Птичји грип регистриран во Македонија, соопшти АХВ


Скопје, 30 јануари, 2017 - 16:11 (META) 

Агенцијата за храна и ветеринарство регистрирала присуство на високозаразната болест авијарна инфлуенца (птичји грип), тип АХ5Н8, кај живина во стуршкото село Мороишта, соопшти денеска на прес-конференција директорот на агенцијата, Зоран Поповски.

Според Поповски, вирусот е опасен за живината, но не се пренесува кај луѓето и во ниту еден случај не може да претставува закана за нивното здравје.

– Првиот случај е детектиран на 27 јануари, по активен надзор на живината спроведен на терен и е потврден со лабораториските анализи извршени на Факултетот за ветеринарна медицина. Веднаш пристапивме кон протоколот за справување со болеста птичји грип и тоа во самото жариште. Се уништи целокупната живина, нештетно се отстрани и се изврши комплетна дезинфекција – рече Поповски.

Тој соопшти дека на сила се неколку мерки и прогласени се две заштитни зони под надзор, каде на терен се уништува целата живина и производите од живина. На терен се активни 30 четиричлени тимови.

За сите животни што ќе бидат уништени, одгледувачите ќе добијат соодветна финансиска отштета од буџетот на Република Македонија. Угинатите животни нема да се исплаќаат, а непријавувањето на болеста од страна на одгледувачите е кривично дело и е казниво со закон.

– Апелираме за максимална кооперативност од локалното население бидејќи се работи за вирус што многу брзо се шири кај живината и може да направи големи економски штети – вели Поповски, кој како симптоми кај живината, ги посочи високата смртност и пад на несивоста.


Германија е четврта земја во Европа каде е регистриран птичји грип


Берлин, 24 ноември, 2016 - 10:31 (META) 

Птичји грип е потврден на една фарма во Долна Саксонија, каде што ќе бидат заклани 16.000 мисирки поради сомнеж дека се заразени, соопштија официјалните лица.

Вирусот е потврден во Клопенбург, Северна Германија и ова е прв случај во регионот кој е еден од најголемите производители на пердуви во Европа, соопшти министерството за земјоделство во Долна Саксонија.

Во последните неколку седмици, присуството на овој вирус е потврдено во уште неколку европски држави, но и во Израел.

Некои од тие држави издале наредби за држање на живината на затворено и подготвиле други санитарни мерки заради спречување за ширење на оваа болест.

Случаи на птичји грип забележани се на живинарските фарми во Германија, Унгарија, Австрија и во Данска.


Албанија го забрани увозот на живина од ЕУ поради птичји грип


Тирана, 23 ноември, 2016 - 20:22 (META) 

Албанија привремено го забрани увозот на живина од земјите на Европска Унија кои пријавиле случаи на птичји грип.

Министерството за земјоделство на Албанија денеска забрани увоз на пилешко месо од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија и од Швајцарија, односно од земјите кои пријавиле слуачи на птици заразени со вирусот птичји грип.

Албанија, но и други европски земји, имаа епидемија на птичји грип пред десет години.


Русија забрани увоз на живина од САД


Москва, 4 декември, 2014 - 11:12 (META) 

Американската живина од утре нема да може да се увезува во Русија, соопшти денеска Руската земјоделска служба за контрола.

Како што јавуваат руските медиуми, привремените рестрикции за американската живина и за преработки од месо не се последица на заладените руско-американски односи, туку на „штетните материи што се откриени во американските производи од месо од живина, како што е тетрациклинот.