fbpx
Таг: зграда

таг: зграда

Возрасен маж загина во пожар во Битола

Во пожар што утрово избувнал на дванаесеттиот кат во зградата наречена „Пензионерска“ во Битола загина возрасен маж. Од СВР-Битола велат дека зградата се наоѓа во непосредна близина на основното училиште „Кирил и Методиј“. Превентивно во зградата во тек е повеќечасовен прекин на снабдувањето со електрична енергија. Екипи на СВР Битола и противпожрната единица во моментов вршат увид и најавија дека во...

Во пожарот утринава оштетени се шест простории на Инспекторатот за животна средина

Во пожарот што утринава избувна во поранешната зграда на Комерцијална банка оштетени се шест простории на првиот кат каде е сместен Инспекторатот за животна средина, а опожарен е и надворешниот дел на вториот кат. Во зградата се сместени и Секретаријатот за европски прашања и Медиумската информативна агенција и за среќа нема повредени. „Пожарот е пријавен во 06:50 часот. Дојавен е...

Нов мурал на белградскиот уличен артист „Пијанист“ до скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

Нов уметнички мурал, насликан од познатиот архитект и уличен артист од Белград, Андреј Јосифовски, познат под псевдонимот „Пијанист“ од неодамна е нацртан на зградата веднаш до гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Муралот е поставен по нарачка на Халкбанк, а пораката зад делото е „Важни се луѓето“, која истовремено е и корпоративниот слоган на банката. Како што велат од Халкбанк,...

Владината зграда утрово без натписот „Влада на Република Македонија“

Владината зграда осамна без натписот „Влада на Република Македонија“. Тој е отстранет од објектот на владата, најверојатно вчера. На местото на главната зграда каде што беа буквите „Влада на Република Македонија“ сега е само фасадата премачкана со бела боја таму каде што претходно беа буквите, но јасно се чита дека досега таму стоел натпис. Пред главната зграда сега течат подготовки за...

Во пожар во Париз загинаа 10 лица, а над 30 се повредени

Во пожар во зграда во југозападен Париз, близу Булоњската шума, за кој обвинителството се сомнева дека е подметнат, загинаа 10 лица, меѓу кои  едно бебе, а над 30 се повредени  - шестмина од нив се пожарникари. Над 50 луѓе биле евакуирани од пожарникарите од осумкатницата во 16-от арондисман на францускиот главен град. Јавниот обвинител на Париз изјави дека пожарот е веројатно...

Емпаер стејт билдинг ќе биде осветлена со боите на македонското знаме по повод ЗОИ 2018

Во чест на денешното отворање на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја, боите на македонското знаме, заедно со боите на знамињата на другите земји учеснички на ЗОИ 2018, ќе бидат осветлени на позната зграда Емпаер стејт билдинг (Empire State Building) во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи. Осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички...

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза

Повеќе од 80 лица се повредени при рушење на тераса во зградата на индонезиската берза. Во моментот на рушење на терасата, имало голем број на студенти кои биле во посета на берзата во Џакарта. Полицијата ги евакуирала луѓето и ги утврдува причините за несреќата. Според информациите од портпаролката на индонезиската берза, немало застој во работата на системот и берзата продолжила непречено да работи. https://www.youtube.com/watch?time_continue=44&v=QPZ-PrHzsXQ

Пожарот кој избувна во стан во центарот на Скопје е изгаснат, нема повредени

Пожарот кој претпладнево избувна во стан во зграда на улица Даме Груев во центарот на Скопје е изгаснат, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Пожарот од станот на вториот кат, се проширил и на балконот на стан над него, а според информациите, нема повредени. Полициските екипи се на терен, но засега, официјално не соопштуваат за причините за настанатиот пожар.

Пожарот во Пржино изгаснат, едено девојче пренесено на клиника

Вчера, околу 16.50 часот, во Скопје на улица Баница во Пржино, избувнал пожар во зграда, при што биле опожарени осум подрумски простории, кои една аптека ги користела како магацински простор, се вели во билтенот на МВР. Во пожарот 10- годишно девојче вдишало чад и било однесено на Клиниката за токсикологија. Од Противпожарната бригада информираат дека пожарот бил локализиран и во неговото гаснење интервенирале 30 пожарникари...

Полицијата спречи самоубиство на жена која сакала да скокне од зграда во Охрид

Екипа на охридската полиција утрово спречила самоубиство на 41-годишна жена, која сакала да скокне од петтиот кат на зграда во Охрид. Како што соопшти СВР Охрид, полициската акција траела околу еден час, во зграда во изградба на крстосницата од улиците Туристичка и Абас Амин, по што жената безбедно била спуштена до приземјето на зградата и предадена на екипа на итната...

Шест лица загинаа во пожар во Мумбај

Шест лица загинаа во пожар што зафати зграда во Мумбај, соопштија денеска локалните власти. Пожарот избувнал по експлозија на довод на гас во недовршена зграда, во која живееле работниците со нивните семејства. Во пожарот се повредени 18 луѓе, од кои 12 се во критична состојба. Полицијата во Мумбај ја истражува несреќата која се случила само една недела откако во градот се урна...

Градоначалникот на Прилеп осуден поради несовесно работење

Основен суд Прилеп го осуди градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески на парична казна од 36.900 денари, заради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Истовремено, прилепскиот градоначалник е задолжен, на име надомест на штета на Општина Прилеп да и исплати 238.750 денари. На Ристески му е изречена и алтернативна мерка, односно условна осуда казна затвор во траење од 3...

Се урна четирикатна зграда во Мумбаи

Четирикатна зграда денеска се урна во Мумбаи, а спасувачките екипи трагаат по околу 40 лица за кои се верува дека се затрупани под урнатините. Шефот на локалната противпожарна служба, Прабхат Рахангдале, соопшти дека досега девет лица се спасени, но дека под урнатините веројатно има уште околу 30 до 40 лица. Засега нема информации за загинати, а деветте спасени лица се со...

Зграда се урна во Карачи додека станарите спиеле

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени при уривање на трикатна зграда во пакистанскиот крајбрежен град Карачи, соопштија денеска пакистанските власти. Спасувачката служба и понатаму се обидува да ослободи две лица кои се заробени под урнатините. Зградата во сиромашниот кварт на Карачи се урнала утринава околу 3 часот, додека станарите спиеле. Засега не е позната причината за уривањето на зградата. Светските агенции...

Нов пожар во Лондон – повторно гори зграда

Најмалку едно лице е повредено во пожар кој изби во зграда во источен Лондон, а со огнот се борат 72 пожарникари. Како што пренесува „Раша тудеј“, пожарот избил на третиот кат на зградата и се проширил на покривот, а едно лице е хоспитализирано. Засега не се знае причината за пожарот. Пред две недели во пожар во облакодерот „Гренфел“ загинаа повеќе од 70...

Меј нареди истрага за причините за пожарот во зградата во Лондон

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска нареди истрага за причините за пожарот во зградата во западен Лондон, во кој загинаа 17 лица, јавуваат светските агенции. Меј својата одлука ја објави по нејзината посета на местото на пожарот, за време на која британската премиерка не даде изјава за медиумите. Според командирот на лондонската полиција, Стјуарт Канди, во болница на лекување се...

Повеќе од 30 лица се повредени во пожар во Москва

Повеќе од 30 лица се повредени, а околу 80 се евакуирани поради пожар кој зафати еден солитер на југозападот во Москва, соопшти денеска руското министерство за вонредни ситуации. - Според потврдени информации, 77 станари, меѓу кои и 17 деца, биле евакуирани, а деветмина се префрлени во болница – изјавиле од ова министерство за руските медиуми. Како што се наведува, пожарот избувнал...

Игор Коруноски е нов директор на „МЖ-Транспорт“

Директорот за одржување влечни средства, Игор Коруноски, е новиот директор на „Македонски железници-Транспорт“. Владата го назначи на местото на Никола Костов кој пред неколку дена си поднесе оставка. Состојбата во железничкиот сообраќај сè уште не е решена, па патничките и товарните возови веќе една недела не сообраќаат поради штрајкот на вработените кои си ги бараат заостанатите плати. Владата обезбеди 70 милиони денари...

Се урна зграда во Истанбул, едно лице загина, петмина се повредени

Во истанбулската населба Зејтинбурн се урна зграда, а како што пренесува турската телевизија „Ен-ти-ви“, едно лице загина, а петмина се повредени. Зградата која се урнала се наоѓа во европскиот дел на Истанбул, а во моментот на уривање немало луѓе бидејќи во тек е процес на санирање. Настраданите биле случајни минувачи. На местото има спасувачки екипи и итна помош, јавуваат медиумите.

Се урна зграда во Казахстан, девет лица загинаа

Најмалку девет лица загинаа кога се урна зграда во селото Шакан во централниот дел на Казахстан, соопштија локалните власти. Како што се наведува, несреќата се случила во неделата попладне, а според првите наоди, била предизвикана од експлозија во котларница. Од урнатините на зградата досега се извлечени девет лица, меѓу кои имало и три деца. Во акцијата за спасување учествуваат 300 луѓе.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...