fbpx
Таг: железничка пруга

таг: железничка пруга

Потпишан договорот за заеднички железнички граничен премин со Србија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) помагаат во зајакнувањето на регионалната интеграција и поврзаноста во Западен Балкан преку изградба на првиот заеднички железнички граничен премин, помеѓу Северна Македонија и Србија, соопшти ЕБОР. Новиот заеднички железнички граничен премин ќе биде изграден на железничката рута Коридор 10 кој е дел од проширената Трансевропската транспортна мрежа (ТЕН-Т) на...

Бочварски: До крајот на годината јавен повик за изградба на третата фаза од пругата на Коридор 8

До крајот на годината очекувам да го распишеме јавниот повик за изградба на третата фаза на пругата на Коридор 8, односно од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир. Исто така очекувам многу брзо пратениците да ги изгласаат законите за заем од меѓународните финансиски институции и со тоа да ја заокружуме финанисиската конструкција за изградба и на последниот дел...

Во пожар изгореа 1.000 прагови од пругата Велес-Битола, возовите не сообраќаат

Железничкиот сообраќај на пругата Велес-Битола е во прекин поради пожарите во Пелагонискиот регион, кои уништиле околу 1.000 прагови од пругата на повеќе локации, информираат денеска од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ-Инфраструктура. „Стручните служби на ЖРСМ Инфраструктура работат интензивно на терен за отстранување на дефектот и оспособување на сообраќајот. Поради овие причини сообраќајот на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе биде...

Локвенец-Папукчиски: Обезбедени се средства за железничката пруга Софија-Скопје

Конечно, после речиси 30 години, железничката пруга за поврзување на Северна Македонија и Бугарија станува реалност, рече генералниот директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, Хари Локвенец на денешната средба во Скопје со бугарскиот колега Красимир Папукчиски, генерален директор на Националната компанија за Железна и патна инфраструктура (ДК НКЖИ) на Република Бугарија. „Добрите намери со...

Бочварски: Санирана штетата на пругата кај Куманово, од утре повторно ќе биде во функција

фото: мин за транспорт и врски
Железничката пруга што беше оштетена кај Куманово поради излизгување на товарниот воз во четвртокот, од утре ќе биде повторно ставена во функција, информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денеска заедно со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санацијата на 250 метри пруга што беше оштетена. Бочварски рече дека вработените во рекордно време...

По втор пат за седум месеци, излета од шини патничкиот воз на линијата Скопје-Кочани

За само седум месеци, втора железничка несреќа во која учествувал патничкиот воз Скопје-Кочани. Сообраќајќи со десетина патници, вчера околу 17:20 часот овој воз излетал од шините во Овче Поле, јавува СДК.МК. Медиумите пишуваат дека во несреќата немало повредени лица, но засега МВР нема објавено повеќе детали за железничката несреќа. Од објавените фотографии што можат да се видат на социјалните мрежи,...

РЕПОРТАЖА: Црно ѝ се пишува на пругата Велес-Кочани по завршувањето на новите патишта на Истокот

Од Скопје до Штип со автомобил се стасува за 45 минути по новиот автопат којшто лани беше пуштен во употреба. Наредната година ќе биде отворен целосно за сообраќај и експресниот пат Штип-Кочани, по кој меѓу главниот град и Кочани ќе може да се стигнува за помалку еден и пол час. Источниот дел од Македонија како никогаш досега се гради...

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства од 426 милиони евра...

Првиот патнички воз успешно ја тестираше пругата Битола – Кременица

Извор: Facebook page of the Bitola-Kremenica Project
Успешно помина првичното тестирање на пругата од Битола до Кременина на македонско - грчката граница. Патнички воз на Железници на РСМ - Транспорт денеска направи пробно возење на пругата долга 17 километри. Екипите ја тестираа поставената сигнализација долж целата траса, вклучувајќи го и работењето на семафорите на влезот и излезот од железничките станици и рампите на железничките премини. На...

Потпишани меморандуми за грчка поддршка за ЕУ реформите и подобро сообраќајно поврзување

На седницата на Високиот Совет за соработка меѓу Северна Македонија и Грција во владата денеска, премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, го потпишаа Акцискиот план за зголемување на соработката, според Договорот од Преспа, а министри од двете влади потпишаа низа важни меморандуми. Како што известија од Владата, министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Евангелос Апостолакис, го потпишале...

Возот од Битола кон Грција ќе може да тргне напролет

Приближно 95% од градежните работи за изградба на пругата од Битола до Кременица на македонско - грчката граница се завршени. Во претстојните месеци треба да се изведат завршните работи за инсталација на опремата за сигнализација и телекомуникација, пристапните патишта и приклучувањето на железничките објекти на електрична енергија, водоводна и канализациона мрежа. „Завршување и комплетирање на работите на пругата како целосен...

Мостот кај Градско е саниран, железничкиот сообраќај пуштен во употреба

Бетонскиот мост на железничката пруга кој се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, поради кој железничкиот сообраќај на Kоридорот 10 беше во прекин, е комплетно саниран и од вечерва сообраќајот на овој дел ќе биде пуштен во употреба, информираа од МЖ „Инфраструктура“. „Пред пуштање на мостот за сообраќај, санацијата е извршена во специфични услови при што се извршени специјални прегледи и испитувања со пробно товарење согласно на член 27 од Правилникот за начинот...

Нова тужба до грчката влада поради ситуацијата на Идомени

Претседателот на стопанската комора на Кукуш, Павлос Тоникидис поднесе тужба до локалниот суд адресирана до сите одговорни за ситуацијата на Идомени поради двомесечната блокада на железничката пруга. Тоникидис во тужбата потенцира дека блокадата и нефункционирањето на железничката линија им создава огромна финансиска штета на извозниците, но и општо на сите трговци и бизнисмени од Кукуш. Неделава тужба до сите...

Повреден бегалец и нови судири со полицијата на Идомени

Тензиите не стивнуваат во бегалскиот камп на Идомени. Бегалец од Сирија вчера беше повреден кога под нејасни услови беше прегазен од полициско возило, трагичен инцидент, кој доведе до нови судири меѓу бегалците и полицијата во кампот. Повредениот бегалец заврши во болница со тешки повреди, а бегалците во знак на револт демолираа полициско возило. Тензијата продолжува и денеска и се...

Поради дефект на словенечката железница, затворена неутралната зона кај Идомени

Дефект на железничката инфраструктура во Словенија е причината за затворењето на неутралната зона за премин на мигранти, меѓу Грција и Макединија, во реонот на граничниот премин Идомени, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. - Бевме известени од другите земји од т.н. западно-балканска рута да го редуцираме бројот на мигранти поради дефект на железничката пруга во Словенија. Ние добивме...

Гевгелиски таксисти ја блокираа пругата поради забраната да превезуваат мигранти

Здружението на лиценцирани такси-превозници „Авто-таксисти“ од Гевгелија, утрово, во 10 часот, почнало протест поради забраната да се превезуваат мигранти од Гевгелија до Куманово, информира Министерството за внатрешни работи. Членови на здружението, со своите такси-возила и со жив штит, ја блокирале железничката пруга кај железничкиот мост на Сува река. Како што информираат од МВР, таксистите ги блокираат возовите што се упатуваат до Прифатниот...

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....