fbpx
Таг: зграда

таг: зграда

Заврши реставрацијата на зградата на музичкото училиште во Битола

Заврши реставрацијата на една од зградите на музичкото училиште, на булеварот 1 Мај во Битола, финансирана од Министерството за култура. На промоцијата денеска присуствуваше министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, која најави дека со пари од буџетот ќе се реставрираат голем број фасади на стари објекти во градот кои имаат културно-историска вредност. - Овој објект е од 1907 година и потребна беше...

Новинар на „Телма“ нападнат пред зградата на МВР

Новинарот на телевизијата „Телма“, Павле Беловски, вечерва бил физички нападнат од непознато лице пред зградата на Министерството за внатрешни работи (МВР), непосредно пред да се вклучи во живо во последното издание на вестите, јави телевизијата. Напаѓачот му се доближил на новинарот и почнал да го удира со тупаници. Новинарот не бил повреден, а неколкумина полицајци кои биле во близина, веднаш...

Герила-акција на велешките активисти на манифестацијата „Питијада“

Велешки активисти направиле герила-акција на манифестацијата „Питијада“, така што синоќа на зградата до сцената поставиле огромно платно на кое пишувало „Затвор за фамилијата“, пишува „Нова ТВ“. Транспарентот бил упатен до функционерите на власта, кои синоќа биле присутни на оваа забавна манифестација, на која имало голем број луѓе.

Десет лица повредени во експлозија во бар во Милано

Силна експлозија одекнала во бар во централниот дела на северната италијанска метропола Милано утрово во два часот, при што се повредени десет лица, соопштија италијанската полиција. Сите повредени се хоспитализирани во неколку милански болници, но нивните животи не се загрозени. Според прелиминарната истрага, во моментот на експлозијата локалот веќе бил затворен. Сите настрадани се станари од првиот кат од зданието во...

При експлозија во зграда во Барселона, повредени се 15 лица

Експлозија во станбена зграда се случи денеска во каталонската општина Премија де Мар во Барселона, Шпанија. Во експлозијата, од која се урнал дел од зградата, повредени се повеќе од 15 лица, а најмалку еден е загинат.  Сите жители на зградата се евакуирани. Според информациите на локалните медиуми, во болница се сместени најмалку 15 лица, а состојбата на двајца од нив е...

Сè уште не е решен просторниот проблем за учениците од тетовската гимназија

Стари проблеми на почетотокот од новата учебна година за учениците од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово што следат настава на македонски јазик. Тие на 1 септември ќе треба да ја почнат наставата во две оделни згради, во услови под секое ниво за воспитно-образовен процес. Се работи за објекти на Работничкиот универзитет и на основното училиште „Гоце Делчев“ во Тетово. - Во објектите во...

Жителите на Тафталиџе со референдум ќе го бранат паркот

Жителите на Тафталиџе ќе побараат од Советот на општина Карпош одржување на референдум во месна заедница Тафталиџе 1, за да се докаже дека граѓаните не сакаат зграда на местото на паркот. - Граѓаните мора да се послушаат за нивното уставно право за здрава животна средина. Планираме утре да упатиме повик до Советот на општината, да се направи референдум за месна заедница...

Автомобил се заби во скеле од зграда во центарот на Скопје

Возач со својот автомобил синоќа се забил во скелињата на зграда чија фасада се уредува на булеварот Димитрие Чуповски во центарот на Скопје. Според вработени во дуќаните кои се наоѓаат во непосредна близина на местото на ударот, возачот наводно изгубил контрола кога движејќи се по улицата му излегле кучиња. Тие велат дека ударот бил многу силен. - Колегите што ноќеска беа на...

Експлозија во станбена зграда во Малме

Експлозија одекна синоќа во станбена зграда во шведскиот град Малме, јавуваат локалните медиуми. - Експлозијата се случила во еден од становите - изјави портпаролот на полицијата, Ана Горансон, додавајќи дека причината сè уште се утврдува. Според податоците од прелиминарната истрага, нема повредени во експлозијата, која се случила во област кај улицата Трелеборг. - Колку што знаеме, нема повредени, но превентивно поставивме кордон во областа...

Битолските фармери Илиевски и Неделковски повикани на распит во ОЈО Скопје

Скопското јавно обвинителство им испратило покани за распит на битолскиот фармер Душко Илиевски и на тутунарот Кире Неделковски, поради учеството на протестите во Скопје во април годинава, против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници. Илиевски и Неделковски, според поканите што им биле доставени, биле осомничени за учество во толпа и за спречување на...

Министерство за финансии го осудува оштетувањето на државен имот

Министерството за финансии реагираше на вчерашниот протест на „Шарената револуција“, на кој фасадата на зградата на министерството доби неколку балони со боја. „Министерството за финансии го почитува неприкосновеното право на граѓаните за мирен протест, но го осудува вандалското однесување на поединци кои оштетуваат државен имот изграден со парите на граѓаните на Република Македонија“, велат од министерството. На вчерашниот протест, Единицата за...

Обвинителство: Ќе се вештачи лифтот во кој загина шестгодишно момче во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово почнало истрага која треба да ги утврди причините и околностите за смртта на шестгодишното момче што викендов загина во лифт во станбена зграда во Куманово. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека е издадена наредба за вештачење на лифтот, кое ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје. „По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден...

Битолската полиција поднесе кривична пријава против уште еден демонстрант

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривична пријава против 18-годишен демонстрант, осомничен дека со боја ја оштетил фасадата на зградата на Општина Битола, информира МВР. Според полицијата, станува збор за 18-годишниот А.Р. од Скопје, кој се товари за оштетување туѓи предмети. „Пријавениот на 26 април 2016 година, во периодот од 19.40 до 20.10 часот, на булевар 1 Мај во Битола, додека...

Закани со притвор за битолските демонстранти од „Шарената револуција“

„Ако одиш на протести и ако ја шараш Општината, ќе те притворам“. Вака инспектор од СВР Битола му се заканил на тутунарот Кире Неделковски, кој денеска беше повикан на распит во полиција. Неделковски, кој во 2010 и во 2011 година беше водач на протестите на тутунарите, тврди дека на информативниот разговор во полиција денеска добил директни закани дека ако продолжи да учествува...

Евакуирани 500 луѓе од зграда во Стокхолм поради истекување на хемикалија

Од зграда во шведскиот главен град Стокхолм биле евакуирани 500 луѓе поради истекување на хемикалија, за која се претпоставува дека е експлозивна. Службата за итна помош згрижила четири лица, кои се пожалиле на вртоглавица и на вкочанет врат. Локалните медиуми објавија дека зградата, од која се евакуирани луѓето во квартот Солна, ја користеле Каролинскиот институт и Кралскиот институт за технологија, како...

„Шарената револуција“ ја обои и зградата на МНР

Демонстрантите на денешниот протест против одлуката на Иванов да помилува политичари, ја обоија и зградата на Министерството за надворешни работи во боите на „Шарената револуција“ која, како што велат, означува боење на Македонија во боите на слободата и на демократија. Граѓаните со чадори ги штитеа полицајците што ја чуваа зградата на МНР за да не им се обојат нивните штитови и...

Уставен суд се закити со три големи македонски знамиња

На зградата на Уставниот суд поставени се три големи македонски знамиња, како тоа што беше поставено на Порта „Македонија“ по протестот одржан од ГДОМ во четвртокот. Денеска знамето што се вееше на Порта „Македонија“ го нема, а поставени се три на Уставниот суд. Полицијата во моментов го напушта просторот околу Судот. Таму беа присутни голем број специјалци поради најавата на граѓанската иницијатива „Протестирам“ дека...

Силна експлозија во Франција, четири лица повредени

Најмалку четири лица се повредени, а две се водат како исчезнати во експлозија што денеска се случи во станбена зграда во Нормандија. „Четири лица се повредени и префрлени во болница, едно лице се наоѓа во урнатините и комуницира со спасувачите, а две лица се водат како исчезнати“, соопшти жандармеријата во нормандиското место Нонанкур и додаде дека околу 30 лица се евакуирани...

Ќе се гради нова зграда на Народна банка

Народна банка на Република Македонија (НБРМ) ќе добие нова зграда. Новата административна зграда е предвидено да се гради на местото на сегашниот парк до Министерството за надворешни работи. Новиот објект ќе се гради врз основа на идејното решение на авторите Никола Стакинов и Лазар Димов. Тендерот за избор на компанија што ќе ја гради административната зграда е отворен до 30 март,...

14 семејства во Штип ги поминуваат зимските ноќи под ведро небо

Четврта ноќ по ред, под ведро небо, на негативна температура ќе преспијат педесетината станари на опожарената зграда на некогашното нервно одделение во Штип. Меѓу нив има и мали деца, стуткани под најлоните, поставени под стреите на околните згради. Еден мал дел е згрижен кај роднини, а другите ја очекуваат грижата од заедницата. Помошта, велат, тешко стигнува. Особен проблем е немањето храна. -...

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...