fbpx
Таг: жалби

таг: жалби

Барателите на информации од јавен карактер и понатаму најмногу се жалат на „молк на управата“

Граѓаните, новинарите, невладините организации и сите други баратели на информации од јавен карактер и понатаму најчесто се жалат до Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер поради „молчење на управата“. Дури 163 од вкупно 222 жалби поднесени до Агенцијата во првите шест месеци од 2020 година се поради непостапување на имателите на информации...

Во првиот квартал поднесени 109 жалби од баратели на информации од јавен карактер, десетина се од новинари

Покрај тоа што во изминатиов период ги реши сите заостанати предмети, Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер во предвидениот рок ги решава и жалбите кои пристигнуваат во моментов, информираат за „Мета.мк“ од Агенцијата. Во првиот квартал од 2020 година до Агенцијата биле поднесени 109 жалби од страна на барателите на информации од јавен...

Лани пораснал бројот на поднесени жалби за прекршување на пристапот до информации од јавен карактер (инфографик)

Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер лани регистрирала 755 жалби против молк на имателите на информации или против управни и реални акти на првостепени органи, што е за 133 повеќе во споредба со 2018 година. Зголемувањето на поднесените жалби за прекршување на правото на пристап до информации од јавен карактер е забележано...

Пред изборите расте бројот на жалби од политичарите за медиумите (инфографик)

Од последното, политичарите се искачиле на второ место како поднесувачи на жалби до Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), покажуваат статистичките податоци на телото за саморегулација за 2019 година. Во периодот  од 2014 до 2017 година, секоја четврта жалба против медиумско известување доставена до Советот била од политичар. Во 2018 година, политичарите биле на последно место на ранг-листата...

СЕММ очекуваат зголемен број на жалби за време на претседателската кампања

Жалбите на граѓаните за телевизиската емисијата „Јади бурек“ на Јанко Илковски, пишувањата на порталите „Макетел“ и „Доказ“, беа предмет на разгледување на јавната седница на Советот на етика во медиумите во Штип. Приустните граѓани имаа прилика во живо да слушнат како се одлучува по жалбите од работата на медиумите и новинарите. Водителот Јанко Илковски во живо во емисија навредил гледач,...

Затрупана со 500 жалби, Комисијата за слободен пристап до информации чека доекипирање

Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер не може да функционира и да донесува одлуки, бидејќи недостигаат два члена, а мора да има петмина за да се донесат одлуките. Поради тоа сега на докомплетирање на составот на комисијата чекаат околу 500 жалби, велат од Стручната служба на Комисијата. - Стручната служба на Комисијата, односно Секретаријатот,...

Апелација ќе одлучува за притворите на Јанакиески и Божиновски

Во Апелацискиот суд Скопје денеска ќе се одржат јавни седници за притворите на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Јанакиески е обвинет во неколку случаи на Специјалното јавно обвинителство, а Божиновски, како поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, е обвинет во случајот „Титаник”. Двајцата се во притвор по бегството на поранешниот премиер...

Кривичниот совет ги потврди притворите за петмината од „Империја“

Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ги одби жалбите на адвокатите на петмината притворени во случајот „Империја" што неодамна го отвори Специјалното јавно обвинителство. Во притвор се Орце Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска. Според судот, на јавна седница Кривичниот совет ценејќи ги фактите и доказите во предлогот од СЈО за притвор и во изјавените...

Апелација ја потврди казната од 2 години затвор за Груевски за „мерцедесот“

Скопскиот Апелациски суд на својот веб-сајт денеска ја објави одлуката со која се отфрлаат жалбите на Никола Груевски за неговата двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“, за набавката на скапиот луксузен „мерцедес“ вреден речиси 600.000 евра. „Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост“, се...

„Диво Насеље“: Пресудата се преведува, жалбите се процесуирани, предметот оди во Апелација

На 2 ноември минатата година, две години и пет месеци по настаните 9 и 10 мај 2015 година во кумановската населба, и година и осум месеци по почетокот на судењето на 8 февруари 2016 година, Основен суд Скопје 1 ги изрече првостепените пресуди против обвинетите. Осуммина обвинети за тероризам и терористичка организација за настаните во кумановско Диво Насеље од 9...

СЕММ: Порталите се најчеста мета за жалби за неетичко известување

Статистиката, од Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите (СЕММ) покажува дека, во периодот од 2014 до 2017 година, најголем дел од жалбите за неетичко известување на медиумите - 79 проценти - се однесувале на интернет порталите. Потоа следуваат телевизиите со 12,6 отсто, весниците и неделниците 8 отсто и новинските агенции 0,5 отсто. Најмногу жалби, 59, поднеле организации...

Врховен суд треба ја соопшти одлуката за притворените од 27 април

Врховниот суд на Република Македонија денеска, три дена откако истече рокот за тоа,  треба да ја донесе одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година. Рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот. Осомничени за настаните од 27 април...

Владо Јовановски заминува во куќен притвор, Мукоски останува во „Шутка“

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на актерот Владо Јовановски и му ја ја замени мерката притвор во истражен затвор, со мерка куќен притвор. Пратеникот Крсто Мукоски, чии жалби денеска ги разгледуваше Апелација, останува во притвор. Второстепениот суд го одби негово барање притворот да му биде заменет со куќен притвор. Тој пред Кривичниот совет на Апелацискиот суд се...

Пратеникот Сашо Василевски останува во притвор

Пратеникот Сашо Василевски, шефот на обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, началникот во МВР, Душко Лазаров и началникот на посебните и специјалните единици на МВР, Митко Пешов остануваат во притвор, откако Апелацискиот суд им ги одби жалбите и ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Апелацискиот суд Скопје денеска треба да ги разгледува жалбите за притворот на...

Дамовски, Илиевски и Арнаудов излегуваат од „Шутка“, Апелација им одреди куќен притвор

Организаторите на протестите на „За заедничка Македонија, Борис Дамовски и Богдан Илиевски и пратеникот Љубен Арнаудов, излегуваат од истражниот затвор „Скопје“, откако Апелацискиот суд Скопје им ги прифатил жалбите и им ја заменил мерката притвор со куќен притвор и да им бидат одземени пасошите, потврдиле за „Телма“ од судот. Дамовски, Илиевски и Арнаудов се меѓу 35-те осомничени за насилствата во...

Рочиштето за жалбите на Грујевски и Бошковски во Атина одложено за 2 март

Врховниот суд во Атина го одложи за 2 март рочиштето на кое треба да се разгледува жалбата на одлуката на Судот во Солун за екстрадиција на поранешниот началник во УБК, Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, јавува Македонската информативна агенција (МИА). Грујевски и Бошковски биле денеска во судот во Атина заедно со нивните адвокати. Советот на судии во Солун на...

Арнаудов и Василевски остануваат во „Шутка“, а Тарчуловски во куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје денеска на затворени седници ги одби како неосновани жалбите за продолжениот притвор на уште седуммина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Меѓу осомничените чии жалби се одбиени се и пратениците Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски. Со денешните одлуки Арнаудов и Василевски остануваат во притвор во истражниот затвор „Скопје во „Шуто Оризари“, додека...

Апелација денеска на затворени седници ќе одлучува за уште девет жалби за 27 април

Апелацискиот суд Скопјe и денеска ќе разгледува жалби за продолжувањето на притворите на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, потврдија за „Мета“ од судот. Оттаму велат дека денешните седници ќе бидат затворени за јавноста, бидејќи никој од осомничените не побарал нивните жалби да бидат разгледани на јавна седница. Како што ни изјавија од судот, станува збор за осум или...

ВМРО-ДПМНЕ: Судот беше соучесник во уништувањето на правната држава

За ВМРО-ДПМНЕ одлуките на Апелациски суд Скопје да ги отфрли жалбите на единаесеттемина притворени за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април лани се уништување на правната држава и гола политичка конструкција. Судот денес беше соучесник во уништувањето на правната држава. Судиите не собраа сили да се кренат над притисокот и политичките конструкции. Одлуката на Апелациониот суд за...

Апелација ги одби жалбите на Чавков, Јовановски, Дурловски и Илиевски

Апелацискиот суд ги одби жалбите на единаесетмина осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, меѓу кои и поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, актерот Владо Јовановски, поранешниот директор на Македонската опера и балет Игор Дурловски и Богдан Илиевски - Бетмен, кои и понатаму остануваат во притвор што им го одреди и продолжи Кривичниот суд. Дел од одлуките на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...