fbpx
Таг: Зенит

таг: Зенит

„Слободен печат“, „Вечер“ и „Нова Македонија“ добија 500.000 од вкупно 712.000 евра владини субвенции (инфографик)

Владата го објави списокот со 12-те печатени медиуми што добија субвенции преку Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2019 година. Според објавените владини податоци, на повикот за финансиска поддршка за минатата година биле доставени вкупно 16 барања, за кои биле предвидени околу 810.000 евра. Од нив, одобрени се 12 барања за субвенции, при што...

Сѐ уште недостигаат механизми за заштита на човековите права од злоупотреби на безбедносните служби

Сегашните законски решенија за работата на безбедносните служби, како одраз и на меѓусебните пазарења на власта и на сегашната опозиција, не обезбедуваат доволно механизми за ефикасна заштита на човековите права од злоупотреби на безбедносните служби, а за оние позитивни решенија што ги има, не се направило многу во поглед на нивната имплементација. Затоа може да се зборува само за...

„Слобода на интернет“: Потребна е едукација, поголема свесност и транспарентна судска пракса

Повеќе од потребно е да има едукација, поголема свесност и транспарентна судска пракса која ќе биде гарант за владеењето на правото и слободата во интернет сферата, како и специјализирани судски одделенија и судии за авторки права, беа некои од заклучоците од вториот јавен настан „Слобода на интернет“, организиран од Фондацијата „Метаморфозис“, а спроведен во соработка со Факултетот за информатички...

Собранието усвојувало „европски“ закони со заобиколување на процедурата

Собранието усвојувало повеќе „европски“ закони заобиколувајќи ја целата процедура предвидена за законите со европско знаменце во периодот од 2014 до 2016 година. Во годишниот извештај за работата на Собранието во 2016 година се вели дека Собранието донело вкупно 14 закони што произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат усогласување со правото на ЕУ. Притоа, симптоматично...

Годишна средба на граѓанските организации корисници на ИПА2

Центарот за европски стратегии „Евротинк“, Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, „Реактор - истражување во акција“ и Асоцијација за развојни иницијативи „Зенит“, денеска и утре, во Охрид, ја одржуваат годишната средба на корисниците на механизмот за граѓански организации ИПА2. Овие и други поканети граѓански организации и асоцијации, во хотелот „Метропол“ во Охрид, дебатираат и бараат решенија за...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...