fbpx
Таг: жалба

таг: жалба

Извештајот од германските експерти за воведување уставна жалба ќе се промовира на регионална конференција

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска оствари онлајн средба со претставници на германската фондација за правна соработка (ИРЗ) на чело со Штефан Пирнер, раководител на проектна област, експерти за уставно право од Сојузна Република Германија и претставници на амбасадата на СР Германија во Република Северна Македонија, информираат од Уставниот суд. На оваа работна средба претставниците на ИРЗ ги презентирале досегашните...

Обвинителите ја одбија жалбата, суспензијата на Русковска останува во сила

На денешната 63 седница, која не беше отворена за јавноста, членовите на Советот на јавни обвинители едногласно ја одбија жалбата на шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска. За отфрлање на нејзината жалба гласаа обвинителите Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски, Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова. Со тоа нејзината суспензија останува во сила до...

Русковска: После ова што ми се случи, не верувам дека друг обвинител сериозно ќе продолжи да постапува по предметите

Русковска-Краја
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за нејзината суспензија. Во изјава за медиумите таа не сакаше да каже детали за содржината, со образложение дека прво Советот треба да се запознае со жалбата, па потоа и јавноста. Русковска истакна дека предметите што ги водела треба да продолжат да се процесираат, но...

Додека трае суспензијата на Русковска, привремено ќе ја замени обвинителката Лиле Стефанова

Обвинителката Лиле Стефанова привремено, според годишниот распоред, ќе ја замени Вилма Русковска која е суспендирана, по одлуката на државниот обвинител Љубомир Јовевски да покрене дисциплинска постапка против три обвинителки од Одделeнието за борба против организиран криминал. Оваа информација за Телма ја потврди Русковска. Русковска од денеска не е на своето работно место, а почнала да ја составува жалбата до Советот за...

Монтажен паркинг во Тетово-4.555 евра за едно паркинг место, жителите поднесоа жалба до институциите

Додека компанијата „Еуровија“ ги врши последните подготовки за изградба на монтажен паркинг во централниот дел на Тетово, кој се очекува да биде готов во септември годинава, десетици жители од оваа населба поднеле жалба до Влада на РСМ и други релевантни институции. Велат дека паркингот се гради незаконски и дека ќе предизвика големи здравствени штети. 4.555 евра чини едно паркинг...

Боки 13 оди во домашен притвор, одлучи Апелациониот суд

Апелациониот суд во Скопје ја прифати жалбата на Бојан Јовановски - Боки 13 и од истражниот затвор „Скопје“ го испрати во домашен притвор. „Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител,...

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд

Судскиот спор за рудникот за бакар и злато Иловица-Штука сè уште не стасал до Вишиот управен суд. Жалбите на канадската компанија „Еуромакс ресурсис“ и Второстепената државна комисија за управни спорови за одлуката на Управниот суд, со која тој ја поништи одлуката за раскинување на договорот за концесија со „Еуромакс“, беа поднесени во јули, но предметот сè уште се наоѓа...

Министерството за транспорт и врски потврди дека нема да се градат „Шпанските скали“ на плоштад

Второстепениот орган при Министерството за транспорт и врски, ја одби жалбата на инвеститорот Амадеус Девелопмент ДООЕЛ за изградба на „Шпанските скали“, со што на сила останува решението издадено од општина Центар за ништовност на одобрението за градење на таканаречените „Шпански скали“, информираат од општина Центар. Инаку, општина Центар, на 12.5.2020 година, донесе решение со кое го огласи за ништовно одобрението...

Бизнисменот Кочан треба веднаш да се јави во затвор, жалбата за одложување му е одбиена

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на бизнисменот Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции...

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето. Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на правилата и...

Мијалков останува во притвор, одбиена жалбата на одбраната

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на поранешниот директот на УБК, Сашо Мијалков за притворот во случајот „Империја“. Судиите оцениле дека постои опасност Мијалков да избега и да влијае врз сведоци и го потврдија решението на судија на претходна постапка, кој му одреди триесетдневен притвор за случајот „Империја“. „Постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот С.М. изјавена...

Кривичниот совет му ја одби жалбата, Груевски мора да се пријави во Шутка

Кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1 му ја одби жалбата на осудениот поранешен премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на решението за издржување на затворската казна од две години, во случајот „Тенк“ на СЈО, што треба да ја одлежи во затворот во Шуто Оризари. „По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот совет на...

Одбраната на Груевски ќе поднесе жалба на пресудата во случајот „Тенк“

Адвокатот на обвинетите во случајот на СЈО „Тенк“, Димитар Дангов рече дека одбраната ќе поднесе жалба на пресудата со која на затворска казна од две години денеска беше осуден Никола Груевски, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски доби казна затвор од шест години и шест месеци. Дангов рече дека Судот немал никаква основа да изрече осудителна пресуда туку напротив...

Судењето за „Тортура“ одложено за 23 март, се чека одлуката на Апелација за Мијалков

Првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, кое требаше да се одржи денеска е одложено, бидејќи како што соопшти судијката Александра Ристеска, Апелацискиот суд сè уште не донел одлука по жалбата на СЈО дали и на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков ќе му се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија,...

Груевски за „Траекторија“ ги спори СМС-пораките, СДСМ и СЈО можеле да ги менуваат

Поранешниот премиер Никола Груевски во продолжението на рочиштето за случајот „Траекторија“ побара од судот да ги отфрли СМС-пораките како недозволен доказ, бидејќи, како што рече, не може да се утврди нивната автентичност и оти многу лесно може да се манипулира нивната содржина. Тој рече дека е можно тоа да се правело и во СДСМ и во Специјалното јавно обвинителство...

Судењето за „Тортура“ треба да почне на 28 февруари, но се чека на Апелација

Кривичниот суд Скопје за 28 февруари го закажа првото рочиште од судскиот процес за случајот „Тортура“ на СЈО, во кој на шестмина припадници на единицата „Алфа“ ќе им се суди за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“ во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ во Скопје. Предметот, како што може да се види од календарот...

Апелација ја потврди четиригодишната затворска казна за напаѓачот на Шекеринска

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата на Панче Ангелов за четиригодишната затворска казна што му ја одреди Кривичниот суд за нападот на Радмила Шекеринска, тогашна пратеничка, а сега актуелна министерка за одбрана, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година, пренесува „Телма“. Со одлуката Апелацискиот суд ја потврди пресудата и висината на казната што на Ангелов му...

Од утре нов круг на одлуки за притворите на осомничените за 27 април

Апелацискиот суд Скопје ја отфрли жалбата и го потврди решението на Кривичниот суд со кое му беше продолжен притворот на режисерот Борис Дамовски, кој е еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Со ова, Апелација ги одби жалбите и им го потврди притворот на сите осомничени на кои им беше продолжена мерката, меѓу кои, покрај...

Не сум сторила тероризам, со моето апсење е прекршен Уставот, рече Пешевска во Апелација

Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Повреден е законот и Уставот со моето апсење. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Бев држена 16 часа со лисици на рацете, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска на денешната јавна седница на Апелацискиот суд во Скопје за продолжувањето на куќниот притвор кој и беше изречен,...

И Мукоски останува во притвор, одлучи Апелација

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата за продолжувањето на притворот и на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, осомничен за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април. Второстепениот суд за жалбата на Мукоски одлучувал на затворена за јавност седница. Со одлуката на Апелација Мукоски останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, кој на 27 декември, минатата година...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...