fbpx
Таг: земјиште

таг: земјиште

„Паметни градови“ не се тема на Агенда 2030

Во текстот на Агенда 2030  никаде не се споменува ниту терминот „паметни градови“, ниту тоа дека владите ќе имаат авторитет да ги преземаат загадените земјишта. Невистинитото тврдење од постот започна да се шири на интернет просторот, откако на 3 февруари  воз излета од шините и предизвика пожар во град во Охајо, САД. После несреќата илјадници жители мораа да се...

Не е точно дека три американски фирми купиле огромно земјоделско земјиште во Украина

Украинското законодавство забранува продажба на земјоделско земјиште на странци и компании во странска сопственост. Ова ограничување може да се укине, меѓутоа претходно мора да има референдум, а референдум за оваа цел во Украина не беше одржан. Така што, не е вистина дека три големи американски мултинационални компании купиле над 17 милиони хектари украинско земјоделско земјиште. Следствено и дилемата што...

Обвинение за Стевчо Јакимовски и уште 10 лица за малверзации со легализации и приватизации

Обвинителен акт за 11 лица, меѓу кои предничи поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, поднел обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) во Основен кривичен суд Скопје. Како што соопшти обвинителството, кое не именуваше за кој градоначалник станува збор, но сепак од изнесените факти се гледа дека е Јакимовски, тој и другите...

Кирија за стан во центарот на Скопје, колку за три стана во Струга

Огромни разлики во висината на месечните закупнини на станови има во Скопје и во Македонија воопшто, кои во зависност од општината во просек варираат од 87 денари до 306 денари за еден станбен квадрат, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јули-септември, годинава. Пресметката покажува дека за стан од 60 квадрати...

Владата најавува интензивна изградба на автопатот Кичево – Охрид

Владата денеска усвои предлог-закон за нов анекс на Договорот за изградбата на автопатот Кичево – Охрид во должина од 57 километри со кинески „Синохидро“. На овој начин се овозможува ослободување на 205 милиони евра од претходно обезбедените финансии за проектот, со што ќе се интензивираат градежните активности на терен и ќе се овозможи исплата на домашните компании ангажирани како...

Економски теми и предлог-завршната сметка на ланскиот буџет на седницата на Влада

На денешната 75. владина седница која ќе почне во 12 часот, меѓу другото, е предлог - завршната сметка на буџетот за 2017 година, со конечен извештај на овластен државен ревизор. Министрите на седницата ќе го разгледуваат ценовникот за висината на цената на сирова вода наменета за водоснабдување на населението од регионалниот водоснабдителен систем Студенчица кон корисниците на ЈП „Студенчица“ Кичево...

Продолжен рокот за приватизација на државно земјиште до 2021 година

Граѓаните повторно ќе можат да поднесуваат барања за приватизација на земјиште во државна сопственост, информираат од Министерството за финансии. Од таму соопштуваат дека се подготвени измени на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, со кои се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето. „Со измените се даваат дополнителни три години рок, односно можност...

Поројните дождови причинија материјална штета во Полошкиот регион

Поројните дождови во Полошкиот регион поплавиле подруми од куќи и згради и предизвикале уривање на потпорен ѕид врз покрив од куќа, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. „Околу 20 часот на улицата Прохор Пчински, како последица на дождот се лизнал и урнал потпорен ограден ѕид со висина од пет до шест метри и должина од 10 метри врз покривот од...

Митревски осомничен за продажба на општинско земјиште за едно евро за квадратен метар

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека води постапка против повеќе лица осомничени за незаконско приватизирање на земјиште кое е сопственост на една општина. Во соопштението на Обвинителството не е наведен идентитетот на осомничените лица ниту, пак, името на општината, но извесно е дека станува збор за поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, како еден од осомничените лица. Според Обвинителството,...

Најмалку 112 лица загинаа, а 200 се исчезнати при лизгање на земјиште во Колумбија

Најмaлку 112 лица загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во градот Мокоа во југозападниот дел на Колумбија. Колумбиските власти известија дека свлечиштето било предизвикано од излевањето на водите од реката Мокоа и од три нејзини притоки, до што дошло по повеќечасовни обилни врнежи од дожд. При свлечиштето се затрупани десетици куќи во една населба во Мокоа,...

Во Штип протести за спас на парк

Протести во Штип, што ќе се одржуваат секој среда, во 20 часот, најавува граѓанската иницијатива „За спас на паркот 8 Ноември“. Преку протестот оваа иницијатива ќе се обиде да ја спречи урбанизацијата на градскиот парк. Инвеститорот на објектот, кој купи дел од најголемиот рамен парк во Штип, веќе почна да ги копа темелите на деловниот центар, додека граѓанската иницијатива ја спори...

Земјоделците од Петровец го блокираа патот поради незадоволство од владините политики

Земјоделците од населба Петровец еден час го блокираа сообраќајот бидејќи се незадоволни од политиката на власта за земјоделците и од доделувањето на земјиштето, јавува „Алсат-М“. Како што велат, имаат проблеми бидејќи земјоделското земјиште не се доделува на вистинските земјоделци. - Земјиштето го земаат само две фамилии, а немаат ни стока, ни ништо. Се дава под концесија, па тие го изнајмуваат и заработуваат...

Во одрон на земјиште во Кина загинаа 31 лице

Бројот на жртвите во одронот кој затрупа работници на градилиште во кинеската провинција Фуџен се зголеми на 31 лице, додека седум луѓе се водат како исчезнати. До несреќата дошло во неделата, околу 5 часот наутро по локално време, на градилиштето во округот Таининг на југоистокот на Кина, кога 100.000 кубни метри камења и кал ги затрупаа просториите во кои спијат работници. Функционер...

Не запира ерозијата на земјата покрај кејот не реката Пена

Ерозијата на земјата кон излетничкото место Бањиче долж реката Пена постојано се шири. Големите наноси од земја се паднати во Пена, чиј кеј е уништен од секојдневното лизгање на земјата. Дел од тротоарот и потпорните ѕидови се одронати. Жителите кои поминуваат покрај кејот, велат дека патниот правец покрај кејот е еден од најризичните во Тетовско. - Тука е ризично да се...

Николовски: Нови злоупотреби во Министерството за земјоделство

Денеска, пред јавноста и пред граѓаните, објавувам нови докази и факти зошто министерот Михаил Цветков веднаш треба да си поднесе оставка, изјави Љупчо Николовски, дополнителниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. „Ова е класичен фалсификат договор за закуп на земја во село Брод, општина Новаци. Еве го договорот за краткорочен закуп на 35 хектари, земја која прво ја добива таткото...

Во Бразил спасени повеќе од 500 луѓе при пукање на брана

Пожарникарските екипи успеале да спасат 500 преживеани луѓе по пукање на брана на југоистокот на Бразил, каде загинаа 17 лица. Пожарникарите деноноќно беа во потрага по преживеаните кои биле затрупани под кал и земја, откако во четвртокот пукнала браната. Одронот на земјата што се случил по пукањето на браната го затрупал селото Бенто Родригес со околу 600 жители, во регионот Минас...

Бројот на загинатите во Гватемала достигна 237

Најмалку 237 лица загинаа во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити, при одрон на земјиште што се случи минатата недела. Во местото Санта Катарина Пинула, на југоисточнот дел на Гватемала Сити, дожд предизвика лизгање на земјиштето, по што огромна маса земја, камења и дрва се сруши врз станбена населба во која беа уништени 125 куќи. Како што соопштија официјалните лица, уште...

Во Гватемела бројот на мртви при одронот на земјиште се искачи на 86

Најмалку 86 лица го загубија животот при одрон на земјиште врз повеќе куќи во близина на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Се проценува дека околу 350 луѓе сè уште се водат како исчезнати и се стравува дека бројот на жртвите во несреќата може да биде многу поголем, со што оваа несреќа би била најтрагична природна катастрофа во Централна Америка...

Во одрон во Гватемала загинаа 30 луѓе, а затрупани се повеќе од 100 лица

Најмалку 30 лица загинаа, а повеќе од 600 се водат како исчезнати кога рид висок околу 100 метри се срушил во село во предградието на главниот град на Гватемала, Гватемала Сити. Членовите на семејствата пријавиле околу 100 исчезнати, но се стравува дека исчезнале и до 600 лица затоа што лавината од кал и од камења се срушила на најмалку 100...

Прентовиќ: Државни земјоделски површини се кројат и се делат партиски

Опозицискиот СДСМ ја обвинува власта дека распределбата на државното земјиште ја злоупотребува за партиски цели. Претседателката на комисија за земјоделство на партијата, Татјана Прентовиќ, посочува дека огласите ги распишува Министерството за земјоделство, но понудите не се доставуваат таму. „Понудите од последните четири огласи за распределба на државно земјоделско земјште се доставуваат до Генералниот секретаријат на Владата. Станува збор за огласи по потпишаниот политички договор од...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...