fbpx
Таг: животна средина

таг: животна средина

По веста на Порталб.мк, „депонијата“ меѓу двата универзитета во Тетово е исчистена

Еден ден откако Порталб.мк алармираше за ѓубрето насобрано во единствениот зелен простор помеѓу двата универзитета во Тетово и во дворот на едно средно училиште, Еколошкиот инспекторат изврши увид, а ЈКП „Тетово“ го исчисти просторот, но сепак делот на тротоарите не беше целосно исчистен. Ова место не беше исчистено кога го испративме барањето, туку откако барањето го објавивме јавно, пишува...

Еколошката правда е далечна за македонските граѓани

Еколошката правда е далечна за македонските граѓани, а институциите ќе треба да работат на подобрување на ефикасноста, транспарентноста, ажурноста и координираното работење. Ова го констатира документот за јавни политики „Како до ефикасна и ефективна еколошка правда?“, кој денеска беше презентиран во рамките на проектот „Воспоставување на ефикасна и ефективна еколошката правда” имплементиран од страна на Центарот за правни истражувања...

Почнаа разговорите за иницијативата за прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево”

Во просториите на Општина Берово вчера се одржа состанок за иницијатива на општините Берово и Пехчево за прогласување на заштитено подрачје „Малешево”, на пределот на Малешевски планини и Влаина. На состанокот, покрај претставници од двете општини, присуствувал државниот секретар во Министерство за животна средина и просторно планирање Каја Шукова (МЖСПП) и стручни лица од министерството како и претставници од ПЗП...

Нов протест на жителите на Турско Рударе против изградбата на мини хидроцентрала

Тричасовен протест на патот што води кон локацијата каде се уредува теренот за мини хидроцентрала претпладнево одржаа жителите на пробиштипското село Турско Рударе. Ова е нивен втор протест откако започнаа работите за поставување на инсталацијата, која според нив, го загрозува системот за водоснабдување и наводнување и ѝ нанесува штета на животната средина. Насобраните жители изутрината ги пропуштиле работниците кои работат...

Белчишко Блато ќе стане достапно за сите

Во Општина Дебрца изминатиов период се спроведува проектот „Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишко Блато (Сини Вирој)", кој го спроведува Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, а е финансиран од Европската Унија, мониториран и потпомогнат од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Главни цели на проектот се мониторинг...

МЖСПП: Продолжува директната комуникација со засегнатите страни за предлог-закон за Шар Планина

По истекувањето на рокот за писмени и усни забелешки за Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти оти сега се анализираат коментарите од јавноста, а ќе има и нова серија директни средби со засегнатите страни заради ревизија и усогласување на предлогот. „На барање на министерот Нуредини, експертскиот...

Со новата програма за образование за животна средина, младите ќе учат за климатските промени

Денеска, Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за труд и социјална политика заедно со Шведската амбасада во Скопје и УНИЦЕФ го најавија отпочнувањето на нова програма за децата насочена кон унапредување на образованието за животната средина и климатските промени. Опфаќајќи предучилишно, основно и средно образование, еден од аспектите на програмата ќе биде наставниците...

На Криволак почнува уништувањето на 12.700 гранати од Првата светска војна

На Армискиот полигон Криволак АРМ денеска почнува да ги уништува артилериските гранати од Првата светска војна кои неодамна беа откриени при градежни работи во Битола. Гранатите, вкупно 12.700, ќе бидат уништувани во неколку етапи во текот на декември и јануари, а нивното уништување нема да предизвика штетни ефекти по животната средина, тврди Министерството за одбрана. Инаку, АРМ во 2002 и...

Усвоени измени на 8 закони од областа на животната средина, казните ќе се зголемат до 20 пати

Владата денеска ги усвои предлозите за измени и дополнувања од Министерството за животна средина и просторно планирање во 8 закони од областа животна средина:  Законот за квалитет на амбиентен воздух, за животна средина, за заштита на природата, за водите, за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, за планински патеки, за заштита од бучава и...

Министерот за животна средина Нуредини: Полицискиот час покажа дека голем процент од загадувањето доаѓа од транспортот и индустријата

Признавајќи дека сепак е далеку целта поставена со Планот за чист воздух за Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека во борбата за почист воздух треба да се направат уште многу контроли и проверки. Нуредини потенцира и дека за разлика од претходниот став на власта, полицискиот час,...

Иницијатива на граѓанската О2 – 39 пратеници здружени ќе се борат против загадувањето

Од здружението О2 Иницијатива, денеска соопштија дека е формирана интерпартиска парламентарна група која ќе треба заеднични да се бори против загадувањето и климатските промени, во име на заштита на животната средина. Во оваа група се вклучиле 39 пратеници од девет политички партии. Од О2 Иницијатива велат дека денеска ја имале првата средба со парламентарна група, а на агендата биле измените...

Педесет граѓански организации од „Коалицијата за клима“ бараат да не бидат игнорирани од државните институции

„Коалиција за клима“, во која членуваат повеќе од 50 организации, реагира на како што велат „комплетното игнорирање на граѓанските организации“ во јавноста од страна на институциите во државата кога станува збор за носење одлуки во секторот климатски промени. „И покрај сите наши заложби и професионално надградување на знаењата во областа климатски промени и отвореност за соработка и поддршка, сè уште...

Владата да не планира нови рудници за јаглен, апелираат еколошките организации

Најголемиот дел од инвестициите да се насочат кон обновливите извори на енергија, а да се затворат сите постројки кои работат на јаглен е заедничкиот став на еколошките граѓански организации за програмата на Владата за животна средина. Екологистите ѝ забележуваат на новата влада што на маса го враќа отворањето на рудникот „Живојно“, кој ќе значи и продолжување на векот на...

Аерозагадувањето, климатските промени и обновливите извори највисоко на еколошката агенда на новата Влада

Интензивно зазеленување на земјата и промена на начините за загревање на институциите и домовите, како еден од најитните одговори на аерозагадувањето, потоа соодветен третман на отпадот како и нови транспортни политики со акцент на субвенции за еколошки возила и велосипеди, се главните еколошки определби на новата Влада во програмата за периодот од 2020 до 2024 година. Ќе се работи...

Околу 50 компании заинтересирани за изградбата на пречистителна станица во Скопје вредна 136 милиони евра

Од денот на распишување на повикот за претквалификации за избор на најдобар понудувач за проектиране и изградба на Пречистителна станица за отпадните води од Скопје, околу 50 компании изразиле интерес, односно најавиле дека ќе ги превземат документите за пријавување за изборот на изведувач на постројката, чија вредност е проценета на 136 милиони евра, соопшти ЈП Водовод и канализација -...

Кочанскиот Совет побара да запрат активностите на хидроелектраната на Мала Река

Загрижени за влијанието врз животната средина, но и езерото Гратче, како единствениот поголем воден резерват во Кочани, членовите на Советот на Општината од сите политички партии, на итна седница побараа запирање на сите постапки врзани со изградбата на мини електрана на Мала Река. Поучени од многу примери во регионот, кога цели реки исчезнаа поради изградбата на вакви мали речни...

Глобална петиција за правото на здрава планета да стане универзално човеково право

Здравата природна средина да стане универзално човеково право и да се вклучи во Универзалната декларација на човекови права е иницијативата до Обединетите нации поттикната од граѓански организации од над 100 држави, меѓу кои и Македонија. Македонското еколошко друштво (МЕД) денеска се приклучи кон глобалната иницијатива која започна на 13 јули, како апел да се воведе нов член во Универзалната декларација...

Лекциите за животна средина мора да станат приоритет во македонското образование

Младите мора повеќе да учат за климатските промени, да знаат што е одржлив развој и на кој начин ќе треба да се справат со еколошките предизвици, кои со децении се едни од најголемите закани за планетата Земја. Зајакнувањето на образованието за животната средина во постоечките наставни програми во основното и средното образование во земјава, треба да создаде еколошки освестени...

Во новиот буџет помалку пари за инвестиции во железницата и за заштита на животната средина

Забележително намалување на парите за заштита на животната средина, за инвестиции во железничката инфраструктура и воопшто за капитални инвестици се предвидува со ребалансот на буџетот за 2020 година, кој го објави Министерството за финансии. Капитални расходи се намалени за 4,2 милијарди денари или околу 68 милиони евра во однос на првичниот план за 2020 година и тие сега се сведени...

Макрадули: Дел од актуелните мерки мора да станат наше секојдневие

Пост-ковид периодот треба да има три клучни компоненти; зајакнување на јавното здравство, економско опоравување и справување со климатските промени, напиша на својот Фејсбук профил, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, по вчерашната видео средба во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, канцеларија Скопје и Еко-свест, Центарот за истражување и информирање за животна средина. „Дел од мерките за...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...