fbpx
Таг: Здравствен дом Скопје

таг: Здравствен дом Скопје

Продолжени договорите на медицинските сестри од Здравствен дом – Скопје, понуда за вработување и за повеќе доктори

Веќе од утре ќе им бидат продолжени договорите на медицинските сестри, кои беа ангажирани на определено време во Здравствен дом - Скопје, а чии договори за работа истекле на 31 октомври, потврди за Мета д-р Виктор Исјановски, директорот на институцијата. Како што тој информира, станува збор за четириесетина медицински сестри чии договори истекле заклучно со крајот на минатиот месец, а...

Од денеска брзи тестови за ковид-19 се прават во Скопје, пристигна и донација на 13.000 од нив

Поликлиниката „Ѓорче Петров“ е првата локација каде што граѓаните од денеска можат да се тестираат со брзите тестови за откривање на ковид-19. Граѓаните преку телефон можат да закажат тестирање во Здравствениот дом Скопје, без притоа да имаат консултација со матичен лекар. За изработката на еден од овие тестови се плаќа 1.000 денари, на граѓаните им се зема брис од...

Здравствен дом Скопје повторно воведува трета смена за магнетна резонанца во поликлиника Чаир

Здравствен дом Скопје информира дека од септември повторно се воведува трета смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир и веќе може да се закаже преку електронскиот систем МојТермин, соопштува Министерството за здравство. Од ова министерство информираат дека сите други служби на здравствениот дом функционират редовно. Продолжува редовната работа на кабинетите за дигитална мамографија во поликлиниките Букурешт и Чаир, како и...

Докторот Фазлиу ги споделува искуствата од борбата против корона вирусот во земјава

Адурим Фазлиу е млад доктор кој штотуку ја започнал својата кариера во оваа професија. Во нормална ситуација, во оваа рана фаза од кариерата, тој би требало да има поинаква рутина на работа, да ја истражува својата професија, да ги проучува најситните детали и секој ден сѐ повеќе и повеќе да се заљубува во неа, пишува „Порталб.мк“. Но, здравствената криза со...

Скопските клиники добија 13 нови амбулатни возила

Министерот за здравство Венко Филипче и директорите на Здравствен дом - Скопје, Виктор Исјановски и Бесим Кока, утрово ги промовираа новите 13 возила наменети за Поликлиниките во градот Скопје, информираат од Министерството за здравство. - 10 возила се наменети за единицата за домашно лекување, а останатите возила за секојдневно транспортирање на материјали во работните единици во Здравствениот дом - потенцираше...

Скопската Итна помош доби шест нови возила (галерија)

Министерството за здравство денеска предаде во употреба шест од 12-те нови амбулантни возила што беа набавени преку тендер во декември минатата година. Тие ќе се користат од Службата за итна медицинска помош во Здравствен дом Скопје, а другите шест ќе се предадат на здравствените домови во Струга, Дебар, Кичево, Крушево, Крива Паланка и Берово, извести „Порталб“. Министерот за здравство Венко...

Медицинските сестри немаат сигурно работно место дури ни во Итна помош

Освен физички напади, персоналот на службата за Итна медицинска помош во Македонија се соочува и со уцени, со проблемот на недостиг на униформи и имаат низок бенефициран стаж. Сите овие случаи, според една медицинска сестра вработена во Здравствен дом - Скопје, чиј идентитет е познат на редакцијата на „Порталб“, се резултат на незадоволство на граѓаните спрема службата од една...

Автомеханичарите против замената на амбулантните возила според километражата

Со цел да се избегне ситуацијата возилата на Итната медицинска помош (ИМП) во Македонија да се расипуваат секојдневно, Министерството за здравство предвидува нов правилник, според кој овие возила ќе се сервисираат и заменуваат зависно од бројот на поминати километри.  Со овој критериум на Министерството не се согласуваат автомеханичарите, бидејќи според нив, критериум за замена и сервисирање на возилата би...

Ученик од скопска гимназија заболел од туберкулоза

Ученик од трета година во средното училиште „Зеф Љуш Марку“, во скопската населба Бутел, од понеделник е на болничко лекување во Институтот за ТБЦ, откако му била дијагностицирана туберкулоза, пренесува порталот „Здравство 24“. Од Здравствен дом Скопје за порталот соопштиле дека во согласност со законските прописи, било испратено писмо до училиштето во кое било побарано соучениците на заболеното момче да...

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...