизвика шок во Кина, шест лица, меѓу кои три деца, беа брутално убиени во напад со нож во градинка во градот Лианџијанг, лоциран во југоисточната провинција Гуангдонг. Осомничениот, 25-годишен маж, е уапсен од полицијата, пренесува Би-Би-Си. Според локалните власти, како што пренесува АФП, меѓу жртвите има наставник, двајца родители и три деца. Дополнително, при нападот едно лице...

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд - Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги работеа на механичкото супервештачење...

Вооружен напаѓач уби петмина во банката каде што работел, нападот го пренесувал на Инстаграм

Пет лица загинаа откако вработен во Старата национална банка (Old National Bank) во Луисвил, Кентаки пукал во банката и го пренесувал нападот во живо на Инстаграм, соопшти полицијата во САД. Би-би-си јавува дека жртвите биле на возраст меѓу 40 и 46 години. Во нападот повредени се деветмина, а меѓу нив и 26-годишен полицаец кој бил застрелан во главата и е...

Тројца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

Тројца Македонци и еден Италијанец се жртви во сообраќајната несреќа што вчеравечер, на Велигден, се случи во градот Асти во регионот Пијемонт во Италија. Како што јавуваат локални италијански медиуми, судирот се случил на провинцискиот пат 456, кој од Ница Монферато води кон Монтегросо и Асти. Во еден од автомобилите што учествувале во несреќата имало тројца мажи со македонска националност...

Седум лица преживеале под урнатините осум дена по земјотресот во Турција, бројот на жртви надмина 41.000

Уште седум луѓе беа спасени вчера, осум дена по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Надежите за пронаоѓање дополнителни преживеани од, како што Светската здравствена организација (СЗО) ја нарече, најголемата природна катастрофа во последните 100 години, се намалуваат, јавува „Гардијан“. Од под урнатините во регионот Караманмараш вчера биле извлечени тројца млади момчиња на возраст од 17, 18 и...

Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука со којашто денешниот ден, 13 февруари, е прогласен за Ден на жалост во земјава. Одлуката, како што информираат од Владата, е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и Арапската Република Сирија на 6...

Преживеаните ја поминаа четвртата ноќ на студ, бројот на жртви од земјотресот надминува 21.000

Повеќе од 21.000 луѓе загинале во земјотресите во понеделникот во Турција и Сирија, a ОН предупредуваат дека целосниот обем на катастрофата сè уште е нејасен, пренесе Би-би-си. Спасувачите сè уште ги бараат преживеаните во урнатините, но надежите исчезнуваат, бидејќи поминаа повеќе од четири дена од првиот два големи земјотреса. Десетици илјади луѓе ја поминаа ледената четврта ноќ во импровизирани засолништа,...

Бројот на загинати од земјотресите во Турција и Сирија достигна речиси 16.000

Бројот на загинати од земјотресите што ги погодија Турција и Сирија оваа недела се приближува до 16.000. Преживеаните граѓани, како што пренесе Ројтерс, останаа гневни и фрустрирани поради бавното пристигнување на спасувачките тимови. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кому му претстојат избори во мај, при вчерашната посета на зоната на катастрофата рече дека операциите сега работат нормално и вети дека...

Елизабета Ѓоргиевска: Една од 7 жени е жртва на физичко или сексуално насилство

Секоја трета жена преживеала некој форма на родово базирано и/или семејно насилство. Секоја година има 1.500 ново евидентирани жртви на насилство, но оваа бројка е приближно само 2 отсто од реалните случаи на насилство. Половина од жените во Северна Македонија биле жртви на насилство од интимен партнер. Секоја втора жена е жртва на психолошко насилство, а една од 7...

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...