fbpx
Таг: железница

таг: железница

Македонски железници ќе добијат конкуренција – и приватници ќе возат по нашите пруги

Најголемиот државен загубар и единствена компанија која во моментов сообраќа по македонските пруги - Железници на РСМ Транспорт во иднина ќе добие конкуренција од приватни оператори. Во Собранието на РСМ во моментов по скратена постапка се усвојуваат предложените измени и дополнувања на Законот за железнички систем, со кој ќе се стави крај на државниот монопол во железничкиот сообраќај во...

Во пожар изгореа 1.000 прагови од пругата Велес-Битола, возовите не сообраќаат

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола е во прекин поради пожарите во Пелагонискиот регион, кои уништиле околу 1.000 прагови од пругата на повеќе локации, информираат денеска од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. „Стручните служби на ЖРСМ Инфраструктура работат интензивно на терен за отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде...

Желките и натаму побрзи од пругата кон Бугарија [видео+галерија]

Бавно тече изградбата на пругата кон Бугарија, која е придружена со протести на месното население од Куманово и нетранспарентност кон новинарите од страна на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. На дел од трасата, степенот на изведба на железничката делница меѓу Куманово и селото Бељаковце изгледа идентично како и пред три години, кога Мета.мк последен пат излезе...

По две недели прекин, железничкиот сообраќај се нормализира во земјава

Товарниот железнички сообраќај започна да функционира од синоќа во земјава, а од вторник ќе стартуваат со сообраќај и патничките возови. Ова е договорот што го постигнаа вработените со раководството на Железници на РСМ-Транспорт. Постигнат е договор за прекин на бојкотот на машиновозачите, но и за редовност во исплаќањето на платите. Договорено е и раководството да ги повлече суспензиите за колегите...

Машиновозачите бараат колективен отказ ако бидат суспендирани или отпуштени нивни колеги

Раководството на Железници на РСМ-Транспорт подготвило список со 12 вработени во компанијата кои ќе бидат суспендирани од работното место поради актуелниот бојкот кој резултира веќе шести ден во прекин да е патничкиот и товарниот железнички превоз во земјава, информира Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт и претседател на Синдикатот на машиновозачи. Тој во изјава за Мета.мк...

Железничкиот превоз петти ден во прекин, раководството бара машиновозачите да возат

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во Македонија веќе петти ден е во прекин како последица на бојкотот на машиновозачите да ги управуваат возовите поради неисплатената плата за јули. Машиновозачите од Железници на РСМ-Транспорт појаснуваат дека до 15-ти во месецот платата треба во целост да биде исплатена, а досега тие добиле само половина од платата за јули. Машиновозачите се заканија дека...

Пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 8 до 14 часот до 10 јули

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура информира дека пругата Скопје-Велес ќе биде затворена за сообраќај од 26 јуни до 10 јули во периодот од 10 до 14 часот поради изведба на санациони работи. Патничките возови Скопје-Велес и Велес-Скопје, кои поаѓаат од 9:15 часот од Скопје, односно од 12:10 часот од Велес нема да сообраќаат овој временски период, освен во недела...

Товарен воз вчера удри во возило кај Прилеп, три лица се повредени

Три лица се повредени во вчерашната железничка незгода што се случила кај прилепското село Гостиражни, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп и патничко возило „фолксваген поло“...

Железничкиот превоз повторно во функција откако се исплати априлската плата

Патничкиот и товарниот железнички превоз се повторно во функција по петчасовниот штрајк на железничарите поради неисплатената плата за април. Возовите сообраќаат по редовниот возен ред по 13 часот, откако утрово вработените од влеча на возови во депото „Лисиче“ престанаа со работа. https://meta.mk/vozovite-ne-soobrakjaat-zheleznicharite-baraat-plata-za-april/ Платата за април на сите вработени во Железници на РСМ-Транспорт им е исплатена во текот на денов, поради што...

Возовите не сообраќаат, железничарите бараат плата за април

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово е во прекин поради неисплатената априлска плата на вработените во Железници на РСМ-Транспорт. Вработените од подружницата влеча на возови во депото Лисиче престанаа со извршување на работните обврски, пa утрово од 8 часот прекинат e железничкиот сообраќај. Железничарите бараат да им се исплаќа платата во согласно со договорениот период, и тоа...

Од 8 до 20 мај ќе има затворање на пругата Велес-Гевгелија

Од 8 до 20 мај, во периодот од 9:30 до 19:00 часот, поради реконструкција на пругата ќе биде затворена за сообраќај пругата од Велес до Гевгелија, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Во овој период, патничкиот воз со број 632 на релација Гевгелија – Скопје од железничката станица Гевгелија ќе тргнува со задоцнување од 85 минути,...

Ќе чекаме европски пари за да градиме пруга до скопскиот аеродром

Ќе се чека на одлука од Европската Унија за обезбедување средства за изградба на ветената пруга до скопскиот аеродром и за воспоставување на железничка линија од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром Скопје. Од Министерството за транспорт и врски за Мета.мк објаснуваат дека Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ ќе треба да аплицира за овој проект, бидејќи истиот е...

По 12 дена штрајк, од утре нормализација на железничкиот сообраќај

Машиновозачите по 12 дена штрајк денеска се одлучија да го прекинат штрајкот, откако им бил исплатен вториот дел од платата за февруари и патните трошоци за март. Од попладнево ќе се нормализира товарниот железнички сообраќај, додека од утре во 6 часот ќе почнат да сообраќаат и патничките возови. Машинскиот персонал во Железници на РСМ-Транспорт стапи во штрајк на 31 март...

Земјотрес од 7,2 степени утрово го погоди Таџикистан, засега нема информации за жртви

Земјотрес од околу 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Таџикистан, објави кинеската државна телевизија, повикувајќи се на информации од Кинескиот центар за земјотресни мрежи. Епицентарот бил на околу 82 километри од најблиската граница со Кина и силно бил почувствуван во некои области во западниот кинески регион Ксинџијанг, вклучувајќи ги Кашгар и Артукс. Засега нема информации за жртви. Снабдувањето...

Воз за Белград ќе нема и догодина, за Солун и Истанбул се чека согласност од Грчките железници

Железници на РСМ-Транспорт го подготви новиот возен ред за 2023 година, кој стапува на сила на 11 декември годинава. Експресниот воз за Белград нема да сообраќа и наредната година, додека за пуштање во сообраќај на најавениот воз од Скопје за Солун и Истанбул се чека на согласноста на Грчките железници. „Со новиот возен ред не е предвиден сообраќај на меѓународниот...

Ковачевски: Го разбирам скептицизмот на граѓаните за пругата кон Бугарија, но ќе работиме напорно [Галерија]

Свесен сум дека постои скептицизам, јас сум еден од оние кои практично пораснаа со проектот железница кон Бугарија. Од моментот кога станав свесен за тоа што се железнички коридори, тогаш почна да се гради овој железнички коридор и сѐ уште не е изграден. И знам зошто постои тој скептицизам, таа недоверба дека некогаш и ќе се случи ова. Системот...

Се чека локомотива од Турција за да тргне возот од Скопје за Кичево

Државната компанија Железници на РСМ-Транспорт ќе чека Турција да нѝ помогне со локомотиви за да може да ја пушти во сообраќај укинатата железничка линија Скопје-Кичево-Скопје. Воз за Тетово, Гостивар и Кичево од Скопје не сообраќа уште од мај 2021 година, кога тогашното раководство на Железници ги укина патничките возови кон Кичево и Кочани. Во актуелниот возен ред за 2022 година...

ЕУ со исти критики како и лани: Да се забрза изградбата на Коридорите 8 и 10д и реформите во железницата

Критиките во транспортниот сектор од Европската комисија се речиси идентични како и лани, односно остануваат како барања за исполнување од власта. Во Извештајот за напредокот на Северна Македонија во европските интеграции за 2022 година се критикуваат истите проекти како и лани - изградбата на пругата кон Бугарија, патниот Коридор 10-д од Градско до Прилеп, заедничките железнички гранични премини, недостигот...

Иновација преточена во реалност: Во Германија сообраќаат патнички возови на водород

Иднината на еколошките патувања во Германија станува реалност со воведувањето на првата железничка линија, на која сообраќаат иновативни патнички возови на водород, пренесува Си-ен-ен. Новата технологија е преточена во возови со водородни ќелии, кои ја произведуваат енергијата за нивното придвижување. Четиринаесет водородни возови беа набавени по цена од 93 милиони евра од францускиот производител Алстом. Тие сообраќаат по неелектрифицирана пруга...

Возовите меѓу Скопје и Куманово привремено не сообраќаат, железницата нема доволно машиновозачи

Патници кои секојдневно патуваат на релацијата меѓу Скопје и Табановце се жалат дека четирите пара возови веќе неколку дена не сообраќаат. До редакцијата на новинската агенција Мета пристигна поплака од граѓанин за укинувањето на возовите, кои секојдневно поаѓаат од Скопје за Куманово и Табановце во 4:01, 6:45, 16:25 и 20 часот, како и од Табановце и Куманово за Скопје...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...