fbpx
Таг: животна средина

таг: животна средина

Енергетската криза во Западниот Балкан – слично на ЕУ, или сепак различно?

Очекувано, глобалната енергетската криза не го заобиколи Западниот Балкан. Меѓутоа, регионот покажува некои специфики споредено со ЕУ. Западниот Балкан е поврзан со Европската унија преку Договорот за енергетската заедница, во кој, покрај државите од нашиот регион, членуваат и Украина, Молдавија и Грузија. Со овој договор практично внатрешниот пазар на енергија на ЕУ се проширува на овие држави, што за нив...

ОН одлучи: Пристапот до „безбедна, чиста, здрава и одржлива средина“ е основно човеково право

Советот за човекови права на Обединетите Нации (OHCРХ) вчера го призна пристапот до чиста, здрава, безбедна и одржлива животна средина за основно човеково право. Ова е прва ваква одлука од светската организација. Гласањето минало со огромно мнозинство и покрај критиките од одредени држави пред одржување на состанокот на Советот, меѓу кои и САД и Велика Британија. Резолуцијата предложена од Костарика,...

Се подготвува законот за прогласување на Матка за споменик на природата

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготвува предлог закон за прогласување на кањонот Матка за споменик на природата. Најавата за почеток на процесот за подготовка на нацрт -законот е објавен во Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), но детали уште не се споделени, пишува Порталб.мк. Кањонот Матка ќе биде прогласен за споменик на природата, со цел да се заштитат...

(Фото) Глобално затоплување: Морска слуз се појавува на плажите во Халкидики

Лигавата пена наречена морска слуз, што е резултат на глобалното затоплување, ова лето неколку пати се појавила на грчките плажи. Снимките од неколку од плажите на Халкидики направени овој септември посведочија дека навистина морето повремено исфрла таква пена. Научниците ја поврзуваат појавата на морската слуз со глобалното затоплување. Загревањето на атмосферата, благодарејќи на ефектот на стаклена бавча ја подига и...

Зелената агенда за животната средина и проблемите презентирани пред француски сенатори

Визијата на државата за заштита на животната средина како дел од остварувањето на Зелената ЕУ агенда, напредокот во усогласувањето на националното законодавство во областа „животна средина“ со европското право, како и предизвиците со кои се соочуваме во заштитата на животната средин биле темите за кои министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини разговарал со делегација од францускиот...

Османи ја промовираше иницијативата „Зелена дипломатија – новото нормално“

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конфeренција во Градскиот парк во Скопје, ја лансираше иницијативата „Зелена дипломатија – новото нормално“ и ги информираше новинарите за конкретните чекори и проекти преку кои ќе се спроведува. Ќе биде назначен климатски амбасадор чии надлeжности ќе бидат промовирање на домашните и меѓународните политиките за зачувување на животната средина. Зелената надворешна политика...

Јана Белчева – Андреевска ќе ја предводи независната листа на советници во Центар

Јана Белчева-Андреевска, актуелен член на Советот на општина Центар ќе ја предводи листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ на локалните избори во октомври. Таа денеска заедно со кандидатите за советници проф. д-р Дивна Пенчиќ и Јане Димески ја претставија својата платформа, за која од утре ќе собираат потписи. „Во 2017 ни ветија работа на средување на урбаниот хаос...

Човештвото на 29 јули ги потроши ресурсите за оваа година, сега живееме на кредит од Земјата

Човештвото на 29 јули ги потроши ресурсите за оваа година! Луѓето користат толку еколошки ресурси како да живееме на 1,7 планети. EarthOvershootDay секоја година се поместува сѐ порано и порано, што значи дека луѓето трошат многу повеќе отколку што планетата може да обнови. Безмилосното искористување на водата, храната, енергијата и минералните суровини нѐ водат во многу неизвесна иднина во...

Групацијата за обновливи извори на енергија при СКСМ го осуди затрупувањето на Маркова река

Групацијата за обновливи извори на енергија при Стопанската комора на Северна Македонија ја осуди злоупотребата на животната средина и нарушувањето на биодиверзитетот во и околу реките и побараа надлежните институции да го истражат случајот. Ракцијата следува откако денеска објави феколошката организација „Еко свест“ објави фотографии од затрупувањето на Маркова река како последица од градежните активности за трите мали хидроелектрани...

Герила акција: Мраз на жешките плочки ги потсети скопјани на глобалното затоплување

„Ако на овој мраз му требаат 6 часа да се истопи, колку време ќе им треба на глечерите да се стопат?“. Со ова мото, Центарот за современи уметности - Скопје, организираше герила акција со истурање мраз на плоштатката кај Порта Буњаковец, во обид да ја крене свесноста за последиците од неодговорното користење на ресурсите од страна на човештвото и...

УНЕСКО не го прогласи Охридскиот Регион за загрозено подрачје

Комисијата за светско наследство на УНЕСКО, денеска, на својата 44 сесија, која се одржува во Фуџу, Кина, донесе одлука Природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на Листата на светско наследство во опасност. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ е незадоволна од ваквата одлука. Со оваа одлука, Северна Македонија и Албанија се обврзаа да донесат заеднички стратешки план...

Османи ги промовираше електричните тротинети за МНР: Зелена дипломатија-новото нормално

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ги промовираше електричните тротинети, набавени за користење од страна на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР), како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето. „Со овој симболчен гест, МНР работи започнува со промоција на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“, кој ќе се одвива во неколку етапи. Нашата...

Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита до неговото прогласување за парк на природата

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за привремена заштита на Студенчишко Блато (Стр. 34-35). Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе...

Владата ја дефинираше еколошката такса, останува Собранието да ја изгласа

На синоќешната седница Владата ги усвои измените на Законот за животна средина со кои се предвидува повисока еколошка такса за нафтените деривати, откако ќе бидат усвоени во Собранието. Според првичните пресметки, од оваа давачка ќе се приберат во буџетот 1,685 милијарди денари (27,3 милиони евра) за едно полугодие или 3,3 милјарди денари (54,6 милиони евра) за цела година. Еколошката такса ќе...

Мраморното море е покриено со „морска слуз“, со можни опасности за животната околина

Мраморното Море се наоѓа помеѓу Балканскиот Полуостров и Мала Азија и се протега од Дарданелите до Босфор. Од минатиот мај ова море на територијата на Турција, од претходно познато како чисто, го привлече вниманието на меѓународни медиуми заради еколошки проблеми, известува „Глобал војсис“. „Морска слуз“ и причините за неа Лигава, органска пена наречена „морска слуз“ се појавува во Мраморното Море. Таа претежно се состои од фитопланктон,...

Заев: Како резултат на заедничката акција на сите, годинава не разговаравме за загаден воздух

Како резултат на активностите на проектот „Акцискиот план - Скопје зелен град“, и на низата други значајни сеопфатни проекти, оваа година не разговараме за загаден воздух во главниот град, односно имаме огромно намалување на бројот на денови со надминати концентрации на ПМ-честички, изјави премиерот Зоран Заев кој беше дел од активноста што ја организираше Град Скопје и градоначалникот Петре...

Стрип центарот со креативна кампања „Македонијо, зелена ти ќе бидеш!“

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес веќе втор месец го изведува проектот креативна стрип кампања „Македонијо, зелена ти ќе бидеш!“. Истиот е во склоп на концептот ЗЕЛЕН СКОК - Партнерства за климатска акција, финансиран од страна на Фондацијата Отворено Општество Македонија. Проектот ќе трае 4 месеци, информираат од Стрип центарот. Главна цел на проектот е развој на еколошката...

Борбата со климатските промени бара зелени инвестиции во целата економија

Новата национална цел за намалување на емисиите на стакленички гасови е реална и достижна, а може да се постигне со усогласени мерки и зелени акции во целата економија, иако главните сектори остануваат енергетиката, земјоделието и транспортот. Искажувањето подготвеност за преземање повисока цел во борбата со климатските промени и конретните мерки и политики на државата, беа темата на првиот од...

Исцрпени сите можности – Општина Кочани пред издавање на дозволата на хидроцентралата на Мала Река

До доцна во понеделникот советниците на Општината Кочани разговараа за Информацијата за текот на активностите за изградба на мини хидроцентрала на Мала Река, за на крај да ја отфрлат и дадат поддршка на двете граѓански иницијативи, кои се противат на овој проект. Општината поднесе извештај за досегашниот обид да издејствува прекин од државните институции на сите активности со изградбата на...

Младите основци и средношколци може да добијат до 200.000 денари за истражувачки проекти

Министерката за образование и наука Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров денеска го промовираа јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти“ чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод. Повикот е отворен и за основци и за средношколци од земјава,...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...