fbpx
Таг: ЗЕЛС

таг: ЗЕЛС

Мета факт: Нема комунални полицајци во општините, а законот не е готов и по четири години

Воведувањето на комунална полиција во општините, која ќе се грижи за локалниот комунален ред, чистота и зачувување на животната средина, останува ветување кое нема да биде исполнето во мандатот на оваа Влада. Иако оваа нова служба беше предвидена во Програмата на Владата 2020-2024 во делот за животна средина како проект кој ќе започне да функционира уште во 2021 година,...

Македонските градоначалници премногу зафатени за да ги слушнат препораките на европските делегати

Единаесет делегати од ЕУ денеска во Скопје присуствуваа на седницата на европскиот Комитет за региони, а скопските градоначалници не беа доволно заинтересирани за она што тие имаа да го кажат. Делегатите испратиле силни пораки за улогата на локалните власти, како и препораки за решавање на проблемот со источниот сосед, но за жал, пораките немало кој да ги слушне. Како што пренесува...

Шест општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион ќе работат на управување со отпадот

Општините Битола, Прилеп, Новаци, Охрид, Кичево и Пласница ќе работат на локално ниво на имплементација на проект за управување со отпадот. Денеска беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу овие општини и САЛАР Интернационал, по повод одбелжувањето на 5 Јуни, Светскиот ден на животната средина и воведната конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“. Новиот проект е насочен...

Соларната енергија не се користи за уличните светилки, иако општините плаќаат огромни сметки за јавно осветлување

Македонските општини многу малку ја користат соларната енергија како извор за јавно осветлување. Енергетската криза и зголемените цени на електричната енергија ги вивнаа во облаци сметките за струја на локалните самоуправи за уличните светилки. Јавното осветлување од неопходност се претвори во луксуз, а општините ги истенчија и онака ситните буџети. Сепак, и во вакви услови, користењето на сонцето како...

Мета факт: Граѓаните сè уште чекаат воведување на комунална полиција

Комуналната полиција, чија задача треба да биде обезбедувањето чистота во општините и намалување на загадувањето, сè уште постои само на хартија. Во програмата на Владата која се однесува на животната средина и проектите кои ќе се реализираат од 2020 до 2024 година, стои дека во овој период ќе треба да се изработи и донесе Закон за комунална полиција, а...

ЗЕЛС: Образованието е во хаос, институциите да се справат со дојавите за бомби

Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Орце Ѓорѓиевски упати апел до надлежните институции за сериозност и професионално делување по повод случувањата во последните месеци во кои, како што изјави, поради лажните дојави за бомби во училиштата и неможноста да се најдат испраќачите, кај граѓаните сериозно е нарушено чувството на безбедност и доверба во системот. Тој нагласи дека...

Данела Арсовска разрешена од функцијата претседател на ЗЕЛС

На денешното гласање во Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија (ЗЕЛС), градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше разрешена од функцијата претседател на ЗЕЛС. Оваа функција од денеска ја врши градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кого го избрале мнозинството членови на Управниот одбор на заедницата. Од ЗЕЛС соопштија дека Арсовска продолжува со активностите во ова тело,...

Контраспин: Инсистирањето дека Ковачевски „признал“ тајна коалиција со Арсовска е класичен спин

Анализата на кажаното од Ковачевски и како тоа се претставува во комуникацијата со јавноста од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзини претставници, несомнено покажува дека се спинува кога се тврди дека Ковачевски сам признал дека имал средби со Арсовска во Владата, од што се вади заклучок според кој „признал дека постои тајна коалиција“ СДСМ-Арсовска, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу...

ДЕБАТА: Дигитализацијата ќе донесе придобивки за граѓаните, но бара дополнителен напор и средства

Дигитализацијата би донела огромна предност и за граѓаните и за транспарентноста и отчетноста на локалните власти, но за да се достигне потребното ниво ќе бидат потребни многу напори и пари. Во меѓувреме, треба да се продолжи со работа на процесот на „дигитализирање“ на општините под контрола на некаков „центар“, оти самостојните обиди не донесуваат многу корист. Ова се дел од...

Властите се далеку од реализација на идејата сите службени возила да бидат на електричен погон

Веста за целосната замена на службените возила на американската администрација со нови возила на електричен погон помина стихијно во Македонија. Во функција на исполнување на климатската агенда на новата влада на САД, американскиот претседател Џо Бајден ја донесе одлуката за замена на речиси 650.000 службени возила со возила на електричен погон. Иако не е поставена прецизна временска рамка и...

Oпштините побрзо ќе ги услужуваат граѓаните со софтверот за градежно земјиште

Министерството за транспорт и врски го предаде на Заедницата на единиците на локалните самоуправи (ЗЕЛС) софтверскиот систем „е-Градежно земјиште“ кој треба да го користат општините во Македонија. Оваа софтверска програма има за цел да им овозможи на граѓаните да ја спроведат целата постапка по поднесени барања за отуѓување, за давање на долготраен и краткотраен закуп, за давање на право на трајно...

И Општина Гевгелија барала Владата да ја повлече стратегијата за бегалци

Мислење во врска со нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година до Министерството за труд и социјална политика и до Владата, преку Здружението на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС), доставила и Општина Гевгелија. Оттаму денеска испратија реакција до „Мета“, во која, повикувајќи се на текстот со наслов „Доза ксенофобија и најави за референдуми од општините за...

МЛС: Начинот на финансирање на општините треба да се промени

Министерството за локална самоуправа (МЛС) денеска организирало состанок со претставници на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) за да се најдат решенија со кои ќе се промени системот на финансирање на единиците на локална самоуправа, соопштија оттаму. На состанокот се разговарало за утврдување на критериумите за наменските и за блок-дотациите кои централната власт ги префрла на единиците на локална самоуправа за...

Џафери ги информирал пратениците дека итно треба да се усогласат за локалните избори

Министерот за локална самоуправа и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија до Собранието на Република Македонија доставиле барања со кои се бара Собранието на Република Македонија да најде решение за надминување на состојбата поради неодржувањето на локалните избори и притоа укажале на проблемите што ќе настанат во оваа ситуација, информираат денеска собраниските служби. „Претседателот на Собранието, Џафери, барањата...

Петиција од општините од Источна Македонија за нов датум за локални избори

Градоначалниците на општините од Источна Македонија преку петиција бараат Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) да поведе изменување на Изборниот законик за да се поместат локалните избори. Според градоначалниците, со измените ќе може да се овозможи нормално и законско функционирање на општините. Во спротивно, по 15 мај, сите нивните активности престануваат. Тие наведуваат дека без измените, нема да може да...

Членовите на ДИК се сретнаа со претставници на ЗЕЛС и на невладиниот сектор

Членовите на Државната изборна комисија во изминатите два дена се сретнале со претставници на невладините организации и на Заедницата на единиците на локалната самоуправа. На денешната средба со претставници на невладините организации во Република Македонија, членовите на ДИК разговарале за методите за унапредување на соработката и на координацијата помеѓу ДИК, како највисок изборен орган, и невладините организации, како важни чинители во изборниот процес. Вчера...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...