fbpx
Таг: жени

таг: жени

„Тука сме за тебе“, нова кампања за помош на жртвите на родово базирано насилство

„Не прикривај. Пред другите и пред себе. Зборувај отворено за твоите проблеми, во сигурна средина. Тука сме за тебе“. Ова е пораката до жените кои преживуваат родово-базирано насилство, која ја упатува организација на жените на општина Свети Николе и невладината организација „КХАМ“ од Делчево, со која ги повикуваат да побараат бесплатна психо-социјална и правна помош од нивните стручни тимови...

Истражување: Насилството врз жените четириесет години се промовира преку регионалната музика

Ана Нинковиќ, студентката на Факултетот за драмски уметности во Белград предизвика бројни реакции на социјалните мрежи со својот документарен филм „Насилство врз жените во домашните песни“ што го изработила за испитот Поп-култура: Од дигиталното до транс-медијалното, а преку кој го истражува насилството врз жената преку музиката, турбофолк, поп, рок, рап и хип-хоп песни. Таа својот испитен проект го замислила како...

Модна дизајнерка со школо за шиење помага во решавањето на проблемот со менструалната сиромаштија

Модна дизајнерка наградена со „откритие на годината“ од Форбс за нејзиниот образовен проект кој учи жени кои не можат да си дозволат образование за шиење и дизајн, го насочи својот фокус да помогне во борбата против менструалната сиромаштија. Маја Котала која потекнува од полскиот град Хорзов, го основаше дизајнерското училиште „Заедно шиеме“ во 2018 година, прво во Уганда, а потоа...

Првиот рурален е-пазар „Наша тезга“ пример за успех на здружени жени

Жените од Руралната Коалиција ја лансираа првата онлајн платфотма преку која со само неколку кликови може да се купат овошја, зеленчуци, мед, лешници па дури и вкусно приготвени традиционални специјалитети, ракотворби и природна козметика. Виртуелните тезги на првиот рурален женски е-пазар „Наша тезга“ се спој на традицијата на нашето домашно производство со модерниот начин на живот на потрошувачите и растот...

Фемицидот е скриена пандемија: Не молчи, не трај, стави крај

„Насилството врз жените, вклучително и феноменот на семејно насилство претставува најгруба форма на кршење на човековите права. Фемицидот е најекстремната форма на родово базирано насилство, односно криминал сторен од омраза“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација на Анализата на случаи фемициди во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ - Не...

Отворен Самитот за женско претприемништво и доделени првите награди

Денеска во Скопје почна дводневниот прв Самит за женско претприемништво „Нови перспективи за женско претприемништво“, што се одржува во хотелот „Александар Палас“. На настанот беа доделени и првите награди, во категоријата на мали и средни претпријатија, а нив ги добија: СЕМОС едукација и директорката и сопственик Валентина Тасева и Ана Христовска од компанијата за градежништво Линди Гроуп. Наградите ги доделија...

Треба интерсекторска соработка за да се надмине менструалната сиромаштија

„За да се надмине менструалната сиромаштија и да се разбијат табу темите поврзани со менструацијата потребна е интерсекторска соработка меѓу министерствата, општините и училишта“, порачаа активистките за заштита на женските права од „Тииииит! Инк.“ и „Реактор – истражување во акција“ и претставничката на Министерството за здравство Сања Саздовска. Иако кај нас не е прв пат да се говори за менструацијата,...

Родова еднаквост во политиката: Од зборови да се прејде на дела, ред е на мажите да престанат со опструкции

По 73 години откако Вера Ацева беше првата градоначалничка на Скопје во далечната 1948, денеска Данела Арсовска официјално ќе почне да ја врши својата функција. Таа и градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска ја добија довербата на гласачите, кои на овие локални избори, од вкупно 297 кандидати за градоначалници, имаа можност да гласаат само 26 жени. Според активистките за правата...

Само две кандидатки избрани за градоначалнички на локалните избори во земјава

Во вчерашниот втор круг од локалните избори во земјава, само две кандидатки добија доволен број гласови за да бидат избрани за идни градоначалнички на општините. Останатите 79 градоначалнички позиции им припаднаа на мажите. Единствен исклучок се идната скопска градоначалничка Данела Арсовска, која што како кандидат беше поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Јовановска од СДСМ, која се избори...

Живка Ѓурчиновска: На младите земјоделки им требаат услови и финансиска поддршка за да бидат рамноправни

Живка Ѓурчиновска е жена на која воопшто не ѝ претставува проблем да вози трактор. Таа е вредна земјоделка и мајка на три деца, која со своето семејство живее во Гостиварското село Тумчевиште, во северозападниот дел на Македонија. Ѓурчиновска е веќе 11 години е регистрирана земјоделка, а со оваа професија се занимава веќе 20 години. Произведува пченка, пченица, грав, компир и...

Вистиномер: Семејното насилство во охридскиот регион во пораст, во струшко жртвите молчат

Семејното насилство во охридскиот регион е во пораст. Тоа е главно резултат на  лошата материјална, па и здравствена состојба, што, пак, неминовно влијае на заострување на односите во семејството и зголемување на тензиите, нетолрантноста, агресијата… Во целата ситуација е добро што жртвите се охрабруваат да пријавуваат. Само лани во охридскиот регион регистрирани се околу 150 случаи на вакво кривично...

Програма за социјално и економско јакнење нуди бесплатна обука за шиење, пријавување до 20 октомври

Од следниот месец жените кои имаат желба својата креативност да ја преточат во изработка на облека и други нешта кои може да се создадат од текстил, а не знаат како, ќе имаат можност да научат. Бесплатниот курс за стекнување вештини во шиење ќе трае три месеци. Ќе го води професионална обучувачка преку проектот „Социјална, Правна и Хуманитарна Помош за Локално...

Жените сè уште се помалку платени од мажите, механизмите за заштита се неефикасни

Свежи официјални статистички податоци во однос на родовиот јаз во заработувачката на мажите и жените во земјава нема. Според една анализа објавена во јули 2020, која користи податоци од Евростат од 2018 година, жените во Македонија во просек заработуваат 15 отсто помалку од мажите. Оваа анализа е насловена „Повеќе работа за помалку пари: Како да се намали родовиот јаз во...

Во глобални рамки корона-кризата повеќе ги погоди жените, вели гувернерката Ангеловска Бежоска

Корона-кризата во глобални рамки го нагласи уште повеќе прашањето за родовата рамноправност и степенот на вклученост на жените во општеството, бидејќи согласно со расположливите податоци, таа несразмерно повеќе ги погодува жените од мажите. Пандемијата наметна потреба од рестриктивни мерки коишто најмногу ги засегнаа дејностите коишто се засноваат на социјална интеракција, односно услужниот сектор, но и неформалната економија, каде што...

Традиционално по 9-ти пат се трчаше Авицена Женска трка

Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, денес го одржа деветтото издание на Авицена Женската трка. Како низ годините, така и денес, учесничките успеаа да го исполнат Градски Парк и Град Скопје со спортски дух и позитива. Трката се трчаше според протоколот и препораките одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, соопштија организаторите. „Горда...

Борел: ЕУ ќе разговара со Талбанците за да се спречи „миграциска криза“

ЕУ ќе се вклучи во дијалог со Талибанците во Авганистан за да се спречи „хуманитарна и потенцијално миграциска криза“, порача еврокомесарот Жозеп Борел вчеравечер по итната видеоконференција на 27-те министри за надворешни работи од земјите членки. Борел рече дека фокусот на дијалогот ќе биде да се спречи Авганистан да стане „гнездо на странски терористи“. „Ние мора да контактираме со властите...

Шекеринска: Учеството на жените во процесите на одлучување гарантира успех

Прашањето на вклученоста на жените во процесите на одлучување, во мирот и безбедноста, не е само проблем на жените од Западен Балкан, но Западен Балкан има примери, зошто вклученоста на жените во процесите на одлучување гарантира успех. Ова го изјави  денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на панелот за унапредување на Агендата „Жени, мир и безбедност“ во Западен Балкан,...

Ангеловска-Бежоска: Жените имаат недоволен пристап до финансиите, централните банки треба да ја сменат регулативата

Жените треба да имаат поголем пристап до финансиите што може да донесе голем број економски придобивки за целото општество. За жал, студиите на глобално ниво, како што е Анкетата на ММФ за финансискиот пристап, укажуваат на голем јаз меѓу половите. Ова е сложен феномен што треба да се реши на холистички начин, со политики што се вон работата на...

Над 60 отсто од жените во руралните средини се невработени, потребни се мерки за нивно учество на пазарот

Околу 62 отсто од руралните жени не работат, односно не се активни на пазарот на трудот поради ангажирање во домаќинството и грижа за деца, а 47 отсто од невработените рурални жени вршат неплатена работа во семејни фарми, што е поразителен податок. Тие се соочуваат со социјална исклученост, невработеност, родова дискриминација, нееднаква распределба на приходите и ресурсите, лишување од сопственост...

ЕСЕ: Во пандемијата, секоја трета жена не добила здравствена услуга, а 63 отсто не стигнале до специјалист

Во првите шест месеци од пандемијата на ковид-19, голем број жени во државата се соочија со губење на работното место, пад на месечните приходи, зависност од државна помош и отежнат пристап до здравствени услуги. Пандемијата двојно го зголеми бројот на жени зависни од државна помош, а бројот на домаќинства кои гладуваат пораснал од три, на седум отсто, покажува истражувањето...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...