fbpx
Таг: железничканесреќа

таг: железничканесреќа

Еден загинат и 60 повредени во железничка несреќа во Алжир

Најмалку едно лица загина, а 60 се повредени во судир на два воза кај алжирскиот град Бумардес, јавуваат локалните медиуми. Веста за железничката несреќа ја потврди и директорот на националната железница на Алжир, Јасин Бенџабалах. Возовите сообраќале на релација меѓу главниот град Алжир и Тенија. Повредените патници веднаш се хоспитализирани. Засега не се откриваат повеќе детали за тоа како дошло до несреќата.

Пронајдени црните кутии од железничката несреќа во Германија

Спасувачите на местото на судирот на два воза на југот на Германија, во кој загинаа 10 лица, денеска ги пронајдоа двете црни кутии и траат по третата. Министерот за сообраќај, Александер Добринт, изјави дека кутиите веројатно го содржат одговорот за причината за несреќата. Тој на прес-конференција во градот Бад Ајблинг во Баварија, во близина на несреќата, опиша сцена на хаос...

Сè поголем бројот на загинати во железничката несреќа во Германија

Причината за судирот на двата воза во Баварија, при кој загинаа најмалку девет лица, сè уште не е позната, соопшти полицијата која отвори истрага. Меѓу загинатите е и машиновозачот на еден од возовите, додека по другиот сè уште се трага, но се верува дека е меѓу живите. Најмалку осум лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во судир на два воза...

Висконсин: Воз со сурова нафта излета од шини

Десет товарни вагони со сурова нафта вчера излетаа од шини во сојузната американска држава Висконсин, во близина на градот Вотертаун. Локалните медиуми јавуваат дека од дел од вагоните истекло нафта. Полицијата и спасувачките екипи работат на местото на несреќата. Засега не се знаат причините за инцидентот, кој се случил на дел од пругата на кој неодамна бил правен ремонт. Во саботата, во...

Железничка несреќа во Индија

Најмалку 20 лица загинаа, а 100 се повредени откако два експресни воза синоќа делумно излетаа од шините над поплавениот мост над река во централниот дел на Индија, соопштија индиските власти. Нуркачи, користејќи плински режачи, ги извлекле патниците што биле заробени во поплавените вагони и до утринава се спасени 300 лица. Десетина од спасените, веднаш се хоспитализирани и се во критична состојба. - Ги проверуваме...

Железничка несреќа во Буенос Аирес

Најмалку 40 лица се повредени откако патнички воз удри во локомотива на сообраќајна делница на пругата во предградие на Буенос Аирес, соопштија аргентинските власти. Екипите на брзата помош и противпожарните служби ги згрижиле повредените и ги префрлиле во најблиската болница, а потврдија и дека нема тешко повредени. Несреќата се случила вчера во градот Темперлеј, во моментот додека двата воза се движеле со...

Пет лица загинаа во железничка несреќа во САД

Патнички воз со повеќе од 200 патници излета синоќа од шините северно од Филаделфија. Загинаа најмалку пет лица, а повредени се повеќе од 50, од кои некои се во критична состојба. Засега нема информации за тоа што би можело да биде причината за излетувањето на возот на компанијата „Амтрак“ во северното предградие Порт Ричмонд, долж реката Делавер. „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се извори од...

Еден загинат и девет повредени во железничка несреќа кај Грац

Едно лице загина, а деветмина се тешко повредени откако два патнички воза денеска фронтално се судрија во близина на Грац, соопшти австриската полиција. Машиновозачот на еден од возовите бил заробен во локомотивата и им подлегнал на раните, а една 60-годишна патничка е во критична состојба и со хеликоптер е префрлена во болница. Портпаролот на железничката компанија ги потврди медиумските написи дека...

Воз прегазил 25-годишно момче кај Скопски саем

Дваесет и петгодишно момче го загубило животот во железничка незгода што вчеравечер, околу 22.45 часoт, се случила спроти Скопски саем. Како што информираат од полицијата, станува збор за Александар А., во кого удрил воз што сообраќал на релацијата Скопје - Белград. Од повредите Александар А. починал на самото место. Од полицијата нема информации за околностите во кои се случила несреќата, а по...

Њујорк: Седум лица загинаа при судир меѓу воз и автомобил

Седум лица загинаа откако воз удри во автомобил на железнички премин во реонот Валхала, северно од Њујорк. При несреќата загинале возачот на автомобилот и шест патници на возот, а 12 лица се повредени. Како што јавуваат американските медиуми, при судирот се запалил автомобилот и предниот дел на возот, во кој имало 750 лица, од кои многумина не биле во можност да...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...