fbpx
Таг: Здружение на новинарите на Македонија

таг: Здружение на новинарите на Македонија

Нападната екипа на ТВ Алсат, повреден снимателот – ЗНМ бара реакција од МВР

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) бара од Министерството за внатрешни работи (МВР) да спроведе брза и ефикасна истрага за нападот што денеска се случил врз новинарска екипа на Телевизија Алсат. Како што соопштија од Здружението, за време на снимањето инсерти за промо на емисија во Старата скопска чаршија на јавна површина, сопственик на берберница во чаршијата ги нападнал снимателот...

Претставници на ЗНМ во Брисел ги пренеле барањата од неодамнешниот новинарски протест

Безбедни новинари и сниматели, крај на неказнивоста на напаѓачите врз новинарите, крај на агресивниот „ПР“ на Владата и на омаловажувачкиот однос на политичарите кон медиумските работници, итно формирање на фонд за квалитетни медиумски продукти – ова биле дел од темите што претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги истакнале за време на посетата на Европскиот парламент и...

ЗНМ: Континуиран тренд на безобразни испади на државните функционери кон новинарите

Неколку дена по последниот испад кон новинар од страна на државен функционер, повторно се соочуваме со случај каде на прашање од новинарот Сенат Зулбеари упатено до министерот за здравство Беким Сали, тој наместо одговор, од министерот добива „куса лекција“ за новинарство, реагира Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Од таму велат дека утрово во клиничката болница во Тетово, за време...

ЗНМ: Новинари спречени да известуваат од настан на кој присуствувал премиерот Ковачевски

За време на денешниот настан во кругот на фабриката „Пекабеско“ во Скопје каде бил присутен премиерот Димитар Ковачевски, новинарите Љупчо Златев и Предраг Кукиќ биле спречени да присуствуваат на настанот и да постават прашање до премиерот, соопшти Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Според информациите кои стигнале до ЗНМ, од страна на лице вработено во приватната агенција за обезбедување „РОТЕ“...

ЗНМ: Стратешките тужби за спречување на јавно учество се со цел да ги демотивираат критичките новинари

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) како обид да се обесхрабрат новинарите ја оцени приватната тужба на пратеникот и лидер на политичката партија „Левица“ Димитар Апасиев, кој тужеше новинари за „неовластено објавување на лични записи“ според член 148 од Кривичниот закон. Откако Основниот Кривичен суд во Скопје денес ја објави пресудата со која новинарите Мери Јордановска и Предраг Петровиќ се...

Условна казна затвор за автор на коментар со омраза напишан на Фејсбук-страницата на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) извести за судска пресуда во корист на здружението. Станува збор за случај кога од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук-страницата на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна...

СЕММ и ЗНМ бараат внимателност при известувањето за самоубиства

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Здружението на новинарите (ЗНМ), по повод известувањето на медиумите во врска со случаите на самоубиство ги повикуваат новинарите на почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. "Притоа, потсетуваме на член 7 од Кодексот на новинарите, според кој „новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во...

ЗНМ: Османи, евроинтегративецот, само декларативно се залага за слобода на духот

Одговарајќи на забелешките на министерот Роберт Поповски, но пред сè на вчерашниот настап на вицепремиерот Бујар Османи, кој се закани со тужби на медиуми поради пишувањата за скандалот со непрефрлање пари од ПИОМ на сметките на осигурениците во вториот пензиски столб, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) порача дека министрите треба да се воздржат од такви настапи кои може...

ЗНМ: Медиумските реформи да се вратат во „планот 18“

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ)  протестира што, како што порачаа,  владата ги избришала медиумските реформи од „планот 18“ за приоритетни реформи. „Објаснувањето на владата дека медиумските реформи ги нема во реформскиот план затоа што измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поминале владина процедура е апсолутно неприфатливо. Усвојувањето на законот за АВМУ во Собранието е...

Европските колеги ги поддржаа новинарските здруженија против измените на Изборниот законик

Европската федерација на новинарите (ЕФН) даде силна поддршка на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), кои се спротивставија на последните измени на Изборниот законик. Според измените, и во приватните медиуми ќе се спроведува платено политичко рекламирање во изборна кампања платено од државата,...

Селмани: Слободни и професионални медиуми се кислород за секоја демократија

Ве замолувам, во наредниот период во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, посветете повеќе внимание на медиумските реформи. Слободни и професионални медиуми се кислород на секоја демократија. Професионалните медиуми се најдобар лек против злоупотребите на секоја власт. Има промена во медиумите, но тие промени се далеку од тоа да бидат одржливи. Ние како новинарско здружение соработуваме и ќе...

Селмани: Полицијата да научи дека новинарите не се непријатели

Полицијата треба да научи дека новинарите, кои известуваат од протести не и се непријатели, туку исто така професионалци на службена должност, кои треба да се заштитат ако бидат нападнати од учесниците во протестот. Таа заштита ја заслужуваат согласно домашното и меѓународното право, порача претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, на работилницата во Скопје за подобрување...

ЗНМ повика да биде ослободен Зоран Божиновски

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) инсистира новинарот Зоран Божиновски да се пушти од притвор и да му се овозможи да се брани од слобода. Од здружението порачуваат дека долгиот притвор веќе не е во функција на судскиот процес, туку се претворил во своевидна казна за новинарот. „Го повикуваме обвинителот Златко Биковски да го повлече барањето за притвор, а судијата...

ЗНМ: Менаџментот на МПМ, наместо да ја реши кризата, се пресметува со новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска изрази загриженост поради опасноста „Медиа принт Македонија“ (МПМ), која поседува четири весници, еден магазин и еден интернет-портал, да оди под стечај. ОД ЗНМ велат дека намерата на сопствениците и на менаџерите на МПМ не е да ја решат кризата во компанијата, туку полека да ги згаснат весниците преку постојано отпуштање на новинарите, што,...

ЗНМ: Стрмоглав пад на медиумските слободи и влошување на состојбата на новинарите

„Владата во 2016 година ги користела сите инструменти на власта за да ја ограничи слободата на говорот и да ги контролира медиумите. Послушните медиуми ги наградува со јавни пари, додека новинарите што ја критикуваат, постојано ги напаѓа и ги изложува на разни притисоци“, порача Насер Селмани, претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). Претседателот на ЗНМ презентираше и бројки...

ЗНМ: Извештајот на „Фридом хаус“ е објективен, медиумите се силно притиснати

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска порача дека е објективен извештајот за напредокот на демократијата во светот на „Фридом хаус“, во кој  Македонија се третира како земја во развој со хибриден режим. ЗНМ посочува и дека „Фридом хаус“ тврди дека паралелното новинарско здружение отворено ги промовира ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во врска со состојбата на медиумите. - „Фридом хаус“ ги...

ЗНМ малку збунети и малку неспремни побараа ослободување на новинарот Божиновски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) смета дека Зоран Божиновски, неосновано се држи во притвор веќе 4 месеци, со цел да го спречат да не објавува нови скандали поврзани со власта, дека станува збор за политички монтиран случај, со кој се крши Европската конвенција за човекови права и бараат повлекување на обвинението против новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“. ЗНМ...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...