fbpx
Таг: Жан Клод Јункер

таг: Жан Клод Јункер

Европската комисија демантира: Јункер не се повлекува

Европската комисија денеска ги демантираше објавите во некои медиуми дека нејзиниот претседател, Жан-Клод Јункер, ќе поднесе оставка. Дел од европските весници денеска објавија дека Јункер најверојатно ќе се повлече од претседателската функција на почетокот од април годинава. – Понекогаш новинарите повторуваат една иста работа без никака основа, не знам зошто се случува тоа. Јункер јасно изјави во 2014 година дека пет години му...

За Брексит ќе бидат потребни повеќе од две години, оцени Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер оцени дека ќе бидат потребни повеќе од две години за да се постигнат сите договори околу излезот на Велика Британија од Унијата. -Мислам дека нема да успееме во рок од 24 месеци да ги постигнеме сите договори за Велика Британија да ја напушти ЕУ и да воспостави целосен однос со европскиот континент, изјави...

Светските лидери му ја честитаа победата на Трамп, ЕУ го покани на самит

По официјалното прогласување на Доналд Трамп за нов претседател на САД, честитки за победата стигнуваат од светските лидери. Дел од нив изразуваат скепса, а дел се радуваат на изборот што го направија Американците. Претседателот на Еврпскиот парламент, Мартин Шулц, во подолга изјава рече дека на Европската Унија ќе ѝ биде потешко со Доналд Трамп отколку со претходните американски администрации. - Ќе биде...

Јункер: ЕУ не смее да попушти пред барањата на Британија

Европската Унија мора да биде непопустлива кон барањата на Велика Британија кога станува збор за условите за нејзиното излегување од ЕУ, рече денеска претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. - Не може со една нога да бидете надвор, а со друга внатре. По тоа прашање мора да бидеме непопустливи – рече Јункер на конференција во Париз, предупредувајќи ја Британија дека...

Евроамбасадорот Жбогар ги посети бегалците во кампот кај Гевгелија

Амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Самуел Жбогар денеска ги посети бегалците кои се сместени во транзитниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија. Тој изрази задоволство што ЕУ соработува со владата, институциите и со Општина Гевгелија за справување со мигрантската криза. „Како што веќе ви е познато, пред два дена претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер рече дека во следните 12 месеци Европската комисија ќе...

Јункер: Популизмот не решава, туку отвора проблеми

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека иднината на Европската Унија не е загрозена по одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата и апелираше до Лондон што е можно побргу да ја почне процедурата за излегување, јавуваат светските агенции. Јункер во својот годишен говор за состојбата на Унијата пред Европскиот парламент во Стразбур, истакнал дека ЕУ ја...

Јункер: Турците ќе патуваат без визи во ЕУ само ако Анкара ги исполни сите услови

Граѓаните на Турција од октомври ќе можат без визи да патуваат во Европската Унија само доколку Анката ги исполни сите услови, меѓу кои е и реформата на антитерористичките закони, изјави вчера на европскиот форум во Алпбах во Австрија, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. - Прашањето за безвизните патувања, што е директно поврзано со спогодбата за решавање на прашањето на...

Јункер: Само Британија може да го иницира процесот на излез од ЕУ

Нема краен рок до кога Велика Британија треба да ги почне преговорите за излез од Европската Унија, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Јункер, во интервјуто за „Франс 2“, рече дека членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој е уредена процедурата за излез од ЕУ, може да го активира само Велика Британија. - Би сакал Обединетото Кралство да ни достави...

Јункер: Ќе ми недостига Камерон

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го поздрави заминувањето на британскиот премиер Дејвид Камерон и порача дека за ништо не му забележува. Светските медиуми потсетуваат дека двајцата политичари, на почетокот имаа прилично лоши односи бидејќи Камерон се обиде да го блокира изборот на Јункер за прв човек на Европската комисија и предупреди дека ќе ги наведе Британците да гласаат за излез...

НАТО и ЕУ ќе ја прошируваат соработката во сферата на безбедноста

На првиот ден на НАТО-самитот во Варшава, членките на Алијансата усвоија одлука за зголемување на военото присуство во четири држави на Источна Европа. Се воведува дополнителен мултинационален баталјон во Романија, а членките одлучиле и заеднички да ја координираат одбраната од балистички ракети. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека дополнителните трупи на НАТО следната година ќе бидат распоредени во Летонија, Литванија, Естонија...

Европскиот парламент бара што поскоро да почне процесот Брексит

Европскиот парламент денеска ја повика Велика Британија што поскоро да го почне процесот за излез од Европската Унија. „Волјата на граѓаните мора во целост да се почитува, почнувајќи со што побрзото активирање на член 50“, се наведува во резолуцијата што денеска пратениците на ЕП со 395 гласа „за“ и со 200 „против“ ја усвоија на вонредна седница. Само 71 пратеник...

Јункер бара од Британија итно да ја „разјасни својата позиција“ по Брексит

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска во Брисел ја повика Велика Британија што е можно поскоро да ја „разјасни својата позиција“ по Брексит. Јункер пред Европскиот парламент рече дека Британија и Европската Унија остануваат пријатели, но дека земјата мора да ја каже својата позиција за да се избегне неизвесноста. „Мораме да ја разјасниме ситуацијата што е можно поскоро. Но, јас...

Брисел порача: Опстанокот на ЕУ не е доведен во прашање

Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет, Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент, Марк Рут, претседавач со ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ, и Жан Клод Јункер, претседавач со Европската комисија, по состанокот во Брисел, изјавија дека жалат поради одлуката на Британците да ја напуштат Европската Унија. „Во еден слободен и демократски процес, Британците изразија желба да ја напуштат Европската Унија....

Јункер нема да поднесе оставка во случај на Брексит

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска соопшти дека не планира да си поднесе оставка доколку Британците на утрешниот референдум одлучат да ја напуштат Европската Унија. – Тоа е проблем на британскиот народ - рече портпаролот на Јункер, Маргаритис Схинас, додавајќи дека Јункер не се ангажирал во кампањата бидејќи комисијата не била и не е дел од кампањата во Британија. Јункер претходно...

Јункер: Грција е на вистинскиот пат за излез од кризата

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во Атина оцени дека Грција е на вистинскиот пат за излез од економската криза и оти мора да ја реализира програмата за реформи за која постигна согласност со своите кредитори. - Грција е на вистинскиот пат, резултатите се охрабрувачки - изјави Јункер на средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас. На средбата, исто така, се разговарало...

Јункер во посета на Русија следниот месец

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер следниот месец ќе ја посети Русија каде ќе учествува на економската конференција во Санкт Петерсбург, јавуваат светските агенции. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјавил дека за време на посетата предвидено е Јункер да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Станува збор за прва посета на највисоко ниво на претставник на Европската Унија...

Јункер: Заканите на Турција нема да имаат ефект

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изјави дека заканите на Турција кон ЕУ нема да имаат ефект и ја повика Анкара да го испочитува својот дел од договорот со ЕУ, кој се однесува на спречување на приливот на мигранти. - Очекуваме Турција да ги почитува своите обврски. Заканите не се најдобар дипломатски инструмент, кој може да се употреби....

Јункер: Британија ќе се смета за „трета земја“ ако излезе од ЕУ

Велика Британија ќе биде третирана како „трета земја“ доколку излезе од Европската унија предупреди претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во интервју за францускиот весник „Монд“. - Доколку Британците на 23 јуни гласаат против останувањето на земјата во ЕУ, животот во државата нема да се одвива како досега. Обединетото Кралство ќе треба да прифати да биде третирано како трета...

Јункeр: „Брексит“ би имал несогледливи последици

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија би нанело „несогледливи последици“ на европската соработка, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункeр. - „Брексит“ со сигурност би ѝ нанел несогледливи последици на европската соработка, за што апсолутно не сакам да шпекулирам, бидејќи сум уверен дека Британците ќе донесат разумна одлука - нагласи Јункер во интервју за германската медиумска група „Функе...

Блокадата на италијанско-австриската граница ќе биде катастрофа за Европа

Австриската блокада на границата со Италија за да се спречи приливот на мигранти би била политичка катастрофа за Европа, предупреди денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Австрија се закани дека ќе ги прошири мерките за гранична контрола на преминот Бренер, доколку Италија сама не ја зајакне контролата на приливот на бегалци што влегуваат на нејзина територија, а потоа низ тунел...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...