fbpx
Таг: животна средина

таг: животна средина

Макрадули: Дел од актуелните мерки мора да станат наше секојдневие

Пост-ковид периодот треба да има три клучни компоненти; зајакнување на јавното здравство, економско опоравување и справување со климатските промени, напиша на својот Фејсбук профил, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, по вчерашната видео средба во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Еко-свест, Центарот за истражување и информирање за животна средина. „Дел од мерките за...

Денеска се одбележува Светскиот ден на планетата Земја

I Денот на планетата Земја за прв пат е одбележан во 1970 година во САД, а денес го одбележуваат над 175 држави во светот. Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси...

„Go Green“ со петиција бараат енергетско-ефикасни училишта на сончева енергија

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Go Green започна петиција со која бараат институциите да посветат повеќе внимание и ресурси на зајакнување на енергетската ефикасност на училиштата, користење сончева енергија за загревање и струја, и поголема застапеност на образованието за климатски промени во образовната програма. „Бараме училиштата да ја зголемат класата на енергетска ефикасност (изолација, покрив, прозорци)...

„Еко-свест“ со едукативна онлајн програма „Да зборуваме за одржлива животна средина“

За да сподели меѓународно и домашно искуство од луѓе кои работат на проекти фокусирани во создавање на одржлива животна средина, „Еко-свест“ започнува со едукативна онлајн програма насловена „Да зборуваме за одржлива животна средина“. „Говорниците кои ќе бидат наши гости ќе ги споделат нивните успешни активности и најдобри практики околу проекти кои придонеле кон создавање на одржливи животни средини во заедниците...

Загадувањето на воздухот е само еден од многубрoјните проблеми во животната средина

Во нашата земја стана тренд секоја година во текот на зимските месеци да се алармира за загадувањето на воздухот, но најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) откриваат дека тоа е само еден од многубројните проблеми во животната средина во земјава, кои не се толку „видливи“ како отровниот воздух. Меѓу проблемите и недостатоците идентификувани преку различни проекти, студии и...

Слаби ефекти од ланскиот скопски буџет за екологија

Најавени, па делумно реализирани активности, одложени проекти, ненаправени испитувања на влијанијата врз животната средина, ова е билансот на реализацијата на минатогодишниот буџет за животна средина на Град Скопје. Иако беше најавуван како една од прогресивните мерки на градските власти за справување со проблемите од областа на животната средина веќе и поради тоа што беше за 32 проценти повисок од...

Европската комисија го презентираше „Зелениот договор“

Европската комисија денеска го презентираше Европскиот зелен договор (European Green Deal) кој е патоказ за претворање на економијата на Европската Унија во одржлива преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности, низ сите сфера. „Тој е повторно потврдување на посветеноста на Европската комисија на справувањето со предизвиците поврзани со климата, кои се клучната задача на оваа генерација. Атмосферата се...

Пендаровски: Да го заштитиме нашето природно богатство и да креираме здрава животна средина

Климатските промени не се процес кој не чека во иднина, туку се наша реалност денес, која влијае врз нашиот квалитет на животот, здравјето, економските процеси, врз инфраструктурата. Ние политичарите, имаме обврска, активно да работиме со цел да креираме поздрава животна средина, рече во своето поздравно обраѓање претседателот на државата Стево Пендаровски на конференцијата „Климатска акција: Да се спречува и...

Украдени новозасадените дрвца кај поликлиниката „Чаир“

Непознати сторители изминатава ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден, информираат од Град Скопје. Со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција. „Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Паркови...

Чивнинг стипендистите организираат регионална конференција за животна средина

Утре, 26 октомври, во хотел „Мериот“ во Скопје, Асоцијацијата на чивнинг стипендисти во Македонија (МЦАА) ќе организира конференција посветена на животната средина на Западен Балкан. Оттаму посочуваат дека предизвикот со деградација на животната средина е едно од клучните прашања на нашето време и човештвото во целина и врвен приоритет за многу влади низ светот. Сепак, постои специфичен недостаток на свест...

Охридскиот чинар прогласен за природна реткост

Со одлука на Министерството за животна средина потпишана од министерот Насер Нуредини, единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоциран во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“, инаку дел од долгата историја на градот, но и препознатлив дел од неговата туристичка понуда е прогласено за природна реткост.Називот на природната реткост е „Чинар – Охрид“. Решението доаѓа по претходно изработениот елаборат за валоризација,...

Ќе има ли промена на трасата на идниот автопат Требеништа – Струга?

УНЕСКО бара една работа, а надлежните државни власти засега преземаат минорни мерки околу проектот за изградба на автопатот Требеништа - Струга. Во точката 7 од Конечната одлука на Комитетот за светско наследство на 43. Седница на УНЕСКО што се одржа во Баку се вели дека државата не направила соодветна проценка на севкупното влијание на овој автопат врз исклучителната универзална...

Извештајот на ЕК порачува да се вложат повеќе пари за борба со аерозагадувањето

Државата има добри закони и стратегии од областа на заштитата на животната средина, но нема капацитети да ги примени, и тоа најмногу се чувствува кога се во прашање квалитетот на воздухот, заштита на водите, како и управувањето со отпад. Ова е еден од заклучоците поврзани со екологијата во проценката за напредокот на Република Северна Македонија, кои произлегоа од Извештајот...

Жбогар: Извештајот на УНЕСКО треба да биде најсилен аларм кој ќе ги разбуди институтициите

Евроамбасадорот Самуел Жбогар од Охрид ја започна промоцијата на новата еколошка кампања именувана како „За чисто како дома исто“, која има за цел преку поддршка на еко-активизмот да ја подигне свеста кај граѓаните, но и кај локалните власти за заштита на животната средина и поголема јавна чистота. Евроамбасадарот истакна дека не е случајно што кампањата стартува од Охрид, бидејќи токму...

Влада: Постапуваме сериозно во однос на одлуките и препораките на УНЕСКО

Владата порача дека пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот регион години наназад. Сепак, како што стои во соопштението, за незавидната положба, е виновна претходната власт. „Долгогодишното лошо управување со регионот и мегаломанските проекти кои беа закана за езерото и националниот парк беа причина УНЕСКО да испрати мониторинг...

ДОМ: Законот за урбано зеленило не се почитува, правилникот да ѝ застане на пат на урбаната мафија

Една година откако е донесен, Законот за урбано зеленило недоволно доследно се применува. Потребно е итно донесување на Правилник за урбано зеленило, кој е изработен од Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Законот наскоро треба да биде усвоен, како дополнување на постојниот Закон за просторно и урбанистичко планирање и да претставува основа за идна изработка на урбанистичките планови,...

Македонска работа: Немаме регулатива за справување со контаминирани подрачја

Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува измени на Законот за животната средина. Во објавата преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) од Министерството велат дека главен проблем поради кој се пристапува кон измени и дополнување на Законот за животната средина е непостоење одредби во законот со кој се дефинира, идентификува и управува контаминирано подрачје на кое...

Трибина: Како идниот претседател може да влијае врз решавањето на проблемот со загадувањетo

Граѓанското здружение „О2 Иницијатива“, организира трибина „Деградација на животната средина - Закана по националната безбедност“, која ќе се одржи во недела (14 април) во Јавна соба со почеток во 15.30 часот. На трибината ќе учествуваат тројцата претседателски кандидати Гордана Силјановска Давкова, Блерим Река и Стево Пендаровски. „Во пресрет на претседателските избори, имајќи ја предвид сериозната состојба со загадувањето и масовна и...

Најзагадените општини трошат во просек по 1 отсто од буџетот за екологија (инфографик)

Десетте општини со најзагаден воздух во Македонија годинава намениле во просек по еден отсто од своите буџети за заштита на животната средина. Според Вкупниот годишен извештај за квалитетот на животната средина за 2017 година, последниот таков извештај на Министерството за животна средина, најзагадени општини со ПМ-2,5 честички во воздухот биле Центар, Карпош, Битола, Тетово и Куманово, а најголема концентрација на...

Бујаровска: Животната средина ќе се уништува сè до стартот на преговорите со ЕУ

За неодговорна држава и забрзаното уништување на природата за да се фати последниот воз пред скринингот на ЕУ, за тоа колку профитот е поважен од екологијата и за погрешните стратегии кои Македонија ја враќаат во 19. век, „Мета“ зборуваше со Александра Бујаровска од еколошкото здружение „Фронт 21/42“, експерт за криминално право од областа на животната средина. Последниов месец гори трска...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...